Па, добро се случува некогаш да закасни, сепак многу фактори може да влијаат. 7 дена каснење и не е многу, а и исцедок кафен обично значи дека набрзо ќе ти дојде. Сепак за да си мирна убаво што си закажала на гинеколог, па ќе видиш таму подетално што како.
Мене овој месец 13 дена ми касни Бременост е исклучено како опција, секогаш ми доцни ама најмногу до 7-8 дена...Овој пат навистина не знам што да мислам, дури денес почнаа болки како да имам добиено, а ништо не протекува
18 дена денес... се уште никакви знаци. И се случило ли на некоја вака? Планирам да одам на гинеколог ова недела. Веќе ептен се загрижив
Немам искуство со доцнење толку денови, но штом имаш нередовни циклуси може да имаш синдром на полицистични јајници, дисбаланс во хормоните или циста на јајниците. Оди обавезно на гинеколог, сигурно ќе направиш испитувања и ќе ти препише некоја терапија.
Правев испитување за полицистични, испадна океј се. Имам со тироидната проблем и не пијам терапија Обично ми доцни, но волку многу никогаш. Периодов сакам да одам кај друг доктор за тироидната, воопшто не сум задоволна од оваа кај што одам сега. Се надевам ќе се реши проблемот наскоро...
Тогаш сигурно заради проблемот со тироидната имаш доцнење на циклусот. Смени си гинеколог, мора терапија да примаш за да се регулира проблемот.
Денес добив менструација точно на време, ама со големи болки.Досега секогаш кога сум добивала било без болки или со најминимални болки.Денес кога добив не ми течеше многу, ама многу ме болеше долниот дел од стомакот, имав и дијареа и мала вртоглавица.За момент мислев дека ќе се онесвестам.Пиев некои лекови и прилегнав ме фаќаше дремка мислев крајот ми дојде. Што може да е причината за се ова и што да направам кога следен пат би ми се повторила ситуацијава?
Сѐ може да е причината. Истото го поминав, исто и со докторката се консултирав таа констатираше дека било нормална реакција. Ќе помине,но ти најдобро е после завршување да си посетиш гинеколог.
За болки во пмс пиете ли нешто? Обично издржливи ми се болките во пмс за споредба од кога добивам, па тогаш морам кафетин менструал да испијам ама денеска јајнициве некако ме болат ептен како прв ден добиено да ми е . Очигледно утре сигурно ќе добијам, само одамна не сум имала толку мачен пмс и мака ми дојде, па да си се пожалам.
Не пиј кафетин менструал.Не ги бива.Држи термофор или шише со топла вода, а за болки кафетин, аналгин, кетонал зависи колку те боли. Ја скоро и да неам болки во пмс, или па кичмата доле ме боли.Ама се издржува.чудно Со помин
Јас па имам проблем во плодни денови. Јајниците ме корнат ко со ножеви некој да ме боде.Некад и бледо розев исцедок имам.
Мене па кетонал ич не ми помагаат, 2ч чекав да делуваат, за тоа време умирав и си се вратив на кафетин менструал... Секој организам различно... Имам и јас така болки кога овулирам некогаш ама не се толку силни како кога имам добиено и се издржуваат сепак... Бодежи во јајници, е баш тоа.