Мене ме интересира дали е ова оригиналното амла масло? Јас го земав одовде и точно е дека тешко мириса тешко се испира ама бојата на видетата (тик ток најчестп) е сосема поинаква од таа на ова
Девојки што ми го препорачувале викаат дека е оригиналното, ама го немам користено и немам видено состав. Баш ме интересира дали е само чисто амла масло, или е микс од повеќе масла, или пак нешто сосем трето.
Фала, се чита. Миксов некако не ми фаќа око. Мислам дека маслото од амла го има во најмал процент (штом е последно наведено од сите масла). А штом е во парафинско масло миксот, знак прашалник што количина и сооднос има од другиов микс масла. Очекував дека е микс од повеќе масла, ама мислев дека нема парафин, туку дека е баш од масла. Многу го фалат, ама според составов некако не ми личи дека ќе поттикне раст или ќе хидрира/храни. Што знам, малку ко scam ми личи. Можеби има други верзии што се баш маслени, само со амла масло внатре или микс масла ама некоја малку поприродна верзија. Како и да е, за измазнување врвови би било океј. За на скалп некако не ми фаќа око, мислам дека има подобри варијанти што ќе потхранат и скалп и влакно.
Истово и чат џпт ми го даде. Иронијата е само што поставив прашање каде можам во Скопје да најдам поквалитетно амла масло и ми го предложи Нектар а маслово од таму е... Секако нешто ми беше офф заради бојата уште коа го купив пред две години, не треба да е зелено.
Сигурно му имаат додадено и некои бои. Не ги разбирам крајните состојки со бројките, но веројатно се додадени мириси, бои, претпоставувам нешто такво. Мислам дека не ни има некое друго амла масло кај нас, само ова за жал...
@DarkStormm ова го имаш ли користено? Да ми кажеш како се користи. На врвовите да ставам и колку време да седам со него?
Баш ова и го земам. Ставаш на должина на косата(од уши надолу) пред миење и ќе ја фатиш во пунџа. Многу убаво ја храни косата. Потоа нема да се миеш со јак шампон. Измиј се со благ шампон (некој без сулфати или со sodium coco sulphate). Избегнувај постојано да користиш шампони со sodium lauryl sulphate, тоа прави го еднаш на две-три миења.
Ми требаше за поголем сјај на косата, гледав некои видеа дека давал wow ефект. Само мене многу брзо ми се мрси косава, нема ли да ми ја измрси уште толку? И како го чуваш, во фрижидер или? Шампон користам на Алверде, без сулфати. Јак и агресивен немам земено којзнае од кога. Не знам дали да терам со овој или да земам друг, исто природен на Натура Сиберика или Конопка.
Еднаш месечно баремм мораш со јак шампон. Затоа и ти се мрси. Натура сиберика користам и јас, ама одвреме на време мора и јак шампон да се употреби за да се измијат од косата остатоците од производи кои ги нанесуваме како leave in, силиконски капки, креми и спрејови за расчешлување. Нема да ја измрси повеќе, секако ќе го измиеш. Не го чувам во фрижидер, во некоја фиока ми стои, ако е во фрижидер ќе се стврдне.
Ќе си земеш пилинг за скалп на природна база, многу помага во чистење. Јас го користам на Конопка пилингот, ептен ми се погоди, има и на Натура Сиберика, ама не сум го начекала на залиха.