Дали некој ги има користено овие маскарите во боја на Мејбилин? Конкретно таа на тегет ме интересира, дали остава интензивна боја и какви се трепките? Досега немам во боја користено на толку фалење по нет добив желба да пробам.
Body на Мејбилајн предобра. Препорака од мене,не ги слеува, убаво ги раздвојува и издолжува трепките и навистина трае. Лесно се чисти, секој ден ја нанесувам, не се засушува, ниту лепи. Трепките се баш видливи и впечатливи.
Не ја зедов оваа бидејќи во дм имаше два вида скај и не бев сигурна која амбалажа е. А претходно ја зедов со жолта амбалажа bubble и ич не ми се допадна. Сега ја зедов панорама. И оваа не ми се допадна толку колку што е фалена. Кога ја вадам ми излегува со се трепки. А не дека ми даде којзнае каков волумен. Какви не маскари сум пробала како таа од голден роуз 3D маскара што ми ги правеше трепките убави. Никоја до сега. А ја плаќав смешни 150 ден. Не знам дали постои уште и дали е со ист квалитет.
Мене напротив ми ги слепува трепките, а имам убави и долги трепки. Џабе потрошени пари, баш се разочарав А оваа дали ја имате пробано?
И мене ме интересира за новава маскара на Loreal telescopic extensionist , ако некоја ја проба да пише. Особено ме интересира како е со вадењето. Кога ја користев Panorama маскарата многу тешко ми се вадеше дури и со масло. А врв беше признавам.
Мене ми излезе некој reel со маскарава и бев воодушевена од ефектот. Навистина така функционира? Баш е драма ефектот. И скроз ми треба нова маскара, па се мислам и за неа. Само да не е 800 денари, Лореал ретко имаат budget friendly маскари. Едит: 920 факинг денари, во Шатци. Премногу, sorry not sorry. На попуст е моментално, ама секако е висока редовната цена.
Да, да ти кажам и јас веќе ретко скоро воопшто не фрлам пари на поскапи маскари. Зошто и Есенс, Голден Роуз ми вршат работа. Овде кај мене во Грција е 19 евра
Машала ценава, ноу комент. Секако дека ме интересира и би сакала да ја пробам, ама ќе чека некој поголем попуст. Мене маскарите на Есенс премногу ми се ронат под очи и нема што не пробав, ама не бива. Со Maybelline маскарите ептен сум во љубов, а и 500 ден. ми е прифатлива цена на горна граница. Не ми се даваат премногу пари за нешто што често треба да се замени. Не чувам отворени маскари подолго од 2 месеци (преку сила некогаш да се дотурка до 3) затоа што почна многу да ми смета на окото па пазам. Значи најевтина е таму изгледа. Во Шатци беше 790 или 690, нешто така. Сега е моментот да ја стават на 40% попуст за цела Фемина да се изреди да ја проба маскарава и да кажеме дали навистина вреди или не.
Јас ја купив во Шатци вчера 690 ден, а во ДМ беше поскапа и најверојатно денес ја ставиле на попуст Ајде деновиве и ќе ја пробам
Супер, баш пиши што мислиш за маакарава кога ќе ја истестираш. Ме интересира дали е иста како обичната Телескопик маскара. Знам дека четкичките им се различни, оваа има свитката четка како лажица. А обичната Телескопик, кај мене само должина им даваше на трепките, додека со волуменот доста слабо се покажа. Новава ме интересира како стои по тоа прашање.
Денес јс зедов Лореал Панорама златната, па не знаев која е подобра гледам неколку видови, па на крај гледам и Лореал Телескопик и ниедна не зедов. Од Панорама која е најдобра, што и е разлика, гледам неколку бои црна, златна, сива, па и оние во боја што се и уште толку се збунив а некаде над 800 ден се, па да не фрлам џабе пари кажете која ви е најдобра. Утре ќе се вратам пак ќе земам некоја
Панорамата мене ми е многу поубава отколку Телескопик. Златната јас ја користам и сум задоволна ептен, Телескопикот за мој вкус не е, тенка четка има и не ми ги издолжуваше трепките воопшто, за разлика од Панорамата.
Дојдов да ја пофалам розевата маскара на флормар - longer than ever, ептен ми се допадна. Убаво ги издолжува трепките, како што имам светли и тенки, баш ми е погодена. Не се пресликува, ниту се рони а и лесно се вади.