1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Месечарење

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од maa, 30 септември 2010.

  1. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Значи пребарав по форумот и ненајдов ваква тема.Имам голем проблем.Мојата помала сестричка кога се раѓа месечината станува од спиење и што сонува тоа прави.Сонува дека оди на училиште,дека си игра со другарките,дека гледа цртан филм и слични работи кои ги прави во текот на денот.И кога ке ја прашам каде ке оди таа вели дека ке оди(на пример)на училиште и дека ја чекаат другарките...Се плашам многу за нејзе,тој период воопшто и не спијам.Кажете ми ве молам дали знаете некој што има ваков проблем или дали сте слушнале нешто што помага...
    Однапред фала.
     
  2. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    20
    Вака и јас го имам истиот проблем и јас месеЧарам.Кога сестрати е во таква состојба не зборувај и или не будија зосто можес да ја испласис или да се слуци несто по страсно само фатија за рака и вратија во кревет.Еднас братми ме разбуди кога месеЧарев а јас бев на скалите да спагам надолу (сигорно ке сум одела надвор) и за малку ке паднев братми ме уфати некако.
     
  3. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    И на мене ми се случуваше тоа, кога имав 11-13 години, не знам колку години е сестра ти но имам слушнато дека во овој период се случува тоа кај некои деца а потоа прекинува. После долго време ми се нема случено да месечарам и се надевам дека нема.
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Луѓе како бе така? Како влијае месечината? не ми е јасно... Знае ли некој да го објасни тоа?
     
    На lovee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Нормално дека месечината има врска со нашето тело. Исто и со нашиот циклус, фазите на месечината траат 28 дена. :) И планетите делуваат на нас, затоа не треба да се занемари хороскопот. Ние сме дел од космосот, и делуваме како магнет на него, и привлекуваме лоши и добри работи, во завиност од тоа што сме посакувале. :) Еве најдов и еден интересен податок за месечината.
    Месечината е наше најблиско небесно тело, но дали некогаш сте се запрашале какво е нејзиното влијание врз нашите животи...
    Повеќето луѓе се цврсто уверени дека полната Месечина има некое влијание врз нив и тогаш поинаку се чувствуваат. Таа промена ја чувствуваат преку нивната психичка нестабилност, зголемената емотивност и несоница. Можат да се јават и проблеми со срцето, интензивни главоболки, потешкотии со циркулацијата и некои други здравствени проблеми. Жените и болните луѓе, со поголем интензитет ја чувствуваат полната месечина за разлика од мажите. Бидејќи месечевите фази (кои траат 28 дена) се во корелација со менструалниот циклус кај жените (исто 28 дена), Месечината одсекогаш се сметала за симбол на жената, мајчинството. Кога Месечината на небото е со полн сјај, тогаш највеќе влијае на психичката состојба кај жените кои тогаш можат да почувствуваат зголемена емотивност , нервна напнатост, неконтролирани реакции, склоност кон депресија, меланхолично расположение или претерана агресивност. Тогаш жените тешко ги контролираат чувствата, емотивните реакции се прејаки, ранливи се, лесно можат да се вознемират и бурно да реагираат и за најмала ситница. Месечината влијае врз течностите во телото на жената, менструалниот циклус, бременоста, раѓањето на деца, менопауза и психичка смрт. За време на полна Месечина забележан е и зголемен број на породувања во здравствените установи.
    Познато е дека месечарите во фаза на полна месечина одат во сонот, раните појако крварат, а лековитите билки кои се собрани во тој период имаат најјако дејство. На денот на полна месечина и три дена пред тоа, не е добро да се примаат вакцини, а овој период е лош и за заздравување после операциониот зафат. Досега е забележано во здравствените и психијатриските установи, како и во полициските извештаи, па дури спроведени се и голем број на истражувања кои само ги потврдувале промените и различните однесувања кај луѓето за време на полна месечина. Значајни се и статистичките податоци кои јасно говорат за зголемениот број на насилни случаи и различните облици на криминални активности за време на овој период. Истражувачите немаат научно објаснување за ваквата појава. Податоците исто така покажуваат и на значајно зголемениот број на луѓе кои што биле нападнати од животни исто за време на полна месечина.
    Оваа “планета“ е познато дека има големо влијание на растенијата, животните и човекот, т.е. на различните промени и појави кои се случуваат на Земјата. Познато е и дека Месечината заедно со Сонцето ја предизвикуваат плимата и осеката, во морињата и океаните, го подигаат и спуштаат нивото на водата. Исто така Месечината делува и на крвотокот, концентрацијата и нивото на вода или течности во организмот на човекот, како и на психичката и душевната состојба кај човекот, посебно на неговиот сон и на неговата неврофизиолошка структура. Месечината управува и со подземните удари (поместувањата), временските услови и репродуктивниот циклус на сите организми на Земјата, влијае врз нивниот раст и развој.

    Како и да е на мене позитивно влијае, обожавам полна месечина. :)
    Инаку во врска со месечарењето на сестра ти, побарајте помош од жена која знае да куша. На брат ми само тоа му помогна, порано многу месечареше.
     
  6. romanticna.dusha91

    romanticna.dusha91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    мене ми се има случено само еднаш....или бар еднаш ме начекала мајка ми...сум сакала да откључам и да излезам надвор :) имам слушнато дека луѓето што месечарат не треба да се будат,туку само да се фатат за рака и да се вратат во кревет ;)