На приватно ако одиш Систина, Ремедика ќе те фани ехо, Пап и брисеви, 7,8 000 ден. Оди кај некоја што може матична да ти биде, сето ова ќе те кошта помалку од 1000 денари.
Микробиолошки брисеви. Се земаат од цервикс (грлото на матката). Служат за да се открие дали имаш некој вирус, бактерија, габична инфекција...
Mene mi traelo sekogas 5-6 dena maks. Sega poslednava godina veke 4 den kas nemam ni tocka. Nisto strashno so tek na godinite se menuva organizmot a dobjvam redovno najredovno.
Точно, и кај мене исто. Некогаш, некој месец и хормон горе, долу да отиде, не можеме се да пратиме баш секогаш и се помести. А плус па и временските промени, топло, ладно, и толку е, еден организам на работи секогаш под саат. Проблем е ако се доцни со месеци, а докторите кажуваат дека до 10 дена доцнење и некогаш т. е еднаш до два пати годишно ако добиеме два пати во месец не е страшно. Мене не ми е проблем физичките промени пред и за време добивање, мака ми е од психичките
Сега на бришење во тоалет имав розевкаста крв, значи само на хартијата, треба тек за 7 дена да добијам, и да е за менстурација би требало и повеќе да потече, но еве нема се уште ништо, од што може да е таа крв? Немам ниту болки за пред добивање, ништо... преплашена сум, кој знае од што е оваа крв, само знам дека не е убаво да се има крв. На гинеколог бев пред 3-4 дена, ме провери со ехо, и плус некпј преглед со прст ми пеавеше за да види и јајниците дали се во ред. Ќе се полудам, каживајте совет ако била некоја во ваква ситуација.
Мене така некад ми се случувало само еднаш да имам малку како воденаста крв при бришење и не знам што би можело да биде
Мене ми се има случувано од промена на клима два-три дена да имам таков некој розевкаст исцедок и тоа пред да треба регуларно да ми почне циклусот, ама тоа било со слаб интензитет и потоа си добивам нормално на датумот на кој што треба. Можеш секако да се консултираш со гинеколог, ама јас мислам дека не е нешто страшно.
Имате ли пробано алтернативен начин за менструацијата да ви дојде порано? Искрено не би сакала да земам таблети за контрацепција и какви се не други таблети за таква намена, а имам читано дека витамин ц, магдонос, куркума... можат да индуцираат циклусот да дојде порано, но не знам во пракса колку е тоа ефикасно? Пишете ми искуства
Одма се консултирав, ми кажаа дека не е сериозно, ама јас си добив менст. денеска, итоа 7 дена порано, сепак тоа било во прашање. Не ми се случило никогаш такво нешто, ама ете сепак било менатруација. А имав промена на клима од минатиот викенд, можеби и за тоа порано ми дојде. Фала за одговорот.
Можно е и такво сценарио ете.. Мене на пример предходниов пат заради пеколниве температури (претпоставувам) ми закасни 5/6 дена и пред да добијам немав апсолутно никакви симптоми, а никогаш не ми касни и никогаш не се случило ниту еден симптом да немам пред добивање. Навистина многу фактори влијаат на циклусите, од клима, лекови, стрес и што се не...
Прво, колку порано? И јас не би ти препорачала таблети за контрацепција. Јас куркума и витамин ц на секојдневна база конзумирам и ми е редовна, така што не знам колку сум ти од помош, ама да помага. Помага и за болката исто. Само, ако го шокираш системот '' нагло'' со високи дози да знаеш дека поголема ќе ти биде болката, така да биди спремна и за тоа.
Стомак не ме заболе воопшто и ми беше чудно, дури и кога видов се исплашив. А кога ќе си вратам фил вака, сум имала ПМС скоро цела недела.
Па отприлика 2/3 дена порано од очекуваното би завршиле работа. За да не биде нагло веројатно недела дена предходно би требало да почнам да консумирам? Ма да јас вит ц си пијам и вака, иако не сум премногу редовна, ама за ова ваљда ќе треба да зголемам доза и редовност. Фала ти во секој случај.
Недела дена или неколку дена пред пожелен датум да. Можеш на пример куркума (лажичка) во чаша( 250мл) и исцеден лимон. За таблети поинаква е дозата. Само не преголеми дози. Исто внимавај ако пиеш бруфен, во комбинација со бруфен може да направи реакција(и куркумата и бруфенот се антикоагуланти).
Дали е нормално со тек на години (30 год), да се намалува и времетраење и обилност на крварење? Приметувам дека не е како порано, особено последниов пат, ме фати страв да не е климакс. А таман го регулирав, добивам на време секој месец. Нема да можам на преглед да одам во наредниве 15 дена ама па и што да прегледа?
Не знам дали е нормално, ама може да ти провери големина на јајник, на матка, пред менопауза има намалување обично, ако ништо друго ќе ти даде одговор на прашањата