Чекам да видам кој ден ќе сум слободна на работа па да закажам..да не се мислам од што е..Иначе фала ти за споделеното искуство.
Хелп Дали знаете што може да е бидејќи прв пат ми се случува вака. Обично ми трае 5 дена овај пат на 3 ден ми прекина немав веќе циклус. Менструацијата првиот ден болки 2 - 3 часа потоа ништо не осеќам втор ден пак има крварење но накај црн крв како за последни денови трет ден веќе ич немав. Четвртиот ден не крварев - тргнав влошки и еве сега требаше пети ден гледам флеки кафеаво - црни... Што е ова? Ме загрижи што многу малку крварев и што ми прекина па пак помалку..
фала ти за поддршката! се надевам дека си добро! Инаку да си се пофалам, откако пишав овде, после 3 4 саати си добив
Барем слушни се со матичната, пиј Ц витамин, ама 11 дена не се за занемарување, до 8 дена ок е ама повеќе што знам некако многу е. Најди време за една контрола
Јас би ти рекла да не пиеш ништо,оди да те видат да не имаш некое крварење или не дај Боже вонматерично да си бремена.
Дали некоја од вас 2-3 дрна пред да и пробие циклусот имала само како розеви-кафеави траги на хартија?
Вака, на бришење гледам бело прање и како крв малку, тоа го приметив и вчера. Не ми дојде, само на бришење гледам црвено. Дали некому му се случило истото? Се оди на гинеколог за ова?
Треба ли да ти дојде деновиве? Некогаш така пред да добијам ден два пред тоа ми се има случено, па потоа најнормално ми доаѓа менструација. Ако не треба да добиваш за брзо тогаш посети гинеколог.
Пред два дена ги завршив Примолут Нор за добивање и уште немам добиено. Имам страшни болки ко да ќе се пораѓам па изгледаат ко лажни знаци за раѓање Освен тоа де ми е ладно де топло… За колку време ќе ми олесни не се трпи веќе…сабајле немав сила да се облечам за на работа.