Пиев 10 дена дабростон за да ми предизвикаат циклус, потоа од прв ден на циклусот пијам Крицеа, контрацептивни таблети. Добив на 28ми февруари и сеуште ми трае, само е премногу намалено, понекогаш само на хартија. Дали е ова нормално или
зошто пиеш контрацептивни, а воопшто не си се информирала што се случува во твоето тело кога пиеш контрацептивни?
Контрацептивните не лечат ништо, само го ставаат доторот во ситуација да не мора да се грижи за проблемите со циклус кои ги имаш. Немаш циклус - немаш проблеми. Ако е нешто периодично кога престанеш да ги пиеш ќе има нормален циклус, ако не е пак ќе имаш проблеми. Циклус на контрацептивни не постои. Не се здебелува ѕидот на матката, не созрева јајце клетка, не добиваш менструација. Крварењето кое го имаш во деновите на празни таблети е онака без причина ставено, за да наликува на менструација. Ти не добиваш, нема што да добиеш за да ти биде обилно и се случува да крвариш во рандом периоди додека да ти се навикне телото на хормоните. И да, само една од многуте жени си што бие контрацептивни без да знае зошто ги пие и што се случува во нејзиното тело кога е на контрацептивни таблети. Среќен 8ми март.
Луѓенца да ве прашам и јас нешто... Претходниот месец ми дојде два пати, првиот пат траеше само два дена, па после две недели пак ми дојде, и еве овој месец ( еден месец после вториот пат) ми дојде и пак траеше само два дена, и многу ми е слаба менструацијата тече многу малку. Кога отидов на гинеколог, докторката рече дека немало проблем, а јас се плашам, може ли некој да сподели искуство зошто би можела се почесто послаба менструација и пократка да доаѓа? Имам 29 години но некако се плашам. Ву благодарам однапред
Да не се работи за овулација, понекогаш во овулација 2,3 дена има крвав исцедок, ако е на две недели тоа е периодот околу овулација.
Овој месец си добив редовно, на 29 дена. Се беше во ред, првите 2/3 дена обилни и со типични болки првиот ден. После трет ден нагло ми се намали, еве денес четврт ден и мноогу малку ми течи. Обично петти или шести ден ми е вака. Има простор за секирации или океј е?
Јас мислам дека немаш простор за грижа ако циклусот си бил нормален. Некогаш се случува да трае пократко, не се сите толку обилни секогаш. И мене ми се случи пред скоро, ми траеше само 5 дена (обично ми трае 7). После наредниот пак си беше долг. Ако сметаш дека ти треба стручно мислење за да бидеш помирна и да не мислиш дали имаш простор за грижа, јави се на лекар, ама мислам дека не е ништо страшно.
Каква кафена менструација? Ако си на крај на циклус нормално е. Цело време е кафена, време ти е за менструација? Уште не си отишла на гинеколог?
Никогаш не си била на гинеколог? Прв ден би требало бледо розево, ама ова искуствено, не сум гинеколог.
Кафеава крв обично значи постара крв што дошла во допир со кислород. Во овој случај мислам значи дека ѝ требало повеќе време да истечи. Нека ме поправи некој ако грешам. Но сепак консултирај се со гинеколог.
Така се јавува прв ден додека дојде, барем кај мене и на крај кога ми завршува. Редовно одам на контроли се е добро, ако ти е на мисла можеш да се консултираш со матичниот гинеколог.
Девојки добив во петокот, дури саботата убаво ми проби. Обично имам по 3 дена, па еден пауза па петиот ден пак ми протекува. Вчера цел ден немав ништо ама вечерта имав односи и после тоа видов пак ми протекло, како свежа крв. Денес пак немав цел ден и еве сега на бришење пак, се работи за две три капки ама ме мисли еве веќе утре ќе е 7 ми ден, ми се оддолжи некако. Што мислите нормално ли е?