Mојата коса е омбре со нијанси на црвена , не јака црвено него накај бакарна оди и посебно ми се допаѓа откако си ја направив ваква ЛД
Сум запознаена и ми се допаѓа. Облеката додуша и не многу, шознам онака ми е. За коса дефитивно најмногу. И како што отсекогаш сакав да и дадам некоја нијанса, ова ептен ми се погоди.
Многу ми се допаѓа омбре трендот, планирам косата да ја осветлам , облеката ми е супер, а ноктињата преслатки
Омилен ми е. Веќе долго време се мислам за косата, досега не сум ја фарбала па потешко ми е да одлучам. Инаку ноктите веќе 2-3 пати ми се во овој стил ( црвено-црни, крем-розево, посветло и потемно сино) ептем ми се шик, а и лесни се за правење. А и облеката не е лоша, баш интересно за промена
Ете за коса не знаев дека прават во омбре, ама за шминка, нокти и облека да. Јас најмногу ноктите ги лакирам така, а се мислам една маица одаамна да ја направам така ама уште си го чека редот.
Многу ги сакам омбре фризурките,и многу сакам така да си е направам косава ама незнам како ќе ми стои :\ Така да поарно да не чепкам,после ќе ми биде мака оти.А и ако ме зафркант,наместо омбре да ми направат нешто сосема 10то подобро не Омбре облеката не ми се допаѓа. И шминката,никогаш не ми ставила така на мене. А за омбре ноктите голем лајк
Jaс од кога видов знаев дека сакам омбре коса, и сега ми е нешто слично на ова веќе неколку месеци, само што мене природно ми е златесто црвенкаста, а надолку ја направив плава: Постојано добивам комплименти и многу си ја сакам. Но ако стане дел од униформираноста во Македонија, веднаш менувам. Сега за сега добро е.
Јас планирам косата да ја фарбам вака набрзо, доста ја жалев, време е за промени! Си барам нијанси, а овие ми се фаворити. Бидејќи се некои поголеми, отворете ги во нов таб да ви се долови сликата во целост. Spoiler
Мене ми се симпатични,а највеќе ми се допаѓа како што е на петтата слика кога бојата постепено прелева а не драстично плави врвови.
Еве едно туторијалче преку слика како може да се направи омбре во домашни услови: Мене конкретно, многу ми се допаѓа "омбре коса", и убедена бев да си ја направам така косата се' додека не видов една девојка, на која, благо кажано, воопшто не и стоеше па се замислив малце од страв да не испаднам и јас така.
Ако ти е здрава косата, би требало убаво да ти излезе. Ама на оние со полузагорена, што од преси, што од фен, би им било ужас и ќе изгледа само како подраснат корен.
^ Маца, во право е Лепа, не стои на секого. И јас бев убедена до пред скоро дека на секој му стои, ама откако видов се уверив дека и на потполно здрава коса може и те како лошо да стои. Зависи од природната боја на коса и дури и од бојата што се става. И не треба да дели многу бојата што се аплицира од онаа природната која веќе ја имаме, иако и тоа не важи секогаш - моја познаничка има темно кафеава коса и пред скоро си направи омбре со црвена боја. Нема да негирам дека одлично ѝ стои, дури да го фати мерак на човек да си направи црвени врвови! Е, има и друга што си ја пробаше среќата и верувајте не сакате да го замислите крајниот исход. Кога ја видов, си прокоментира само - М. се прашувам колку пати ќе треба да ја измијам косата за да се ослободам од ова !? Мене ми помина меракот, и суво и сурово има „омбре“ денеска. Интересно ми беше додека траеа еуфориите кај блогерките, ама веќе ми омрзна и мислам дека никогаш не би направила - едно, што немам храброст да правам такви експрименти и друго, што не сум сигурна дали и како ќе ми стои.
Да де, сфаќам дека не стои на секого, ама еве и за косата прокоментирав конкретно. Инаку, може белким со колор шампон прво да се проба, чисто да видиш дали би ти стоело, иако не би било исто ама сепак.
Со колор шампон - единствено ако имаш потемна па ставиш некоја многу посветла нијанса или ете да речеме црвена. И пак мислам дека нема да испадне ништо, зашто слабо има избор од посветлите нијанси како за овој тертип и при таквото „фарбање“ не може да се добие посветла боја - слабо „фаќа“ и едначете го со џабе потрошен мастраф. Омбре само со класична фарба. * Или хидроген или што и да се користеше за осветлување.
Имам убава коса, степенасто ми е шишана и баш најмногу заради тоа сакам омбре да се направам, ама ајде јас како што сменувам сто мислења во минута најдобро да не избрзувам. Туку, има и туторијалчиња на YouTube како може дома да се направи. Види и таму пред да си ја правиш. Колку што сфатив од нив со фарбата ги правиш последните пр. 5цм на косата оставаш пола саат, па после ги правиш последните 10цм (вклучувајќи ги и тие 5цм од претходно) и оставаш уште некое време, претпоставувам помалце од пола саат. Лесно ми се виде. Дополнително, во контекст на муабетот, јас сметам дека омбре коса бара постојана среденост, ако не ништо повеќе барем онака со четката да се профенита колку да не се разлетаат тие прамените кои се посветли од косата па да личи на неуспешна наградба повеќе отколку на омбре. А јас секојдневна среденост неможам да си дозволам зошто колку и да сакам знам да станам 15 минути пред предавање на факултет и да ја профатам само косата колку да не сум ...You know what I mean!
Јас мислам дека и тенот на кожата е битен, многу. И за обично фарбање е битен, па за ова да не збориме. Затоа сум на мисла, имам бел ама од тие грдите бели, и многу си го мразам. Да имав порцелански бел ќе си најдев одма, ама вака не знам. Мислам дека на девојките со потемен тен многу убаво им стои омбре, посебно со кафени тонови, посветли и потемни. А Лепа, јас мислам те имам видено, и мислам дека не би ти стоело лошо, само сепак, размисли си, гледај слики и ќе си одлучиш.
Spoiler И јас имам многу мерак, ама... Само што си ја пораснав косата, рамна шишана, здрава, сјајна и сеа ми е досадна. А реков не се фарбам... Веќе две недели имам желба, се надевам ќе ми помине пред да направам беља. Мене оваа посебно ми се допаѓа. Тие ептен нагло што се прекршуваат боите, па и не ми личат на ништо.. Ко да растеш коса кога си престанал со фарбање..