Непријатно. (Awkward.)

Discussion in 'Канта' started by kitty.lover, Jun 21, 2012.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2012
    Messages:
    601
    Likes Received:
    351
    Непријатно. (Awkward.) е тинејџерска хит серија од 2011год. која што е емитувана на MTV.
    До сега има само една сезона од 12 епизоди, кои што се со времетраење од околу 20тина минути, а втората сезона започнува да се емитува од 28 Јуни 2012.

    Во серијата се работи за една девојка, Џена Хамилтон, која во училиште не е популарна, и сите ја сметаат за губитничка поради нејзиното однесување. Таа добива анонимно писмо потпишано од пријател, во кое што е претставено нечие мислење за неа, и што се би можела да направи за да го поправи тоа. Истата вечер,поради нејзината невнимателност, и се случува несреќа, за која сите мислат дека се обидела да се самоубие,па дури и нејзината мајка-која жали што има ќерка како Џена која не сака силинонски гради,брендирана облека и не е популарна како таа што била во средно училиште.
    Џена својата невиност ја губи на забава од летен камп, со еден од најпопуларните момчиња во училиштето, Мети МекКибен, во кого што се вљубува и за цело време се обидува да ја зацрврсти врската, но очигледно му служи за се*с партнерка. Тоа ја навредува, и во повеќе случаи доаѓа до меѓусебни кавги.
    Двете нејзини најдобри другарки се исти како и неа, и цело време се во потрага по популарност, но најголемата непријателка на Џена е тука за цело време на им напакости.
    Крајот на оваа сезона завршува со целосен пресврт во животот на Џена, љубовта, како и моментот кога дознава кој и го напишал писмото.

    Интересна серија која вреди да се погледне.
    Во САД се смета за една од подобрите, со гледеност 8/10.
     

    Attached Files:

  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,231
    Likes Received:
    67,739
    Gender:
    Female
Thread Status:
Not open for further replies.