Мене пред 10 години кога ми дојде страшно ме болеше мешето. Ден денес не сум се напила апче (мајками ми викаше ако пијам од мала после нема да делуваат) сега имам болки само 2 и 3 ден од менструација. Решение:обидете се да мирувате, не се напнувајте и карајте. Лежам и се релаксирам. Ако се напнам почнуваат и болките. И нема потреба од апче се е од главата. Ако си испил ќе мине ако не си испил не минувало. Како одма минува апчето додека да стаса до организмот па да делува 1 саат му треба. Не е тоа директ во крв да оди да те смирува. И гради ме болат од време на време секогаш различно пред да ми дојде околу 3 4 дена.
Веќе неколку дена ми касни циклусот. Бидејќи бременост не е сигурно бидејќи не сум сексуално активна и никогаш не сум била, паметот ми оди на тоа што овој период наместо преку ден почнав ноќе да учам, а учев денски и ми се поремети начинот на кон функционирав па да е од стрес бидејќи сега е и испитна сесија. Веќе една недела секој ден се чувствувам како што иначе се чувствувам денот пред да имам менструација и имам тапи болки во долниот дел од стомакот. Иначе на 22 дена регуларно ми доаѓаше до сега освен последниве месеци кога почна да ми варира од 5 дена ми се намали на 4 дена па на 3 па на два дена да ми трае неколку месеци така по два дена и сега ич немам овој месец.
Здраво девојки. Итно ми треба ваш совет. Имам 17 години и првата менструација ја добив на 15. Минатото лето, јуни, јули, август ми каснеше. Бев на лекар по што ми рече дека е од исхраната и ми даде апчиња (заборавив какви беа) 10 дена да ги пијам сабајле и навечер на 12 часа. Кога ги испив веднаш ми дојде менструацијата. Потоа во ноември ми се случи истото но почекав и си дојде само, без апчиња. Оваа година за прв пат имав однос во мојот живот на 17 мај. И одтогаш сум сексуално активна со дечко ми. Последен пат ми дојде на 16 јуни се до 22 јуни. Имав однос со дечкоми на 7 јули 3 пати. Првиот и вториот пат со кондом, но третиот без. Еве требаше да ми дојде на 14 јули и сеупте ништо. 5 дена доцни. Третиот пат беше така на брзинка и тој никаде не сврши ниту во мене ниту надвор. Овие денови го прашав 100 пати да не случајно, но се колни дека не сторил ништо. Можно ли е да сум бремена..
Дајте веќе еднаш едуцирајте се околу оваа работа. А зошто третиот пат морало без кондом, или му се сакало...ако сте немале кондом, немало потреба да имате. Па и три у една...
Не мора да значи дека си бремена, нормално е да доцни понекогаш, особено летно време вака, жешко е многу, на сите се случува, но не треба ни да се исклучи можноста за бременост. Не сакам да те плашам, но со оглед на тоа што односот бил без заштита, нормално е дека има шанса и да дошло до забременување.
Мислам дека е добро да си направиш тест, ама сепак нека кажат повозрасните членки, повеќе совети би можеле да ти дадат тие.
Дали е можно после плодни денови да добиеш? Вчера ми завршија, а денес гледам убаво крварење имам. Знам дека не е нормално. Но, што може да биде? Дури чекам термин сакам да слушнам мислење, се истресив.
Исто ти изгледа како регуларна менструација? Јас обично имам крварење за време на плодни денови,не е толку обилно како менструација, и ги немам менструалните болки, па така сум сигурна дека не сум добила. Можеби ти е од плодните денови, пример да ти се покасно овој месец, па поради тоа да крвариш. Како и да е, ако е поради нив не е ништо страшно. Сепак отиди си на лекар, ќе ти направи контрола и ќе знаеш што се случува.
Не верувам дека си трудна. А, и да си крварење воопшто не е добар показател. Купи си тест. Јас сепак мислам дека ти подранила менструацијата.
Може да крвариш ако си бремена во било кој дел од бременоста. Не е тоа менструација, тоа е крварење во бременост. Ама веројатно ти дошло порано од што требало