Астрологијата е симболички јазик стар со илјадници години. Не знаев дека уште постојат луѓе кои мислат дека светот е толку еднодимензионален и дека сè што тие не разбираат, автоматски не вреди. Ограниченоста не е доказ за интелигенција, туку само за недостиг на имагинација.Интересно...
Mожеби човекот е стручен, но максимално непрофесионален (тоа е мое лично искуство, не мора да значи дека и со други е така). Никогаш не би го побарала повторно. ,, За свои пари да го молиш“.
Јазик е средство за комуникација. Ако астрологијата е симболички јазик, ајде повели со тие симболи кажи ми како се вели на пример: „Здраво, како си? Те молам подај ми ја чашата.“ Замислување на риби, шкорпии, бикови меѓу ѕвездите поттекнува од времето кога луѓето не знаеле дека тие светилки на небото се ѕвезди како нашето Сонце, дека емитираат светлина по пат на нуклеарна фисија, дека не се некакви божества и управители со нашите животи. Значи астрологијата поттекнува од времето не незнаењето на овие појави. Во исто тоа време луѓето мислеле дека и Сонцето и Месечината се некакви свесни божества кои си правеле муабет меѓу себе, се лутеле на луѓето кога имало помрачувања итн. Тоа не е повеќедимензионалност. Тоа е научна неписменост. Ваквата имагинација спротивна на интелигенцијата и разумот.
Астрологијата е јазик на циклуси и енергии, а не за секојдневен муабет. Тоа е како да му се смееш на математичар што со равенка не може да ти каже 'добар ден'.Никој не тврди дека соѕвездијата се богови што зборуваат, туку дека се СИМБОЛИЧКИ систем. И музиката е јазик, па не можеш со ноти да кажеш 'подај ми ја чашата', но можеш да пренесеш емоција и комплексност што со зборови не се опишува. Науката објаснува КАКО функционира светот (физика, нуклеарна фузија), а СИМБОЛИКАТА бара значење на човечкото искуство. Едното не го исклучува другото, освен ако не си го ограничуваш умот само на една димензија. Ограниченоста е во тоа да не се прифати дека постојат различни начини на согледување на реалноста надвор од учебник по физика за основно.