1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омбре тренд

Дискусија во 'Мода и стил' започната од glow, 3 август 2012.

  1. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Mојата коса е омбре со нијанси на црвена , не јака црвено него накај бакарна оди и посебно ми се допаѓа откако си ја направив ваква ЛД
     
  2. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Многу е убаво омбре на ноктии :inlove:
    Си ги направив сега бели со црн омбре на врвот мммм :inlove:
     
  3. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Сум запознаена и ми се допаѓа.
    Облеката додуша и не многу, шознам онака ми е.
    За коса дефитивно најмногу. И како што отсекогаш сакав да и дадам некоја нијанса,
    ова ептен ми се погоди.
     

    Прикачени фајлови:

  4. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Косата ДА!Планирам сега напролет да ја испробам. Во секој случај интересно. ДА се смени нешто. :)
     
  5. Peperutche7

    Peperutche7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    23
    Многу ми се допаѓа омбре трендот, планирам косата да ја осветлам , облеката ми е супер, а ноктињата преслатки :)
     
  6. Th3g1rl

    Th3g1rl Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Омилен ми е. Веќе долго време се мислам за косата, досега не сум ја фарбала па потешко ми е да одлучам. Инаку ноктите веќе 2-3 пати ми се во овој стил ( црвено-црни, крем-розево, посветло и потемно сино) ептем ми се шик, а и лесни се за правење. А и облеката не е лоша, баш интересно за промена :)
     
  7. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Ете за коса не знаев дека прават во омбре, ама за шминка, нокти и облека да. Јас најмногу ноктите ги лакирам така, а се мислам една маица одаамна да ја направам така ама уште си го чека редот.
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Многу ги сакам омбре фризурките,и многу сакам така да си е направам косава ама незнам како ќе ми стои :\
    Така да поарно да не чепкам,после ќе ми биде мака оти.А и ако ме зафркант,наместо омбре да ми направат нешто сосема 10то подобро не :)
    Омбре облеката не ми се допаѓа. И шминката,никогаш не ми ставила така на мене.
    А за омбре ноктите голем лајк :D
     
  9. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Jaс од кога видов знаев дека сакам омбре коса, и сега ми е нешто слично на ова веќе неколку месеци, само што мене природно ми е златесто црвенкаста, а надолку ја направив плава:
    [​IMG]

    Постојано добивам комплименти и многу си ја сакам. Но ако стане дел од униформираноста во Македонија, веднаш менувам. Сега за сега добро е. :)
     
  10. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Еве ја и мојата.. :lol:
     
    На Libera и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас планирам косата да ја фарбам вака набрзо, доста ја жалев, време е за промени! :lol:
    Си барам нијанси, а овие ми се фаворити.
    Бидејќи се некои поголеми, отворете ги во нов таб да ви се долови сликата во целост.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Мене ми се симпатични,а највеќе ми се допаѓа како што е на петтата слика кога бојата постепено прелева а не драстично плави врвови.
     
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Еве едно туторијалче преку слика како може да се направи омбре во домашни услови:



    Мене конкретно, многу ми се допаѓа "омбре коса", и убедена бев да си ја направам така косата се' додека не видов една девојка, на која, благо кажано, воопшто не и стоеше :D па се замислив малце од страв да не испаднам и јас така. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      78,2 KB
      Прегледи:
      527
    На drugarka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ако ти е здрава косата, би требало убаво да ти излезе.
    Ама на оние со полузагорена, што од преси, што од фен, би им било ужас и ќе изгледа само како подраснат корен.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    ^ Маца, во право е Лепа, не стои на секого.
    И јас бев убедена до пред скоро дека на секој му стои, ама откако видов се уверив дека и на потполно здрава коса може и те како лошо да стои.
    Зависи од природната боја на коса и дури и од бојата што се става.
    И не треба да дели многу бојата што се аплицира од онаа природната која веќе ја имаме, иако и тоа не важи секогаш - моја познаничка има темно кафеава коса и пред скоро си направи омбре со црвена боја. Нема да негирам дека одлично ѝ стои, дури да го фати мерак на човек да си направи црвени врвови!
    Е, има и друга што си ја пробаше среќата и верувајте не сакате да го замислите крајниот исход. :lol:
    Кога ја видов, си прокоментира само - М. се прашувам колку пати ќе треба да ја измијам косата за да се ослободам од ова !? :lol:

    Мене ми помина меракот, и суво и сурово има „омбре“ денеска. Интересно ми беше додека траеа еуфориите кај блогерките, ама веќе ми омрзна и мислам дека никогаш не би направила - едно, што немам храброст да правам такви експрименти и друго, што не сум сигурна дали и како ќе ми стои. :)
     
    На Wild-GirL и MacaLove им се допаѓа ова.
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да де, сфаќам дека не стои на секого, ама еве и за косата прокоментирав конкретно. :D
    Инаку, може белким со колор шампон прво да се проба, чисто да видиш дали би ти стоело, иако не би било исто ама сепак. :)
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Со колор шампон - единствено ако имаш потемна па ставиш некоја многу посветла нијанса или ете да речеме црвена.
    И пак мислам дека нема да испадне ништо, зашто слабо има избор од посветлите нијанси како за овој тертип и при таквото „фарбање“ не може да се добие посветла боја - слабо „фаќа“ и едначете го со џабе потрошен мастраф.
    Омбре само со класична фарба. :?:
    * Или хидроген или што и да се користеше за осветлување. :D
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Имам убава коса, степенасто ми е шишана и баш најмногу заради тоа сакам омбре да се направам, ама ајде јас како што сменувам сто мислења во минута најдобро да не избрзувам. :)
    Туку, има и туторијалчиња на YouTube како може дома да се направи. Види и таму пред да си ја правиш.
    Колку што сфатив од нив со фарбата ги правиш последните пр. 5цм на косата оставаш пола саат, па после ги правиш последните 10цм (вклучувајќи ги и тие 5цм од претходно) и оставаш уште некое време, претпоставувам помалце од пола саат. Лесно ми се виде. :)

    Дополнително, во контекст на муабетот, јас сметам дека омбре коса бара постојана среденост, ако не ништо повеќе барем онака со четката да се профенита колку да не се разлетаат тие прамените кои се посветли од косата па да личи на неуспешна наградба повеќе отколку на омбре. А јас секојдневна среденост неможам да си дозволам зошто колку и да сакам знам да станам 15 минути пред предавање на факултет и да ја профатам само косата колку да не сум ...You know what I mean! :wasntme: :)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас мислам дека и тенот на кожата е битен, многу.
    И за обично фарбање е битен, па за ова да не збориме.
    Затоа сум на мисла, имам бел ама од тие грдите бели, и многу си го мразам.
    Да имав порцелански бел ќе си најдев одма, ама вака не знам.

    Мислам дека на девојките со потемен тен многу убаво им стои омбре, посебно со кафени тонови, посветли и потемни.
    А Лепа, јас мислам те имам видено, и мислам дека не би ти стоело лошо, само сепак, размисли си, гледај слики и ќе си одлучиш.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.982
    И јас имам многу мерак, ама...
    Само што си ја пораснав косата, рамна шишана, здрава, сјајна и сеа ми е досадна. :D
    А реков не се фарбам...
    Веќе две недели имам желба, се надевам ќе ми помине пред да направам беља. :D

    [​IMG]

    Мене оваа посебно ми се допаѓа.
    Тие ептен нагло што се прекршуваат боите, па и не ми личат на ништо.. Ко да растеш коса кога си престанал со фарбање..
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.