За 8 дена треба да добијам и градиве ми се потечени и болат на допир, до сега не ми биле вака. Ви се случувало вакво нешто пред добивање?
Здраво. Последните три менструации ми се на 9 и 10 дена. Две на 9 и една на 10 дена. Односно 9 и 10 дена по завршувањето нa претходната. Дали некоја имала ваков проблем?
Дали ти е исто крварењето секој пат? Ми дојде на ум дека е возможно да крвариш поради плодни денови, но крварењето е значително помало од менструација. Доколку си сигурна дека е менструација, тогаш посети гинеколог.
Тогаш најверојатно ти е поради плодните денови, и мене ми се случува често, нормално е. Прати го, не треба да е премногу количински (како менструација), и не би требало да имаш големи болки (како менстуралните). Доколку има некоја промена која ти е сомнителна, консултирај се со гинеколог.
Би тρебало да посетиш гинеκолог. Сепаκ, пеρиодот од 9-10 дена е пρемногу κρатоκ. Ќе ти даде постρучно мислење и можеби неκои леκови. Поздρав.
Здраво. Некој нека каже ако знае, каков чај можам да пијам за побрзо да ми дојде менструацијата, наредната недела на 16ти треба да одам на базент ама некаде околу 13ти или 14ти треба да ми дојде пошто секогаш тогаш ми доаѓа па кажете некаков природен чај што можам да пијам за оваа недела да ми дојде, утре ќе купам чај од камилица а прочитав дека и чај од магдонос помага па споделете нешто ако знаете што да конзумирам.
Има ли некоја искуство со многу слаба менструација? Последните 4-5 месеци крварењето ми е многу слабо. Никогаш не сум имала обилни циклуси, да морам да менувам често влошки или да претече, ама овие неколку циклуси, може глупаво ќе звучи напишаното, но влошката е скоро бела, една тенка линија низ неа. Кога одам во тоалет, истекува нешто, инаку не. Ќе одам пак на гинеколог, бев пред 3 месеци, немаше цисти/тумори, уреден ПАП. Читав по нет дека оваа состојба се викала хипоменореја, може да е предизвикана од хормонски проблеми, слаба слузокожа на матката која не се доволно обновува/задебелува во текот на циклусот( што може да е проблем при забременување), цисти, тумори или рана менопауза. Навистина сум исплашена, мислев месец-два, ама си тера ова.
Со чај нема да контролираш доаѓање на менструација. Пробај со тампон или сончај се на 16ти. Освен ако не се случи случајно да ти задоцни.
Епа, искрено не знам како да ти го сфатам коментарот. Прашав за мислење или искуство, а не дали ќе купувам влошки. Тоа е најмал проблем за коментар и морав да пишам така за да ја објаснам ситуацијата. Ако знае некоја или минала слично нешто, ве молам за коментар додека направам нов преглед.
Промени во исхраната ако имаш некои, да си смалила на масти. Можно е и стресот од ситуацијата да те "дотепал". Во секој случај со гинеколог најубаво да зборуваш, ама веројатно не е ништо сериозно.