"Неморални" жени

Discussion in 'Општи дискусии' started by yawn, Aug 24, 2011.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2010
    Messages:
    697
    Likes Received:
    701
    Дрољи,курви,проститутки,спонзоруши...Идеме без цензура!

    Такви "етикети" денес добива секоја трета или петта девојка.Некои изнесуваат аргументи и факти,други тоа го прават заради лична афирмација (од злоба или завист).

    Дајте ми дефиниција за овие зборови :) .По која причина можат да наречат така една жена?

    Најлошата жена сепак не ја спомнав.Волк во јагнешка кожа,изгледа префинето но прави гнасни работи и најдоброто од се ...Ги напаѓа ваквите девојки. :devil:

    Како реагирате ако некој ве нарече така? :)
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Joined:
    Mar 25, 2010
    Messages:
    1,533
    Likes Received:
    583
    Дефиниција..Некоја посебна баш и нема. Едноставно тие се помирени да го газат своето јас, вероватно така им одговара, притоа знаат за тоа како се ословувани и баш им е гајле.
    Ете, моја дефиниција, жени-девојки без свое јас...А и така им се сака бре.
    А мене...ма кој како сака нека ме ословува...негово си е. Јас најдобро си знам дали тоа е така. И нема никако посебно да реагирам(нели што повеќе се правдаш значи е вистина тоа што го зборат), нема зошто некому да се правдам. Што се тиче мене, кој така мисли да мене, слободно нека ме заобиколи.
    Дали некоја е неморална, мене не ми е битно, се додека тоа не ја вклучи и мојата личност.
     
  3. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    115
    Likes Received:
    26
    :clap: за темата хммм а дефиниција па и нема некоја посебна барем според мене.Затоа што како причина мозе да биде се на пр-налетала на некој ФРАЕР кој што добил корпа од девојката па сега може да дојде или пак да слушне такви надимаци во знак како на некоја одмазда,е сега тука има и девојки кои заслужно ги добиваат тие имиња(без навреда),од еден на друг така почесто (се разбираме) :!: ,тука може да спагаат и они кои што целта им е да закачат некој кој иако има семејство сепак се мета на некоја девојка која му фрлила мерак па по цена на се го сака за себе неразмислувајки на последиците ама причината е една (кеш) |( ,а за најлошата жена би ја сватила онаа како да објаснам :?: ај вака ке пробам на пр. тип на жена која е мирна ,смирена,сталожена (се разбира др.страни се потиснати) се додека не дојде моментот на брак и после некое време излегува дека е ламја што би рекле постарите и се чудат што ги снашло,а мегудругото тука е присутна и љубомората до крајно ниво каде што среката и срекните луѓе околу неа ја прават таа да се осека на пониско ниво |( ,и тука започнуваат злобните дела како тие срекни насмевки да исчезнат.... скратено кажано се храни со туѓата несрека :!:

    ова е мое свакање за тие типови на жени и без навреда доколку некоја се пронајде зашто сепак такви има секаде на светот а и таква ни станува денешницата :worried:
    - заборавив да напишам каква е мојата реакција доколку налетам на некоја од наведените...рекација не би имала никаква зашто ако реагирам уште повеке ке ме иритира,а така ке и дадам дознанине дека ме засегнало тоа што го прави,игнорирање е најдобар потег,или да пробам да со разговор,освен ако не дојде до степен каде се преминати сите граници и незнае сама да застане е тогаш е друг муабетот дури може и лошо да помине зашто не би дозволила па и некоја таква будала да ми го наруши спокојството сепак сите сме луге ама па кога се поминува границата треба да се стопира ....
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,613
    Уф, кај нас денеска скоро секоја втора е неморална, дроља, ку*виче итн...
    Ако носи пократко здолниште -
    Ако има црвен кармин или црвени налакирани нокти -
    Ако недај Боже малку послободно игра на подиум, флертува и си замине со некој што и' се допаѓа (а можеби и дечко и е, којзнае, никој не се потрудил вистински да дознае) - и најважно
    Ако е ПОУБАВА, ПОВЕЌЕ И ШТРАКА УМОТ ОД ТАА ШТО ГО ДАВА КОМЕНТАРОТ и некогаш на времето и го украла симпатијата -
    тогаш е неминовно ку*ва!
    Во сите и во уште многу повеќе случаи од горенаведените.

    Многу ми е грдо кога од женска уста ќе излезат вакви навредливи зборови.
    Не дека кажани од машките се нешто подобри, ама некако природно и очекувам (за жал).
    Ама кога жена навредува друга со вакви погрдности, во 90% од случаите е љубоморна.
    Што е жално.

    Е сега, нормално постои и 10% на кои епитетиве им се навистина наклонети.
    Простачко кикотење, улизување, местење со газето во скутот на момакот кој бапнал клуч од бе ем ве на масата и последниот модел на ајфон, пуста душа сака да пивне коктелче, а знае дека чергичето одамна не и ги покрива ноџињата, да види и да биде видена, и да пуфне Лејди Милион што го добила на подарок... спонзоруша. Без сомнеж. Ниту имам грижа на совест кога така ги ословувам, кога се навистина тоа.

    Тој тип на девојки што го спомена yawn, кротко мирно јагненце, седи и се смешка во ќошето, јас фината, јас невината, пијам строго флаширана вода, пенис имам видено само во учебник по анатомија... испод мира триста вира, бегам од такви девојки и не сакам да си имам ништо, дури и само пролазно да седнале во мое друштво.

    Просто не ги сакам.
    Другите барем не се лицемерни, си кажуваат дека им се сака, мераклики се, па ако искористат некој парфем, блузиче или количе успат, уште подобро.
    Се вадат на тоа дека такво дојде времето - искористи или ќе бидеш искористен, така решиле да си живеат, бујрум, твој живот, твој проблем.
    Ама барем не глуми лудило за тоа што си.
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,184
    Likes Received:
    124,689
    :lol: Точно,и со само еден црвен кармин и минич можат да ти извадат муабет.Сакала нејќела.
    Мене побетер ми се таквите наивни на лик.Оние што јавно се знаат дека се такви ,барем ги знаеш.Ама испод мира триста вира.Ќе чуеш ќе видиш ,и ќе се чудиш.
    Реално мислам дека ги има многу.Која за подобра работа,која за алишта,која за одмор,која за мерак.
    Имав пример во друштво скоро.Не ми се веруваше,пошто девојчето имаше само 1 дечко и беше посветена на учењето.Се изненадив кога разбрав дека на пракса откако дипломира,успеа да разведе маж на функција,од својата жена.Овој ја прошета низ цел свет и со кој памет ја зеде за жена.Ми се гади од таквите женулишта и ги презирам :puke:
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Моралот го разбирам како систем од норми на однесување на членови од едно општество. Значи спротивно од тоа неморал. Некоја си моја дефиниција за неморални жени, кои функционираат спротивно од нормите на однесување на едно општество.
    Како такви се одделуваат и се различни од другите па затоа се ,,етикетираат,,. Тоа го прават за свој интерес или мотивација, најчесто пари или престиж.
    Според мене, нема лоша жена како што пиша волк во јагнешка кожа, туку 2 типа :) , едните со ум во глава кои знаат најрационално да го искористат и функционираат според норми во едно општество и вториот тип исто така со ум во глава кои го користат претежно да добијат или достигнат до нешто на неморален начин.
    Не може никој да ме нарече така, зошто така не функционирам. Не го продавам своето тело за пари (и пошироко, не се сексам со кого стигнам за една вечера или пијалок од некој тип итн итн). Секој е господар на своето тело и ум и од него зависи како ќе го користи - експлоатира.
     
    zhap4e and Trendafilka like this.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    4,653
    Такво е времето во кое живееме, такво ни е и опшеството-полно со предрасуди, и како што кажа Трендафилка да не се поторувам многу често се суди по надворешен изглед...

    Според мене не е неморал да се носи црвен кармин, деколте или кусо здолниште, неморал е однесувањето... Не значи дека ако облекла минич таа е некоја проститука, к*рва, дро*а или друго погрдно име, може таа „најпримерната“ во ролка и панталони да се пали на момак кој пие Чивас и врти клуч од БМВ, Ауди...
    До вчера луѓето со тетоважи беа наркомани, проби-свет, пропалици и сл. сега кога секој трет се тетовира малце се подразмислуваме пред некој така да го етикетираме.
    Така е и со „неморалните“ жени, се додека се плашат девојките дали да облечат нешто кусо, деколте, проѕирно фустанче само заради што ќе речат комшиите, другарите и другите, ние ќе се труеме со предрасуди дека облеката го прави човекот т.е. жената „неморална“.

    Неморал е нешто сосема друго, неморалот го чини однесувањето на поеднецот, или конкретно однесувањето на жената. Ако таа прво не се цени како жена, ако на својот полов орган гледа како алатка за брза заработка, ако за неа парите се побитни од љубовта и дечко без кола-не смее со неа да разговара, ако излегува со некој само зашто ќе ја носи на шопинг и ќе и купи кола или станче, и ако пред секс на момакот му кажува тарифа. Е овие се неморални, пред се затоа што имаа погрешна слика за светот, затоа што за нив зборот љубов значи пари, затоа што им е побитна материјалната состојба отколку емотивната, физичката привлечност, тоа е неморал нешто спротивно на она нормалното опшествено прифатено сфаќање а не нешто што не се уклапа во туѓите замисли за светот и жените како поим.
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,841
    Gender:
    Female
    Проститутка жена која наплаќа за своите сексуални услуги
    Курва сите имаат односи со неа но не и плаќаат, таа спие со нив од задоволство
    Дроља вака во Скопје ги викате курвите хааха
    Спонзоруша жена што е со маж само за пари и гледа поголема материјална корист
    Волк во јагнешка кожа некоја расипана жена, која има лице како уште да е невина :)
     
    Divinebutterfly, bbeebbee and yawn like this.
  9. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Joined:
    Mar 18, 2011
    Messages:
    79
    Likes Received:
    19
    Се согласувам со вас..... особено со Трендафилка........ да ги наречам тие подточките...ако некоја послободно се облекува или пак игра на подиум...јас еве се облекувам послободно а и си играм колку ми душа сака..... а дали зборува некој ама воопшто не ми е галје....моите од дома ме знаат дали сум таква или не....дечко ми ми верува....и он самиот ми вика...абе облечи кусо шо се стегаш......а јас не дека се стегам.... така да ...си имам една поговорка...ради шта хочеш....људи свакако чу да причају..... ;)
     
  10. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Joined:
    Nov 27, 2010
    Messages:
    311
    Likes Received:
    1,203
    Ваквите дефинитивно се најлоши, им веруваш мислиш дека се светици,ти се прават пријателки,а тие зад грб гледаат како дечко/маж ти да го уловат.Најинтересно е што често мажите неможат да ги прочитаат, па паѓаат во нивната стапица.
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    јас би искоментирала за неморална жена.

    за мене е неморална и би ја нарекла неморална онаа жена која е мажена или во сериозна врска со/без деца, која нема никаква почит спрема себе и сопруг/дечко и која се прави за да спие со други, ги запоставува децата или сопругот и на која едноставно и е важно да се из*бе со други и да глуми фраерка.

    а оние со миничи , шминки нокти и кармини па не би ги нарекла неморални би ги нарекла послободни хахахха.
     
    XMaN likes this.
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Место коментар, виц:
    Излегува девојка со маж со BMW. На враќање вечерта тој и вика
    -Мора да ти кажам нешто.
    -Што? -исплашено прашува таа.
    -Женет сум и имам дете.
    -Ти бе, ме преплаши. Помислив BMW-то не е твое!
     
    Panicarka and eli25 like this.
  13. redridinghood

    redridinghood Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2011
    Messages:
    21
    Likes Received:
    8
    За многу девојки за кои сум слушала дека се дрољи или курви и незнам што уште не биле баш ок.Денес сите девојки кои сакаат да изгледаат добро и уживаат да флертуваат се “ курви “ оние кои имаат момче кое е во добро друштво исто се курви (по некоја глупава логика) бидејки спие со него за да го задржи, ако некогаш замине од кафуле со некој со кој се запознале истата вечер и таа е курва, а никој не се запрашал каде одат?!Можеби одат во парк да разговараат да се запознаат подобро .што има лошо во сето тоа .Штета што толку многу се користат овие зборови а половина од оние кои ги изговараат не знаат ни точно какво значење имаат .
     
    Taccka and yawn like this.
  14. adrijana.81

    adrijana.81 Истакнат член

    Joined:
    Aug 24, 2011
    Messages:
    17
    Likes Received:
    11
    Неморални жени или девојки се оние кои имаат односи со мажи кои не им значат ништо и постојано менуваат секс-партнери инаку што би биле неморални жени
     
  15. zara

    zara Истакнат член

    Joined:
    Feb 5, 2011
    Messages:
    55
    Likes Received:
    28

    [/quote]
    Аватар на корисникот
    yawn
    Мислење 22 Јул 2011, 15:02

    Првиот ми е згоден и убав,за мојот ЗДРАВ сексуален живот... ^_^
    Вториот ми е богат,за мојата ФИНА финансиска состојба... :cash:
    Третиот ми е паметен на мајка,за да ми каже што да се прави со претходниве двајца ако не ме слушаат :angel:
    :D
    [/quote]



    И дефиниција и причина!
    Си ја имаш мувата на капата па си прашуваш :lol:
    Позз
     
    priti likes this.
  16. yawn

    yawn Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2010
    Messages:
    697
    Likes Received:
    701
    Аватар на корисникот
    yawn
    Мислење 22 Јул 2011, 15:02

    Првиот ми е згоден и убав,за мојот ЗДРАВ сексуален живот... ^_^
    Вториот ми е богат,за мојата ФИНА финансиска состојба... :cash:
    Третиот ми е паметен на мајка,за да ми каже што да се прави со претходниве двајца ако не ме слушаат :angel:
    :D
    [/quote]



    И дефиниција и причина!
    Си ја имаш мувата на капата па си прашуваш :lol:
    Позз[/quote]

    И добро,ако беше тоа навистина така мислиш дека јас би го напишала тоа баш тука светов да ме знае?
    Размисли малку пред да треснеш глупост.Секако дека беше шала!
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,077
    Од каде бе се чувстувате компетенти да кажувате што е морално, а што не е.
    Од каде таа способност да решавате за туѓи животи и да им лепите етикети.
    Што е неморална жена? Жена што растура бракови, фамилии...? А мажот во случајов е многу морален нели, на него му се може.
    Самите себе не се цениме како женски род, очи ќе си извадиме од љубомора, па после мажите ни се криви што не нарекуваат со секакви имиња.
    Искрено правам што сакам и што чувствувам, она што ме прави среќна, и не се замарам дали некој ќе ме нарече морална или неморална, или курвиче или спонзоруша. Што сакам сум!
    Ако некој нема друга работа и сум му главна окупација баш ми е мило.
    А луѓето секогаш имаат што лошо да кажат, на луѓето никогаш ништо не им е доволно.
    Ако некој сака да те етикетира и од дома да не излезеш пак ќе ти извадат муабет.

    Преку такво веќе од морали, принципи и незнам што, никој за себе не си гледа, на сите им се поинтересни туѓите животи.

    Кој си е морален, си го живее животот по одредени принципи ич не се замара со солење памет и делења на вакви работи, осудување на неморални суштества и слично. Останатите можат само да продаваат лажен морал.
     
  18. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Joined:
    Jun 15, 2011
    Messages:
    419
    Likes Received:
    122
    е да си ми жива и здрава ...темава треба да се затвори,девојкиве ми личат на оние теткине од филмот Малена каде ја грабнаа девојката на сред град ја убија од ќотек зашто се нервираа кога нивните мажи зјапаа во нејзините гради ;) мислам девојки или дечиња веќе не знам како да ве наречам...дај пораснете ,социјализирајте се ,отворете си ги умовите,престанете да гледате само црно и бело,престанете со примитивни теми и размислувања,и не гледајте само право туку свртете некој поглед малку околу вас....темава треба да се затвори зашто е страшно ова што го правите самите за својот пол...срамота....од каде вас правото бе да нарекувате некого или некоја курва или неморална,од каде правото да судите.....одговорот ќе го пронајдете во песната на Тоше ....Што е тоа во луѓето тажно???????што живеат во животи туѓи.....
    :x
     
    Taccka likes this.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,798
    Gender:
    Female
    Има само еден тип на жени кои ги сметам за неморални, тоа се оние кои свесно подметнуваат туѓо дете на своите партнери.Мислам дека нема ништо по неморално од тоа да подметнеш дете некому, да го сака, чува, издржува а таа цело време да знае дека детето не е негово.
     
  20. priti

    priti Истакнат член

    Joined:
    Aug 19, 2011
    Messages:
    201
    Likes Received:
    83
    ^Има вакви надвор од сапуница? За темата неморални жени се оние кои си ја ишкаат мувата така шо стално цепат муабети за неморалот. Стварно најголемите неморални жени јас шо ги знам стално им ваѓаат муабети на нормални девојчиња, сакет да го свртет вниманието од себе. И зато темава е безвеза