Кои влошки според вас најмногу абсорбираат и даваат чувство на сувост? Имам обилни циклуси и до сега никако да ми се погодат влошки, постојано ми е мокро или ми протекува и прави флеки.
^ Мене многу ми се погодени EveryDay ноќните. Исто и Виолета ги користев доста време. Инаку, колку пакетчиња влошки е нормално да се користат? Ова прашање ми го има поставено и гинекологот. До тогаш не обрнував многу внимание на тоа колку влошки трошам но нели ме праша сигурно е важно.
Мене гинекологот ми има кажано дека ако полнам една влошка за помалку од 3 часа, дека е многу. А мене ми се случува често да полнам и за саат ипол. Тогаш или пијам метилергомертил или на инекција за сопирање.
Zdravo,moje IME je paulina.Imam neki problème si mestrualniot ciklus.prethodniot mesec dobiv na samo dva dena,a ovoj mesec voopsto ne.sami malo me obelezi éden d'en i voopsto nemase poveke..
Овај месец менстρуацијата ми дојде на 12 дена. Од што може ваκа? Сеκогаш ми иди поρано ама овај пат нема цели две недели..
Незнам дали тука ми припаѓа прашањето но сепак да пишам. Добив менструација последен пат на 11 јули, а еве сега овој месец сеуште немам добиено а требаше да добијам на 8-9. Но на 1 овој месец имав како кафеаво кога се бришев и не беше обилно и треаше 4-5 дена и потоа го снема(но не беше циклус сигурно) после тоа една недела немав ништо и пак ми се појави како кафеаво и ми траеше 2 дена. Менструацијата ми беше редовна со исклучок на последните 5-6 месеци ми се има десено да ми доцни. Ке може ли да ми каже некој дали имал сличен проблем и од што би можело да е? Треба да одам на гинеколог на почеток на септември имам закажано но сепак сакав да е прашам да не случајно знаете нешто. Поздрав
Вака... веќе 5 дена ми доцни и незнам што може да биди. Правам нутриционистичка диета веќе 2 месеци и првиот пат кога правев диета, кога ја почнав ми задоцни 4 дена. А сега имав симптоми како пред да ми дојде значи подуеност на стомакот и болни гради но сега веќе тоа исчезна а јас уште не добив :/ од диетата е или нешто друго може да биде? ве молам за помош :/
прерана менструација Здраво. Имам проблем. На 13 август ми дојде менструација, значи нормално редовна како и секој месец . но од сега во скоро време почнав да имам односи. За време на менструацијата 3тиот ден имав односи под туш, и последниот односно 4-5 ден имав со кондом.. потоа пак си имав односи нормално и за секој случај на 20 зедов апче за ден потоа и вчера на 26 пак ми дојде менструација.два пати у месецо. прочитав дека од тоа апче можно е да дојде порано менструација. Или пак тоа има врска оти денес ми е ден на овулацијата, а многу не ги разбирам тие работии и не ми е јасно до што мозе да е. Дали му се има на некој случено вака, мене никогаш порано ми нема дојдено толку рано менструација. Планирам за секој случај да идам на гениколог да се проверам, само незнам сега да идам оти имам менструација дали ке ме прегледат ???
прерана менструација Додека имаш менструација не се оди на гинеколог. А иначе од норлево може да ти дојде порано менструација, ништо страшно си варира менструацијата. Секоја жена просечно еднаш годишно добива по 2 пати во месецот. Не мора да се сексуални односи во прашање, може да се и стресови и нервози, а може и од времето. А норлево не се пие на своја рака. Норлево се пие ако си сигурна дека свршил во тебе и се пие по односот. Незнам зошто пиете апчиња без потреба, пред да се информирате. Норлево дека е за контрацепција ама и е многу штетно. Така да, тоа е тоа.
прерана менструација Чекај, чекај малце. Како тоа си земала Норлево за секој случај? Не е бонбона тоа па, за секој случај да се зема. Имаш други контрацептивни средства ( кондоми, анти беби пилули), Норлево во краен случај се зема. Сега каша- попара хормоните, не се чуди 2 пати што си добила во еден месец. И на гИнеколог се иде. Не знам како тоа имате односи, ама благе везе немате од ’’ тие работи ’’. :roll:
Прв пат ми се дешава вака, а на сред испитна сесија сум во друг град, и немам време ( а немам ни каде ) да трчам по доктори. Вчера добив, навреме, точно до денот. Арно ама сношти почна многу да ме боли главата и да ми се лоши, како да ме тера нешто на повраќање. Исто на моменти осеќав и налив на топлина. Мерев температура ама се беше нормално. Легнав да спијам и верувајте цела вечер бев полу будна, многу немирно спиев. Еве сега исто ми се лоши, ама имам и тапи болки во пределот под папокот. Да напоменам дека како за втор ден имам многу малку крв, скоро па ич. Некој со искуство или совет?
еве мене денес ми е трет ден и премногу ме измачува... и јас осеќам жештина а немам температура и ми се лоши а мерев притисок многу ми е паднат... 90 со 65 ... и од времето е најмногу а и нормално е при менструација вака да е. ќе помини нема гајле
Одненадеж ми се прекина менструацијата - обично ми трае 6-7 дена, никогаш помалку, а сега на вториот ден јас снема скрос ни трага ни глас А почнав да пијам антибиотици доксицилин (ми најдоа ешерихија коли кога бев на гинеколог, симптоми немав), исто веќе два дена зошто гинекологот ми рече да почнам кога ќе добијам (треба уште .. Е сега се чудам дали е возможно од антибиотиците да ми прекине нагло? Или тие работи не може да се поврзани Теоретски шанси да сум бремена има многу мали, ама ако е тоа ми е страв да не си уништам нешто со пиењето на апчињата?
Последниве неколку месеци добивам порано 4-5 дена и се така..сега веќе на 20 дена ми доаѓа а како тргнало не дај боже и уште порано.Пред тоа некаде до март секогаш добивав на 28-29 дена може на истиот датум или ден порано да се случи да добијам ама волку да подранува не ми се случило,се плашам да не нешто не е во ред.Некое мислење?
Сличен проблем имам и јас .На почетокот ми идеше 3 до 5 дена порано ама овој пат ми иде скоро две недели по завршувањето .Ми заврши на 25 август денеска еве го пак ми дојде ! Некој совет и мислење зошто вака ми се поремети циклусот а до пред два месеца ми идеше на точни 28 дена
Имав менструација и ми траеше три дена. Веќе четвртиот ден немаше ништо. Потоа, на физичко вежбав, бев активна, и кога се вратив видов дека повторно имам. Дали тоа е нормално?
И кај мене е исто цел живот, ама немало никаков проблем. Не се загрижувајте, таа неканета гостинка си иде кога си сака. Ако ти завршила на 25 и 5 дена да имаш си добила на 20, што значи сега ти дошла на 23 дена ОК е тоа. Мене во годината барем 2 пати ми иде на 15 дена.