Модни прашања

Дискусија во 'Мода и стил' започната од girl.23, 9 март 2012.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Морам да кажам дека изборот на фустан е повеќе од одличен, едноставно величествен. Не само што темно црвениот тон е фантастичен, баш кралски, туку и самиот дизајн е вистински раскош. Е сега, не знам колку твојот фустан е ист како овој на Мурад, ама водена од сликата како инспирација, еве ти мој предлог:
    За боите: Не дека црвената не одговара со крем, и можеби стремиш кон неутралност и едноставност поради самиот гламурозен фустан, но сметам дека со друг тон на кафеаво како што е дадено во примерот, многу повеќе ќе достигнеш ефект на елегантност и моќност, со секако запазена едноставност, или нешто како првите штикли, потемна шампањ нијанса. Во однос на дизајнот за штиклите, највеќе како третиот пар, со преден отвор. Ништо поубаво. Секако дека тоа не е единствениот избор, можеш нешто слично како и другите два примера, малку така вкрстени линии.
    За ташната, за боја, форма и дизајн веќе гледаш во примерот што би убаво стоело. Можеш да избереш и црна за да даде некоја рамнотежа меѓу тоа црвено-кафеаво. Втората ташна по ред ти ја дадов за пример, за да видш дека не мора истата да биде со мазна текстура, туку може нешто вакво.
    За обетките: Тие мораат да бидат ускладени најпрво со фризурата, а потоа со гардеробата. Можеш некои со побогат дизајн, а една боја. Можеш некои што изгледаат како кралски накит, но ништо претерано, или антички стил. Последните, маслинесто зелени се пример за тоа дека ваквата боја многу ќе придонесе во изгледот, ќе ја разбие палетата, на суптилен начин.
    И на крај за стајлингот на коста, не мора посебно да пишувам, самите слики си го прават своето.
     

    Прикачени фајлови:

    • gthghrf.jpg
      gthghrf.jpg
      Големина на фајлот:
      57,7 KB
      Прегледи:
      312
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Имам едно прашање.
    На свадба сум викендов и си има едно фустанче у глава за носење.
    Арно ама ми одговара на сандали. Немам салонка која би ми одговарала.
    И фино лепо си знам свадбата ќе е почеток септември, сеуште е лето нели, фстан и сандали спремни ... арно ама времево се шашардиса.
    Гледам луѓето со кои ќе одам договараат хулахопки да носат, а јас се молам да опече сонце да носам сандала. Видов ќе се подобри, немало да врне викендов ама дал е уше сезона на сандали.
    Да не сум резил само ја у сандала?
    Ама лето е уште бре. Се тешам!
     
  3. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    5.132
    Според метереолози ќе врне цел викенд, така да менувај планови ;)
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не бе.
    И на други страни исто вака е.
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      46,3 KB
      Прегледи:
      233
  5. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    5.132
    Ако си цел ден, можеш сандалите за навечер, а преку ден нешто друго. Што и да одлучиш на крајот поминот е важен :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Резил-мезил, мене ми е уште време за сандали и не ги давам.
    Да врне, ама преку ден од 10до 2 мене ми е топло и не можам со затворено,полудувам.
    Свадбата е на затворено, ресторан, така да зашто да не носиш сандали.

    И сеуште е календарски лето бре до 23 8)
    Јас би носела сандали, не ми е уште време за салонки, секако после тоа до Мај нема да ги симнам од нога |(
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    И јас сум за сандали.

    Не знам зошто ама упорно си се држам до сандали и до летна гардероба,и покрај глупостиве со времево.Рано ми е за есенска гардероба,иако гледам дека некои носат веќе :^) .Стварно не ми студи преку ден и како што кажа Хипстер не ми се даваат уште сега сандалите :) ,па сепак календарски е лето.

    Носи си сандали,без оглед на прогнозите. :)
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Сакам класика, но сакам и елеганција... Розево не ми стои највеќе црно црвено такви бои тегет секако. Јас сакам за секојдневен стил, за на факс нешто комбинација што би ми предложила, за на кафе, а и за вечерен изглед.
     
  9. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Сакам да прашам дали може чизми веќе да се носат? Не ми изгледа убаво патики со фустан а за балетанки и сандали не е времето.(штикли не сакам да носам) Како овие
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      245,6 KB
      Прегледи:
      145
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Јас мислам дека е уште многу рано за вакви,најдобро да си облечеш балетенки.
     
  11. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Премногу е рано за чизми,најдобро би било со балетанки а и не е толку лошо времево за да не се носат балетанки ;)
     
    На Eli.t му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И јас мислам дека е рано за чизми. Освен некои до глужд, како кондурчиња...иако денес низ град неколку видов со високи чизми, а, што да правиш кога времево е вакво... Јас излегов со балетанки, жива вода се направив за 2 мин.

    ДАЛИ оди кожно палто со патики.....?????
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Зависи од патиките би рекла.
    Ако се овие високите што ги имаат сите копија на Изабел Марант, одговараат како не.
    Со старки исто оди, одлична комбинација се.
    Па и со спортскине зашто да не, ма да зависи од патиките у принцип, но во глобала убаве кежуал комбинација може да излезе.
    [​IMG]
    [​IMG]

    У глобала ми се допаѓа со високи патики, оние над глужд што се.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Треба да одам на свадба,сега,месецов.Свадбата е на едни пријатели,значи не одиме кај некои блиски.
    Јас сакам да облечам некое фустанче што нема да биде многу свечено,но сепак не некое ептен едноставно.Сакам да носам и штикли на полна пета,не превисоки.
    Некои предлози за комбинации? И каков накит да одберам?
     
  15. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Мене едното и другото заедно не ми одат.Кожно палто според мене најмногу оди со ниски чизми (но премногу е рано за нив) или некои кондурчиња. :)
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Секако дека оди. Кратко кожено палтенце само колку е шик, па заедно со интересни патики, испаѓа многу интресна комбинација, така баш кул.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    абе баш е кул,ама на сликиве, а ако излезеш на улица и погледенш 10тина девојчиња ќе видиш колку лошо стои

    пример облекло вакви патики
    [​IMG]
    и црно кожно палто до половина

    да кожно палто и патики може да биде баш супер,ама доколку се правилно избрани и палтото и патикит
    ***
    кожно палто оди со стратки,со оние не спортски тип на патки оние на полна пета

    [​IMG]
    немора баш вака но ова најпрво ја најдов

    а не оди со оние нике патики за трчање,онака поспортски патики,или оние шутка патики
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Дефиниција за шутка патики ако може? Бидејки тие не иделе со кожна јакна, а погоре патиките што ги постави од токму такви врие во шутка!
    Шутка патика ...

    Или air max со кожњак ако знае да се искомбинира е топ!
    [​IMG]
    [​IMG]

    Јас лично кожно јакниче на речиси се би носела.
    Само да знаеш да го искобинираш и да го носиш.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Е велите дека за чизмички сеуште е рано, а мене балетанки некако не ми се носат конкретно за во школо, на ова дождливо време...
    Носам патики, ама проблем ми е за нагоре за ташна. Не сакам ранец да носам, но каква ташна? :wasntme:
     
  20. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Следниот викенд сум на свадба, ќе носам исто вакво фустанче во V, само праска боја. Со златно синџирче е на половината, исто како на сликава. Што накит би можела да ставам, и каква боја на штикли и пликче? Размислував за крем.. Вие што мислите? :)

    И уште едно прашање.. Дали ми стои ваквов тип, во V, во горниот дел? Бидејќи планирав фустанот за матура оваа година да ми биде во V,па да чујам ваше мислење. :)
    Благодарам однапред. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00549.jpg
      DSC00549.jpg
      Големина на фајлот:
      196 KB
      Прегледи:
      232