Добив пред 2 дена, денес трет. Требаше да испитам хормони, и сабалје се средувам гледам не ми течи воошто... Само дамки имам. И заминав на клиника... Што ми се случува? Почнав да пијам Алое Вера, дали њ од тоа? Дали од стрес? Дали од тоа што имам ХПВ 52? Зедов да плачам сега....
Од алое гелот 100% не е. Може од стрес или хормонски. А може и така ќе добиваш. Со тек на време се менува циклусот. Јас имав обилна сега не. Посебно последните два циклуса. Колку денови имаш циклус вообичаено? Сепак оди испитај си.
Здраво женски. Последниве неколку месеци, еве да речиме од Нова година па наваму, менструацијата почна да ми доаѓа на 26ти, 27ми ден што е значително порано бидејќи обично ми доаѓаше на 29/30/31 ден. Траење, обилност, симптоми се’ од тоа е океј каки што си било порано. Иначе имам 26 години. Има ли простор за загриженост? Редовно одам на гинеколог, последно бев баш во Јануари и се’ си беше нормално. Дали е можно ова да е последица на претрпен стрес? Имав доста нервозен период кој траеше неколку месеци. Планирам да посетам гинеколог за брзо повторно, ако ништо друго барем ехо да ми направи мада што сум сигурна дека ќе испадни нормално пошто знам дека нормален циклус трае од 21 до 35 дена.
Нормално е како одминуваат годините да се менува циклусот и во времетраење и во болка има/нема и во обилност. Не мора да значи дека има проблем, а може и да укажува дека резервите се намалуваат што е нормален природен процес во женскиот организам. И јас порано во 20тите имав 28 дневен циклус без исклучок, а потоа ми се намали на 24-25-26 дена и баш сега влегов во апликацијата да видам од кога имам податоци и да, тука некаде на 26г било кога ми се намалил. Кога почнав да се интересирам за бременост и правев испитувања, се покажа дека имам послаби резерви на јајце клетки од предвидените за моја возраст (тогаш бев 30). Тоа не ме спречи да забременам. Посети гинеколог, напрај си ехо, па и основните хормони, ако досега не си правела. Ова што го спомна со стресот исто така може да биде причина.
Здраво, би ви била многу благодарна доколку издвоите минутка за пополнување на анкетата во прилог на тема Органски влошки-женска интимна хигиена. Имајте убав ден https://docs.google.com/forms/d/e/1...pnlHbRqQLXNch2qslGWzW7z0g/viewform?usp=header
Совет за побргу да ми дојди ? ми доцни претпоставувам од премногу стрес, проверив хормони се е ок, бременост не е
Нема ништо што може да направи да добиеш. За жал постои можност да добиеш таму и ќе си носиш тампони и тоа е тоа.
Здраво , пред 13 дена имав многу големи болки во јајникот и како за добивање добив пред 3 дена , дента направив тест негативен а не сме се обидувале со маѓ ми за дете , ама имам пак болки во едната страна на јајникот и малку ми е послабо не е како вобичаено крварење па се плашам како слабо да ми е ептен а болки имам уште и пред тоа имав посебно во еден јајник
Здраво феминки ми треба совет од вас,2 месеци примав таб.јасмин и циклусот ми доагаше на 4 тиот ден од паузата,последна менструација ми беше на 20.07 и овај месец уште не ми е дојдено имам симптоми за добивање болки во долен ден на стомакот ,инаве претходно ми доагаше на 24/26/28/29 секој мњсец различни,се заштитував од бременост не свршуваше мм внатре,ми треба совет од што би можело да ми касни