Најпрво, отиди уште утре кај гинекологот и побарај си упат да провериш хормони. Сите репродуктивни, сите андрогени, инсулин, кортисол и тиреоида. На Гак оваа анализа е помалку од 500 ден. Почни од тука, види хормоните што ќе покажат. Исто, направи и стандард крвна анализа, онаа со упат од матичен лекар што е. едит- хормоните се проверуваат на 3ти ден добиено.
Направи тоа што ти кажа @Nausicaa за да спиеш мирно,иако јас мислам дека ништо не ти е,нормално е да трае 3-7 дена кај сите различно.
И мене ми се случува последниве месеци истото. Скоро па секогаш до сега траеше ми менструацијата 5 дена со 3 од нив крварење онака да менувам три пати на ден улошка речиси полна, па ми се намали на 4 дена па на три па на два и сега едвај два дена ми трае и тоа како што викаш бледо, како да не е менструација. Кај мене мислам дека е од стрес тоа последниве месеци ми беа ептен стресни и напорни. Јас почнав да пијам еден чај кој ми го препорачаа за ваков проблем па ќе видам од овој месец дали ќе имам некоја промена од чајот не би сакала да пијам апчиња јас освен ако не морам.
И мене во последните два месеци ми е некако пооскудна. Ми траеше 5 дена, а сега веќе на 4тиот имам многу малку. Хормоните ми се во ред. проверив минтиот месец. Гинеколог вели дека се сметало за нормално. Но незнам која би била причината за да се скрати менстуацијата од 5 на 4 дена, и да биде пооскудна.
Јас кога добив прв пат имав по 6-7 дена, па со текот на годините се намалуваше. Сега имам до 3 најмногу 4 дена,првиот и вториот ден ми е најобилна и после се намалува. Така да, не е страшно да е помала во денови,важно е да добиваш.
И мене како на членката подоле со текот на годините ми се намалуваше. Првите два дена е обилно, после е многу малце. Од 7 дена и мене ми се намали на 3-4.
Dali e mozhno pospanost i vrtoglavica da se simptomi za pms Po cel den spijam, voopshto nemam energija
До сега секогаш сум имала редовна менструација, но сега веќе неколку дена ми касни и во паника сум. Од што може да касни? Од стрес да речеме, ама па не сум се нервирала баш периодов..