А си имаше псм симптоми или не? Пошто мене веќе со денови градите и стомакот долу ниско ме болат, некогаш повеќе некогаш помалце. И многу надуено се осеќам. Не се поднесувам вака ич.
Може да е од промена на клима и разни други фактори. Мене ми доцнеа по 2-3 дена барем последниве менструации. Претходниот месец мислам беше немав ниеден симптом, ни пмс ни болка во гради ни мозолчиња. Сега овој месец се изнафрлив целата и пмс ме отепа. Лотарија дојде секој месец. И плус сеа ко за беља ми се намести на одморот в лето, се надевам пак ќе се помести. Ама ете ако ти е во мисла, направи тест за секој случај ако не ти дојди овие 3-4 дена. Но сигурно е ради промена бидејќи сепак имаш симптоми, кајдае ќе ти пробие.
Да, сите симптоми ги имав како и секогаш, градите многу ме болеа, имав акни.. Комплетно како што секогаш имам ПМС, само што ми доцнеше.
Јас денес добив после точно една недела. Ама знаев дека точно една недела ќе ми доцни и дека баш денес ќе добијам, скоро секој месец пратам со тестови за овулација за да знам кога ќе добијам да не се штрекам. Обично на 28,29 дена добивам ама се случува понекогаш да имам доцна овулација како овој месец. Мене овие тестови многу ми олеснуваат за кога ќе добијам. Точно според нив секогаш добивам. Јас сум редовна на гинеколог, се е ок. Доцни од промена на клима, стрес, настинки, вируси па и хормоните секој месец не ни се исти. Ништо страшно. Ако ти ствара паника со овие тестови секогаш ќе знаеш кога ќе добиеш. Јас да прашам што пиете за болка. Кетонал, налгезин не ми помага. Денес пукнав, цел ден во кревет го поминав еве ноќ е јас уште со болка
Што се дешава со добиеново месецов? Ми касни 4 дена а претходниот месец на 30ти ми дојде. Приметив дека на многу девојки им касни. Односи се по пс е заштитени на макс... Ама мојата луда глава одма мисли на бременост
Девојки последниве 3 месеци менструација имам само кафиаф исцедок и 2 3 капки крв и тоа точно редовен циклус но крв немам што може да е ?? Да не влегувам во менопауза скраја да е ,инаку не сум бремена
Мене ми каснеше скоро една недела и ми дојде после тоа најнормално. И мене вака исто како тебе ме фаќаја беспотребни паники за џабе. Изгледа до времето е, ептен е променливо. Не се секирај, ќе ти дојди. Пиј магнезиум, б6 и ц витамин и ставај си шише со топла вода на стомак, мене мислам дека ова ми помогна за да ми пробие.
Колку си години? Оди на гинеколог ќе ти каже кои хормони да испиташ. Не мора да значи дека е менопауза. Понекогаш ако хормоните се хаос со терапија се средува.