Не ти е од витамините. Може и од промена на времето а и ништо не е страшно ако доцни некој ден. И јас сум со редовен циклус ама ми се случува да ми доцни. Ништо страшно.
Здраво секој месец имав редовна менстр но пред 1 месец 2,3 дена добив и така само кога се бришам крв после тоа нормално крварење, еве овој месец пак исто 3 дена само бледа крв при бришење, закажав на лекар но ако знае некој нешто нека ми пише.
Што помага за болки освен апчиња? Јас скоро секој пат кога ме боли стомаков пијам кетонал (само тој лек ми помага) и ставам топло. Дали има нешто што помага на природна база или некој природен лек? Или подобро прашање, дали постои превентива некаква за болкиве?
Повторно јас тука. Ми доцни два дена, мислам дека не е можно да сум бремена. Синоќа имав минимално кафеаво скоро невидливо кога се бришев си реков ќе дојде, но ништо нема денес. Исто 10 дена ме боли стомакот како за доаѓање. Некоја со слично искуство ?
Ако има шанси за бременост направи си тест. Симптомите за циклус и бременост се исти. Инаку кафеав исцедок јас имам пред да добијам и кога ми завршува.
Не мислам дека сум бремена. Денес повторно кафеаво имав, но не добив црвено. Ќе почекам до утре да видам. Можеби потешко пробива овој пат. Ти благодарам на одговорот.
Имам мака 10 дена ми трае де имам де немам крварење закажав на гинек ама ме јадее мисла да ли некој знае што би можело да биде ?
Здраво женски, може совет или некакво искуство? Треба да добијам баш за време на одмор. Дали постои начин да се одложи и што сте пиеле ако може? Дали самото одложување има некакви долгорочни ефекти и последици ?
Бев на лекар ми кажа водена циста ми даде капки и апчиња но ми кажа дека може и без нив да почекам да пукне.
Здраво, менструацијата ми заврши пред недела дена, сега пак имам малку крв на тоалет? Дали ви се случува ? Дали има простор од паника?
Никаде не прочитав, ти рече дека мислиш дека е можно да си бремена ако не сум разбрала погрешно Ако ти доцни не мора да значи дека си бремена, може од стрес или хормонално пореметување. Штом те боли стомак тоа е прв знак, не се секирај ќе ти дојде.