Да се цитирам за купаќите, одлично поминав, супер држеа и немав никакво протекување настрана, ни капка. Вториот ден не ризикував, но со нормално течење дефинитивно се одлични.
Да, можно е. Може и во пмс да се појават, а може и за време на менструација, посебно ако ти е пообилно. Јас имам во ПМС вртоглавици и главоболка.
Дали пиеш нешто за тоа? Јас не пиев ништо досега пошто во глобала немам многу болни менструации, ама сега се мислам дали да почнам да пијам нешто за вртоглавиците.
Ништо немам пиено, јаки се лековите за вртоглавици, така да не знам ниту дали ќе ти ги препишат, да видиш со доктор тоа најубаво.