Морам да кажам дека изборот на фустан е повеќе од одличен, едноставно величествен. Не само што темно црвениот тон е фантастичен, баш кралски, туку и самиот дизајн е вистински раскош. Е сега, не знам колку твојот фустан е ист како овој на Мурад, ама водена од сликата како инспирација, еве ти мој предлог: За боите: Не дека црвената не одговара со крем, и можеби стремиш кон неутралност и едноставност поради самиот гламурозен фустан, но сметам дека со друг тон на кафеаво како што е дадено во примерот, многу повеќе ќе достигнеш ефект на елегантност и моќност, со секако запазена едноставност, или нешто како првите штикли, потемна шампањ нијанса. Во однос на дизајнот за штиклите, највеќе како третиот пар, со преден отвор. Ништо поубаво. Секако дека тоа не е единствениот избор, можеш нешто слично како и другите два примера, малку така вкрстени линии. За ташната, за боја, форма и дизајн веќе гледаш во примерот што би убаво стоело. Можеш да избереш и црна за да даде некоја рамнотежа меѓу тоа црвено-кафеаво. Втората ташна по ред ти ја дадов за пример, за да видш дека не мора истата да биде со мазна текстура, туку може нешто вакво. За обетките: Тие мораат да бидат ускладени најпрво со фризурата, а потоа со гардеробата. Можеш некои со побогат дизајн, а една боја. Можеш некои што изгледаат како кралски накит, но ништо претерано, или антички стил. Последните, маслинесто зелени се пример за тоа дека ваквата боја многу ќе придонесе во изгледот, ќе ја разбие палетата, на суптилен начин. И на крај за стајлингот на коста, не мора посебно да пишувам, самите слики си го прават своето.
Имам едно прашање. На свадба сум викендов и си има едно фустанче у глава за носење. Арно ама ми одговара на сандали. Немам салонка која би ми одговарала. И фино лепо си знам свадбата ќе е почеток септември, сеуште е лето нели, фстан и сандали спремни ... арно ама времево се шашардиса. Гледам луѓето со кои ќе одам договараат хулахопки да носат, а јас се молам да опече сонце да носам сандала. Видов ќе се подобри, немало да врне викендов ама дал е уше сезона на сандали. Да не сум резил само ја у сандала? Ама лето е уште бре. Се тешам!
Ако си цел ден, можеш сандалите за навечер, а преку ден нешто друго. Што и да одлучиш на крајот поминот е важен
Резил-мезил, мене ми е уште време за сандали и не ги давам. Да врне, ама преку ден од 10до 2 мене ми е топло и не можам со затворено,полудувам. Свадбата е на затворено, ресторан, така да зашто да не носиш сандали. И сеуште е календарски лето бре до 23 Јас би носела сандали, не ми е уште време за салонки, секако после тоа до Мај нема да ги симнам од нога
И јас сум за сандали. Не знам зошто ама упорно си се држам до сандали и до летна гардероба,и покрај глупостиве со времево.Рано ми е за есенска гардероба,иако гледам дека некои носат веќе .Стварно не ми студи преку ден и како што кажа Хипстер не ми се даваат уште сега сандалите ,па сепак календарски е лето. Носи си сандали,без оглед на прогнозите.
Сакам класика, но сакам и елеганција... Розево не ми стои највеќе црно црвено такви бои тегет секако. Јас сакам за секојдневен стил, за на факс нешто комбинација што би ми предложила, за на кафе, а и за вечерен изглед.
Сакам да прашам дали може чизми веќе да се носат? Не ми изгледа убаво патики со фустан а за балетанки и сандали не е времето.(штикли не сакам да носам) Како овие
Премногу е рано за чизми,најдобро би било со балетанки а и не е толку лошо времево за да не се носат балетанки
И јас мислам дека е рано за чизми. Освен некои до глужд, како кондурчиња...иако денес низ град неколку видов со високи чизми, а, што да правиш кога времево е вакво... Јас излегов со балетанки, жива вода се направив за 2 мин. ДАЛИ оди кожно палто со патики.....?????
Зависи од патиките би рекла. Ако се овие високите што ги имаат сите копија на Изабел Марант, одговараат како не. Со старки исто оди, одлична комбинација се. Па и со спортскине зашто да не, ма да зависи од патиките у принцип, но во глобала убаве кежуал комбинација може да излезе. У глобала ми се допаѓа со високи патики, оние над глужд што се.
Треба да одам на свадба,сега,месецов.Свадбата е на едни пријатели,значи не одиме кај некои блиски. Јас сакам да облечам некое фустанче што нема да биде многу свечено,но сепак не некое ептен едноставно.Сакам да носам и штикли на полна пета,не превисоки. Некои предлози за комбинации? И каков накит да одберам?
Мене едното и другото заедно не ми одат.Кожно палто според мене најмногу оди со ниски чизми (но премногу е рано за нив) или некои кондурчиња.
Секако дека оди. Кратко кожено палтенце само колку е шик, па заедно со интересни патики, испаѓа многу интресна комбинација, така баш кул.
абе баш е кул,ама на сликиве, а ако излезеш на улица и погледенш 10тина девојчиња ќе видиш колку лошо стои пример облекло вакви патики Spoiler и црно кожно палто до половина да кожно палто и патики може да биде баш супер,ама доколку се правилно избрани и палтото и патикит *** кожно палто оди со стратки,со оние не спортски тип на патки оние на полна пета немора баш вака но ова најпрво ја најдов а не оди со оние нике патики за трчање,онака поспортски патики,или оние шутка патики
Дефиниција за шутка патики ако може? Бидејки тие не иделе со кожна јакна, а погоре патиките што ги постави од токму такви врие во шутка! Шутка патика ... Или air max со кожњак ако знае да се искомбинира е топ! Јас лично кожно јакниче на речиси се би носела. Само да знаеш да го искобинираш и да го носиш.
Е велите дека за чизмички сеуште е рано, а мене балетанки некако не ми се носат конкретно за во школо, на ова дождливо време... Носам патики, ама проблем ми е за нагоре за ташна. Не сакам ранец да носам, но каква ташна?
Следниот викенд сум на свадба, ќе носам исто вакво фустанче во V, само праска боја. Со златно синџирче е на половината, исто како на сликава. Што накит би можела да ставам, и каква боја на штикли и пликче? Размислував за крем.. Вие што мислите? И уште едно прашање.. Дали ми стои ваквов тип, во V, во горниот дел? Бидејќи планирав фустанот за матура оваа година да ми биде во V,па да чујам ваше мислење. Благодарам однапред.