Срце јуначко не издржа нешто кога намислам подобро веднаш да го купам отколку одложувам и на крај пак го купам Ја зедов тегет маскарата на Лореал, само што јас имам темни трепки и скоро и да не ми се познава дека е тегет а баш сакав да ми се познаваат Тие што се плави баш ќе им се познава
На влажен тупфер ставам малку масло за чистење лице. Така најлесно ми се вадат водоотпорните маскари.
Кое било од корејскиве ќе ти заврши работа. Со iunik жолтото имам вадено водоотпорна една од Есенс што многу тешко се вадеше со обична мицеларна. Beauty of Joseon исто супер вади такви маскари, само да е масло а не балм.
Ќе ја најдеш по локални продавници, парфимерии. Прашај и во nine to nine на инста ако си во Мк да си ја порачаш. Гледам Џој многу работи од Есенс од кај нив си порачува што ги нема во ДМ и на другите места. Уште една ми излегуваше на инста парфимерија со Есенс ама не ми текнува во моментот. Кога ќе ми текне ќе ја пишам. Исто ако си во Ск провери во маркетите на Кит Го, таму имат оваа линија. Кога ќе можеш стави слика која точно ти треба за некој ден можам и јас да проверам во маркетите.
Lash sensational втората ги издолжува доста, додека првата Lash sensational mascara very black ги прави густи
Дали сте задоволни од Есенс Get big lashes водоотпорната маскара, ми ја фалеше една другарка ама да видам и други мислења
дали имате користено кафеава маскара? за преку ден планирам јас да си купам, ама страв ми е да не стој лошо, имам зелени очи и сакам денски да изгледа маската посуптилно, да не бидам црнила Што мислите?
Јас само кафена и користам искрено, со ретки исклучоци. Многу посуптилно е, а дава волумен и должина на трепките. Јас ја користам на Есенс лаш принцес и е баш темно кафена. Задоволна сум исто и од другите нивни и од Catrice hyperlash. Таа е со подебела четка, зависи каква преферираш.
Да. Предобра е. Речиси идентична со обичната Скај Хај, оваа е за нијанса посува при нанесување. Исто не се размачкува и е постојана, плус прелесно се вади.
Ја донесоа конечно кај нас? јас обожавам тубинг маскари, од когс пробав други не користам ама ако е скапа ич не ја пробувам.Есенс има преубава за 259 ден или мојата омилена од Хајмиш е 810 ден