Ако продолжи и утре со толкав или позасилен интензитет тогаш паничи, а вака сега не. И мене порано скоро никогаш не ми се полнела цела влошка, ама во последно време вториот ден ми е доста обилен, ама затоа другите скоро ич. Пиј ц-витамин два пати на ден. Инаку и да не ти е полна, менувај ја влошката на 2-3 часа отприлика(освен навечер нели) ако можеш, така ќе намалиш можност за развивање на бактерии особено сега во лето кога е топло.
Има скоро година ипол како добив прв пат. Досега ми доаѓаше на време секој месец. 2-3 дена покасно-порано. Ама сепак добивав како што треба. Последниот пат добив на 8 јули и бев на одмор. Значи денес сме 21 авгус. И многу ми доцни. Незнам дали е така затоа што тек 1 година има како добивам или да се консултирам со гинеколог ако мислите дека може да е нешто поозбилно.
Рано е уште за да ти е регулирана менстурацијата. Си била на одмор, таму постојано во вода, потопла клима нормално е да ти касни или па да ти дојде порано. Ако немаш односи не гледам причина да се консултираш со доктор. Ќе си чекаш, ќе си дојди
Девојќи...8 ден ми е од менструацијата и сега не ми тече крв, ниту кафеаво нели, туку нешто како темно жолто...преплашена сум, зошто ми е така? Ве молам за одговор
Па менструацијата ти е при крај. Тоа е мочка ( се извинувам на изразов. но незнам како да го наречам). 7 дена се доволни за една менструација. Значи нема од што да се плашиш. Ако веќе 9тиот ден ти се влоши ситуацијата појди на гинеколог, да не е некоја инфекција.
Може ли некој да ми објасни зошто мојот циклус никогаш не е точен, секогаш е различно, ми има идено и прерано и прекасно, веќе незнам кога да го исчекувам, страв ме е да не дојде некаде на некое непожелно место кога најмалку очекувам. Иако првиот ден не тече многу, никогаш кај мене не се знае, да немам некој проблем или е нормално, тоа што никогаш не е исто. Пример една ќе дојде полсе 20, еднаш после 28, еднаш после 30 а еднаш после 18 дена? Бев и на гинеколог тој вели дека доколку не е порано од 18 дена е во ред, и доколку не е покасно од 38 е во ред, но сепка сум исплашена, а некогаш и по два месеци ми касни и потоа пак по оваа метода, зошто е така?
Колку години имаш? Вака сеа, со тебе се е во ред во принцип. Менструацијата може секогаш да касни и да се намалува и да се зголемува во зависност од самиот организам. Како што се развиваш ти така менструацијата станува се помала. Значи јас кога прв пат во мојот живот добив имав цели 7 дена и ми течеше премногу. До ден денес ниту еднаш не ми е редовна, но добивам секој месец. 2 пати годишно добивам на 2 пати во месецот. Од 7 дена се смалив на 3 дена редовна менструација. Значи си има периоди кога на организмот му е потребно време да се развие и зајакне, да се подготви самиот за тој чекор, првиот ден кај сите е различно, кај мене ми тече многу заедно во 2риот ден до навечер и веќе 3тиот ден се намалува и немам. Мислам дека не треба да се плашиш и да немаш со месеци ( не подолго од 6 месеци ) тогаш е нормално, ти си во некој период кога морало да се прекине. Внимавај малце на исхраната и пијалоците, внесувај повеќе витамини. Менстрауција како менструација никогаш не се знае кога ќе се стабилизира, може одма а можеби и никогаш.
Здраво девојки..би сакала да знам дали има некој како мојов проблем..мене ми иди од 36 дена до 40..а денес на 30 ?? хмм дали е ова не редовна менст? а инаку пробвам да останам бремена,,ама некако тешко иде ..па ако има некој сличен проблем нека пиши поздравчеее
Девојки давајте совети, во паника сум. Последната менструација ми заврши во средата. Редовна ми е секогаш и досега сум немала проблеми. Денес после идење во тоалет на хартијата забележав крв, уствари кафеаво-црвен исцедок. Болка никаква не чувствувам во јајници. Што може да биде? Можно е да е од прелада, пошто целата сум укочена најверојатно од што спијам откриена и со отворен прозор. Па си викам од тоа да не е, а? Што да направам? Не сум во можност да одам на гинеколог. Едит. Еве сега почувствував не како болка туку повеќе како непријатност во долниов дел на стомаков.
А само на хартијата имаше крв или и во урината? Инаку можно е да е од прелада,но ако пак ти се појави крв најдобро да појдеш на лекар.
Не во урината, само на хартијата. Не сум во можност да одам на гинеколог, зошто сум надвор од градот. Друго некое чаре? Фала.
Епа мислам дека не би требало да биде нешто страшно.Штом имало крв само на хартијата можно е да се работи за прелада. Инаку друго чаре нема...ако во наредниве денови повторно забележиш крв ќе мораш да посетиш гинеколог.
Ако немаш крв во урината,тогаш е прелада,и самата кажа дека спиеш откриена и со отворена врата,па јајниците се бунат сега.Стави крпа со топла вода на делот кај јајниците,држи ја подолго време ,така неколку пати во неделата.ЌЕ помини самото ќе видиш
Фала многу, ми олесна малку. А бе по ова нетов ќе прочиташ све и свашта и одма после тоа паника. Ај ќе видиме што ќе биде, па ако не дај Боже не помине, ќе барам овде гинеколог.
Eпа вака, си имам најнормална менструација само некогаш пред да добијам ми тече кафеаво ама тоа додека да ми пробие два до три дена и после тоа добивам, но овој месец имав болки исто како да ке добијам ама веќе 4 дена ми тече само кафеаво, па сакав да прашам дали е можно тоа да ми е од тоа што бев на одмор и сменив клима и дали му се има случено на некој ова?
Можно е да е од климата, јас коа се вратив од одмор, ми доцнеше, после 15 дена ми дојде А инаку тоа дека ти тече кафеаво неколку дена, нормално е. И мене ми се има случено истото, гиникологот ми кажа дека е тоа чистење на крвта, нормално, не се секирај
ПОМАГАЈТЕ Јас имам менструација беќе 8 дена и никако да ми се намали. Првите 4 дена имав многу малку и дури за момент мислам дека ми престанала и се избањав. И следната ден почна повеќе да ми тече. Незнам што да правам исплашена сум. А имама многу нередовна менструација ми немаше дојдено 4 месеци.. Кога ми дојде во Април имав добра менструација не ми траеше долго. Исто така во Ноември (2011) ми течеше 13 дена и бев на гинеколог но тој ми кажа дека нема потреба од загриженост ова она. Ми даде да пијам апчиња Јасмин. Мене ми престана и јас не ги земав да пијам. Еве сега повторно ми се случува истото и сум многу загрижена помагајте кажете ми има ли некои апчиња кои можам да ги земам на своја рака. МНОГУ СУМ ИСПЛАШЕНА (заборавив да напишам имам 15 години)
^ Мислам дека нема место за паника додека да се стабилизира менструацијата треба време. Мене кога прв пат ми дојде беше Јануари не ми текнува која година. И ми траеше кога по 10 дена, кога по 2-3. Па цело лето 3 месеци не ми дојде, значи нема потреба од секирација нормално е. Сепак ако толку си загрижена оди на гениколог.
Зошто ми се намалила менструацијата,денес ми дојде и не ми тече крв, темно кафеаво само истече и сега веќе нема ништо.Страв ми е незнам што да правам,инаку имам односи со дечко ми.Што да правам?