Јас искрено обожавам овошни јогурти.Но,како што ни е познато купечките овошни јогурти содржат големи количества на шеќери,па така да иако се вкусни и освежителни не се баш здрави.Затоа би сакала да ве прашам како приготвувате домашни јогуртчиња?? Дали некогаш сте пробале во јогурт со нискла масленост да ставите парчиња свежо овошје и како ви се допадна?? Со кои овошја најчесто ги правите?? Дали само едноставно ги сецкате овошјата и ги додавате во јогуртот или пак ја мешате смесата со миксер??..ако знаете и некој друг вкусен рецепт за овошен јогурт споделето го овде
Јас најчесто си купувам, само еднашш или двапати сум пробала да направам. Земав блендер и во него ставив сладолед и истурив малку ладен јогурт. Пикнав внатре цели јагоди и малини и мешав со блендерот. И ми доби некоја розевкаста боја. Од тие јагоди што ми останаа , исечкав парченца и така ги нафрлив. Го оставив во фрижидер, и после 2 саата беше така густо ама многу вкусно. Башка и прелив си додадов... Само тогаш имав успешен резултат, со банана и мусли не ми испадна толку вкусно. Од тогаш не експериментирам пак , си одам во продавница и си купувам таков од кило , за цела недела да имам
Јас ги сакам, и си купувам. Не сум правела, се ми се чини дека че ми бидат кисели правените. Кај нас некако многу кисели ги прават јогуртите, ич не ми се допаѓа тоа.
Ммм обожавам овошен јогурт. Не сум направила дома, а знам дека и да правам ништо нема да излезе така да посигурно ми е да си купам
Јас со павлака го правам,со било какво овошје измиксирано за да поприми вкус и мирис павлаката,па потоа сецкам и парченца.Најубаво излегува со спитико павлката.
јас искрено да, најдов рецепт на интернет...кога ќе го издробите овошјето посипете го со степ(од вишна) зошто не содржи бел шеќер и посипете со јогурт....многу се вкусни степот му дава феноменален вкус на јогуртот...
Неоспорно е дека степот ќе го збогати вкусот,ама исто е и чиста хемија.Ако е важен само вкусот,тогаш ок,ама ако е важно и да здрав десертот,тогаш дефинитивно без степ.
Најубави овошни јогурти ми се Јогобела и Фрутегут, еднаш со цел памет сум земала диетален пола кило и одвратен беше. Јогобела најубави им се јогуртите и имаат огромни парчиња овошје, посебно им се убави јогуртите од праска и не се многу благи како тие од јагода. Фрутегут исто се убави само што немаат нешто парчиња овошје. Дома не сум пробала да правам а сега за сега не ни планирам, напорно е а вака на готово ќе си купиш и ќе си јадеш.
Има акција во маркетите плаќаш 3 земаш 4 од кои и да се си земам и најомилени ми се од праска и од малини со големи парчиа овошје јами јами и да на ЈОГОБЕЛА се најдобри !!!
Од овошни јогурти на Јогобела нормално, не за џабе се бренд, ги обожавам со праска со цели парчиња внатре , мммммм
Јас најчесто купувам јогобела од вишна,а во последно многу ми се допаѓа еден што само во веро го имам видено,од јагода е и на дното на чашата има прелив од јагода-нешто прекрасно!А кога имам време си правам со павлака и со банани-во зима најчесто
Обожавам овошни јогурти, по цели денови само тоа можам да јадам. За жал кај нас нема многу избор од купечките, а едни од ретките кои ми се допаѓаат се Јогобела и Кампина.
Мојот овошен јогурт ми е најубав со пасирано овошје и сок од истото или слатко, и мед. А, од другите активиа, имлек и еуфорија со јаболко.