1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млечна диета

Дискусија во 'Диети' започната од ivana.123, 28 септември 2012.

  1. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Прочитав за оваа диета па планирам да ја пробам . Најпрво сакам да прашам дали некој ја има пробано и дали има навистина резултати. Значи би требало да се изгубат 2 кг. за помалку од една недела (трае 3 дена).Еве како изгледа :

    Пред секој оброк, испијте чаша негазирана минерална вода.

    Доручек: 1 јогурт, 1 банана, чај со мед или кафе со млеко, без шеќер.

    Ручек: 1 варено јајце, салата од краставица прелиена со природен јогурт, 1 шолја кисело млеко.

    Ужина: 100 гр. овесна каша во вода или млеко, 200гр. сирење, 1 шолја млеко.

    Вечера: 1 крушка, 2дл. јогурт.
    ***Е сега пишува дека во текот на диетата треба да се намали физичкиот напор .односно да не се спортува ...ова незнам колку е добро .
    ***И ова.. - Кога сте на млечна диета обидете се почесто да се бањате. Така може да го отстраните стресот од чувството на глад, а водата ќе го измие сето она што доаѓа од организмот бидејки се интензивира чистењето на организмот преку кожата.
    - Млечната диета може да ја повторите 7-10 дена после тридневниот циклус. И тоа.. :D :P
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    МЛЕЧНА ДИЕТА

    А ако некој не јаде сирење ,со што може да се замени?
     
  3. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    МЛЕЧНА ДИЕТА

    диетава не е некое чудо,само ко шо ја прочитав дневниот внес на калории нема 1200 кал,што е потребна доза за женски,па затоа и не се препорачува физичка активност!едвај ке се движите,концентрација и сила 0 а дека ке изгубите 2 кила можам да гарантирам,САМО тоа ке биде ВОДА а не масти и масни наслаги,иако калциумот е топач на масти кратка е диетава па ке ги вратите дупло по прекинувањето на истата..
    значи практична е ако на пример сте на свадба или имате некој важен настан па да изгледате поубаво..
    сирењето е сирење,нема со што да се замени веке има спомнато кисело млеко јогурт како млечен производ.ставено е дека е мрсно па за да држи ситост подолго..касни си павлака ако несакаш сирење..
     
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    МЛЕЧНА ДИЕТА

    Не можам да сватам како може ужинката да е појака од самиот доручек и од самиот ручек!? 100 гр овесни снгулки се 60 гр јаглехидрати. Сешто.