Срце јуначко не издржа нешто кога намислам подобро веднаш да го купам отколку одложувам и на крај пак го купам Ја зедов тегет маскарата на Лореал, само што јас имам темни трепки и скоро и да не ми се познава дека е тегет а баш сакав да ми се познаваат Тие што се плави баш ќе им се познава
На влажен тупфер ставам малку масло за чистење лице. Така најлесно ми се вадат водоотпорните маскари.
Кое било од корејскиве ќе ти заврши работа. Со iunik жолтото имам вадено водоотпорна една од Есенс што многу тешко се вадеше со обична мицеларна. Beauty of Joseon исто супер вади такви маскари, само да е масло а не балм.
Ќе ја најдеш по локални продавници, парфимерии. Прашај и во nine to nine на инста ако си во Мк да си ја порачаш. Гледам Џој многу работи од Есенс од кај нив си порачува што ги нема во ДМ и на другите места. Уште една ми излегуваше на инста парфимерија со Есенс ама не ми текнува во моментот. Кога ќе ми текне ќе ја пишам. Исто ако си во Ск провери во маркетите на Кит Го, таму имат оваа линија. Кога ќе можеш стави слика која точно ти треба за некој ден можам и јас да проверам во маркетите.