Се дешава да имаш како грчеви во стомак и во ПМС, сум ги имала ништо страшно. Да не делува како менструална болка ама се добиваат. Јас имав пред два дена како грч и минува..
Дали и некоја друга добива на 33 до 40 дена, најчесто околу 36? 10 години како имам менструација, неколку пати се има случено да ми доаѓа нормално (пак на многу денови ама секој месец исто) ама генерално ми варира и никогаш не можам да си го пратам циклусот ниту да проценам овулација календарски. Физички знам да проценам кога ми е, ама се случува да ги имам симптомите со размак од една недела.. За болки муабет да не правиме
што е овој период во врска со менструацијата кај сите нас ваков.ДА, и јас често пати имам така,но овој пат навистина премногу сум загрижена,ниту до сега сум имала вакво нешто од првиот пат кога сум добила.
Од промената на времето највеќе, а и од стресни ситуации..мислам дека овој период е најлош кај сите. Јас имам редовна менструација и секогаш знам кога ми доаѓа, и ден, датум си водам евиденција секогаш. Ми доаѓа обично на 5 дена порано од претходната, некогаш на три,ама ретко. Пример сум имала на 4 јуни, па на 30..е сега не ми дојде на 30 денес добив на 3ти. Претходните години знаело и три месеца по ред на исти датум да добијам. Така да секогаш знам одприлика кога имам. И за грчевите и јас ги немав порано, ама некогаш на два месеца знам последните два-три дена да добијам во ПМС..ама ништо страшно.
Нормално е, исто е и кај мене. 17 години имам циклус, дали 3 пати сум добила на 28 дена. Од 31 до 35, кога сум под стрес или настината, знае и на 40 да дојде. Болки исто големи. Само кетонал ми е спас.
Една недела или 4 дена пред да ми дојде. Али сум ужас невиден, ми се гади, се ме нервира, ме болат на моменти јајници, ми се врти понекогаш, грчеви имам во стомак.. А кога правев пауза од вежбање, ми се јавуваа 12 дена пред да ми дојде...тогаш УЖАС страшен..
Пред неколку месеци кога ми дојде бев во купатило и наеднаш ми дојде нагон за повраќање ама тоа кога не можеш да повраќаш туку само ти е тешко. Цалата пребледев и не гледав ништо. Ми се стемни и тоа траеше околу 20 секунди. Многу се исплашив потоа видов дека во тој момент ми дошло. Значи може на секој начин да дојде за жал.
Секој месец различно ама најчесто немам болки пред менструација можеби некогаш ден два пред но најчесто за време на менструација се болките кај мене.