Астрологијата е симболички јазик стар со илјадници години. Не знаев дека уште постојат луѓе кои мислат дека светот е толку еднодимензионален и дека сè што тие не разбираат, автоматски не вреди. Ограниченоста не е доказ за интелигенција, туку само за недостиг на имагинација.Интересно...
Mожеби човекот е стручен, но максимално непрофесионален (тоа е мое лично искуство, не мора да значи дека и со други е така). Никогаш не би го побарала повторно. ,, За свои пари да го молиш“.
Јазик е средство за комуникација. Ако астрологијата е симболички јазик, ајде повели со тие симболи кажи ми како се вели на пример: „Здраво, како си? Те молам подај ми ја чашата.“ Замислување на риби, шкорпии, бикови меѓу ѕвездите поттекнува од времето кога луѓето не знаеле дека тие светилки на небото се ѕвезди како нашето Сонце, дека емитираат светлина по пат на нуклеарна фисија, дека не се некакви божества и управители со нашите животи. Значи астрологијата поттекнува од времето не незнаењето на овие појави. Во исто тоа време луѓето мислеле дека и Сонцето и Месечината се некакви свесни божества кои си правеле муабет меѓу себе, се лутеле на луѓето кога имало помрачувања итн. Тоа не е повеќедимензионалност. Тоа е научна неписменост. Ваквата имагинација спротивна на интелигенцијата и разумот.
Астрологијата е јазик на циклуси и енергии, а не за секојдневен муабет. Тоа е како да му се смееш на математичар што со равенка не може да ти каже 'добар ден'.Никој не тврди дека соѕвездијата се богови што зборуваат, туку дека се СИМБОЛИЧКИ систем. И музиката е јазик, па не можеш со ноти да кажеш 'подај ми ја чашата', но можеш да пренесеш емоција и комплексност што со зборови не се опишува. Науката објаснува КАКО функционира светот (физика, нуклеарна фузија), а СИМБОЛИКАТА бара значење на човечкото искуство. Едното не го исклучува другото, освен ако не си го ограничуваш умот само на една димензија. Ограниченоста е во тоа да не се прифати дека постојат различни начини на согледување на реалноста надвор од учебник по физика за основно.
Katastrofa niso tocno ,ako mu kazis nesto deka ne e vo red te blokira I komentira se najloso sto ke mu dojde...inaku nisto ne se ispolnuva
ivica.trpovski потпишан е на инстаграм, имав и број од него ама сум го изгубила. Пред некоја година ми направи и сум задоволна од него. Трпелив, разбира и објаснува.
Нема многу асални астролози кај нас. Преваранти се 80%. Марјан Атанасов копира од chat gpt затоа само текст дава, не сака консултации да работи. Unofficial Astrologyе смешка жива, копира полуточни текстови од други астролози па ги "преведува" на македонски, па затоа е се каша попара. Оди разбери.. Зоран Крстевски филозофира непотребно, ништо не објаснува. Многу самобендисано човече. Виолета Марсол е добра. Точна и прецизна, само што е остра и не дава многу да прашуваш. немам лично искуство со овие, ама многу познаници ми кажувале. Едино сум правела кај Марина Говорко од нашите и сум навистина задоволна. Прецизно, точно и уредно се снимено, објаснето. Изџвакано. од србите има подобри. Сум била кај Божидар Поповиќ, онака. Просечно. Милош Димитријевиќ уште не ме натепа на консултација, ама стилот му е таков. Знаењето си го има. веќе и сама знам да читам и да толкувам. На многу познаници им имам кажувано и прогнозирано. Сите рекоа дека сум погодила, па дури и за иднина нешто што им реков, се случило. Си купив од Србија книги за астрологија, па преку луѓето на кои им толкувам и јас учам.
Сума сумарум кој е на прво место? Кај Зоран и Виолета имам правено. Дефинитивно Виолета нема конкуренција. Се согласувам со погорепишаното.
Марина 11 500 е комплет натална карта, кармички хороскоп, прогнози за наредни 7 години и онлајн консултација од 3 часа. Се добиваш снимено и можеш да го слушаш кога сакаш. А има и други опции ако и пишеш ќе ти испрати. Милош Димитријевич не наплаќа ништо за изработка. Се наплаќа муабет, консултација со него, 2,5€ минута, на лице место ти толкува ти си прашуваш само тоа што те интересира. Немаш снимка, немаш текстуален материјал, едино ако запишуваш или ако си снимиш сама.