Прочитав за оваа диета па планирам да ја пробам . Најпрво сакам да прашам дали некој ја има пробано и дали има навистина резултати. Значи би требало да се изгубат 2 кг. за помалку од една недела (трае 3 дена).Еве како изгледа : Пред секој оброк, испијте чаша негазирана минерална вода. Доручек: 1 јогурт, 1 банана, чај со мед или кафе со млеко, без шеќер. Ручек: 1 варено јајце, салата од краставица прелиена со природен јогурт, 1 шолја кисело млеко. Ужина: 100 гр. овесна каша во вода или млеко, 200гр. сирење, 1 шолја млеко. Вечера: 1 крушка, 2дл. јогурт. ***Е сега пишува дека во текот на диетата треба да се намали физичкиот напор .односно да не се спортува ...ова незнам колку е добро . ***И ова.. - Кога сте на млечна диета обидете се почесто да се бањате. Така може да го отстраните стресот од чувството на глад, а водата ќе го измие сето она што доаѓа од организмот бидејки се интензивира чистењето на организмот преку кожата. - Млечната диета може да ја повторите 7-10 дена после тридневниот циклус. И тоа..
МЛЕЧНА ДИЕТА диетава не е некое чудо,само ко шо ја прочитав дневниот внес на калории нема 1200 кал,што е потребна доза за женски,па затоа и не се препорачува физичка активност!едвај ке се движите,концентрација и сила 0 а дека ке изгубите 2 кила можам да гарантирам,САМО тоа ке биде ВОДА а не масти и масни наслаги,иако калциумот е топач на масти кратка е диетава па ке ги вратите дупло по прекинувањето на истата.. значи практична е ако на пример сте на свадба или имате некој важен настан па да изгледате поубаво.. сирењето е сирење,нема со што да се замени веке има спомнато кисело млеко јогурт како млечен производ.ставено е дека е мрсно па за да држи ситост подолго..касни си павлака ако несакаш сирење..
МЛЕЧНА ДИЕТА Не можам да сватам како може ужинката да е појака од самиот доручек и од самиот ручек!? 100 гр овесни снгулки се 60 гр јаглехидрати. Сешто.