Наука

Discussion in 'Образование' started by Gordana10, Jul 17, 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,193
    Gender:
    Female
    Пребарав во категоријата Образование дали има ваква тема или пак слична,не видов да има,но доколку има,слободно може да се заклучи,избрише итн.Ми текна темава да ја отворам,бидејки сакам да видам кои се вашите размислувања во врска со науката,вашите ставови.Значи вака,бидејки се сретнувам со луѓе кои своите размислувања ги ослонуваат на науката,конкретно науката им е темел на нивните размислувања.Денес се откриваат многу работи,има нови сознанија,можеби и археологијата им е темел на научниците во нивните истражувања,сепак сметам дека некои работи пример во однос на религијата,историјата кои науката ги презентира,дека не се точни,а тоа секако на основа на сопствени размислувања кои не се базирани на науката.Инспирација за темава,ми беше другата тема Необјасливи случки.Сите ние сме учеле,студираме/студирале,меѓутоа, за што сметате дека науката не секогаш е во право,дали може тотално да биде сигурна во своите истражувања?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    3,098
    Likes Received:
    4,462
    Gender:
    Female
    Науката се занимава со она што може да се види, измери, создаде, раздели...
    Наука е општ поим , ама сметам дека ни едно истражување не може да се земе како апсолутно вистинито.
    Како инаку би се правеле други истражувања ако резултатот од првото истражување се земе како апсолутна вистина. Јас мислам дека се треба повторно да се истражува, да се потврдуваат, негираат или дополнуваат резултатите од првото истражување.
    А темата Необјасливи случки, не ја отварам, се ежам на такви работи , сакам навечер мирно да спијам,а не мојата потсвест да ми прави проблеми , да ми се меша во сонот :D
     
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Joined:
    Apr 14, 2010
    Messages:
    777
    Likes Received:
    60
    Не може науката да биде целосно во право. Научниците, барем според мене кога сакаат да истражат нешто како краен резултат сакаат да докажат некој свој став. А ние сите како луѓе правиме грешки и не секогаш сме во право. Има некои случки, поими кои не можат да се објаснат, па тоа се должи или на нешто надприродно или науката го нема достигнато тој степен, за да открие за што се работи.
    Но според она што досега е откриено, добри се :)