Јас направив два теста Sure Chek и двата негативни точно три недели поминаа од ризичниот однос, а немав никакво крварење да наликува на имплантација
Па не мора да има крварење јас колку што сум запознаена по имплантација... затоа направи си лабораториски преку крв и осигурај се...а исто ако си пиела многу вода пред тестовите може да ти покажува негативен... не знам Ани што друго да кажам
Ве молам за совет, ми касни веќе 5 дена,со дечко ми цел месец не сме имале односи, последен пат беше на 3 ти овој месец но беше заштитен, незнам од што може да ми е многу се засекирав, инаку и патував претходниот месец па помислив и од тоа да не е? што мислите?
Во слична ситуација сум,само што ми дојде на време и многу малце така си тече вентилов и каференгија е некојпат бојата,па после е црвенкапа ако ме разбираш.И изгледа како да ми е при крај,а пред 2-3 дена стигна гостинкава.Истото прашање како на панк грл:Дали има простор за паника и дали се е во ред?
Сигурно ти е од стрес и од што си напната да ти дојди побрзо и не иди Опушти се, чим се било негативно значи немаш ништо не се секирај
http://www.toc.rs/?q=baza-znanja/presemena-tečnost-semena-tečnost-sperma и на Гугл прочепкај да не ти ги праќам сите линкови
Имaм прегoлеми бoлки кoгa ќе дoбијaм, плaчaм, липтaм не знaм кaкo ги издржувaм првите 3-4 денa ..Не знaм дaли дa oдaм нa гинекoлoг, никaд не сум билa,не знaм дaли зa oвa се oди
Јас бев пред некој месец имав сташни болки и докторката ми рече нормално било да се има болки и ќе траеле или ќе се намалеле се додека да се породиме Мене ми препорача да пијам чај од коприва и кафетин менструал чим не можам да ги дотрпам.
Последните 5-6 менстурации некако немам болки, само мачнини додека да ми дојде и кога ќе ми дојде немам ни болки ни ништо, а и многу малку ми тече и тоа самокафеаво, крв не баш. Можно е да е на нервна база? Инаку ми е нередовна менструацијата.
Многу почна да ме нервира оваа нередовност на менстурацијата. Нит сум сексуално активна, ниту пак сум имала односи. Порано имав ептен нередовна, после ми се стабилизира ок - се дешаваше некогаш да касне по една недела,ама сега веќе немам добиено од мај. Искрено ми е загрижувачки. Во периодот кога требаше да добијам чуствував огромни болки.... ептен ми е.. не знам. Ниту сум под стрес периодов,ниту пак сум пиела некои посебни антибиотици, ниту пак сум била некаде па да биде како последица на промена на клима. Е освен ако има врска тоа што околу 2 недели во мај пиев лоратадин,ма да мислам дека нема врска.
@Anna-Banana И јас имам нередовна менстр, знае да ми касни 2-3 недели, правев пап тест ко демек во ред е Често знае да се регулира менструацијата после секуален однос Сепак оди на гинеколог