Синоќа кога бев по ВЦ кога се избришав имав како една жичка крв помешана со белото прање и си велам ми дошло, а треба денес да добијам...Но сега сабајле нема ништо само нешто проѕирно ми тече...Се преплашив...Многу се исплашив да не е нешто друго...А ме заболе стомакот како да сум добила
Сакам нешто да ве прашам девојки, последната менструација ми беше на средината на Јуни (не знам точно која дата но знам дека беше на средината на месецот) и вчера пак ми дојде, а нема поминато ни 20 дена,што мислите за ова дали е нормално ??
Најчесто тоа е нормално..некогаш ке ти касни некогаш ке ти порани... Најдобро е да посетиш гиниколог..
Сакам да ве прашам. Што ако ви дојде менструација додека сте на летен одмор?? Се капите ли во водата??
ми доцни повеќе од 10 дена а не сум бремена се тестирав.што може да се причини?п.с 2 недели минатиот месец доцнев со Дијане -35,дали може тоа да ми преставува проблем?
да може треба да правиш пауза извесно време и тие се опасни колку што знам две девојчиња во франција починаа од тие апчиња,консултирај се со гинеколог за нив.а може да ти доцни од стрес ,возбуда ,промена на клима некое хормонално пореметување и од ова лудо време и мене ми доцнеше 10 дена не секирај се ќе биде се во ред позз
Сакам да прашам дали може од земање таблети за слабеење да се поремети месечниот циклус,имено земав Slimline Acai Berry, но испив само 8 таблети од вкупно 36, бидејќи почнав да чувствувам болка во градата а сега и ми доцни мензисот повеќе од недела ипол што не е баш вообичаено за мене. Ве молам за одговор, бидејќи почнав сериозно да се грижам !
Незнам дали прашањево ми е соодветно на темава...ама неможев ниту една друга поблиска да најдам од оваа. Инаку се работи за мали подкожни грутки, топчиња сто ми се јавуваат под пазувите неколку пати до сега и тоа се пред менструација...тоа е и една од причините поради која прашањево го сместив тука. Грутките се тврди на допир ,може да се примети црвенило однадвор и се задржуваат неколку дена и потоа се повлекуваат ...Болки некакви немам, а менструацијата си е нормална како и до сега. Дали некоја од вас имала ваков проблем до сега? ете немора да е поврзано со менструација како што јас си го поврзав ама сепак дали некогаш ви се појавиле?
Требаше да ми дојде на 10 а ми дојде денеска на 15 а нареден месец на 15 би требало да отидам на одмор Значи прашањево ми е како да ми дојде порано нареден месец ? Сакам да ми дојде порано кај 8-9 и до 15 таман ќе ми заврши, но како ?
Постојат инјекции за порано да дојде мензисот, но не се препорачуваат многу на млади бидејќи се хормонски, но постојат таблети кои можат да го задоцнат, Ендометрил, меѓутоа подобро е да се советуваш со гинеколог
Грутките се нормална појава за време на менструација,и се појавуваат кај сите, кај некој помалку изразени кај некој повеќе, се е индивидуално,меѓутоа ако премногу те загрижуваат консултирај се со доктор
Девојки сум слушала дека се пиело чај од коприва мислам ако ти касни менстуацијата,или ако не ти иде редовно незнам си што. Имате ли некој искуство со пиење на вакво чај? Фала ви однапред.
Вака сакам да прашам што би можело да биде причината за менструацијата да биде во мал интензитет, ептен малку имам - дали има некој вакво искуство?
utre odam na edno dnevna za grcija a denes mi dojde menstruacijata a sakam da se banjam aj ve molam pomos :/ vidov na net nekoe devojce pod kupakie si oblekla gaki i uloska i nisto ne i bidnalo nitu i se poznavaala uloskata dali i jas taka da napravam pomoos
Според мене не би ти успеало ова, ти кога ке влезеш во вода секако дека и улошката ке се наполни цела со вода , тоа би можело да успее ако си при крај на мензисот (но тогаш не ни мора улошка да се става) а штом ти е 1-2 ден тешко и кога ке излезеш освен вода што ке тече по нозете ке тече и крв
Вака единствено можеш да се сончаш, а влегување во вода со втор ден од мензис не е баш практично, освен да ставиш тампон.