Која салата најмногу ја сакате..? Јас најмногу сакам руска салата и макарони салата.. Ако темава е дупла или е глупа нека се избрише....
Омилена салата...?? Марула (цела зима!) Spoiler Зелка салата Spoiler Шопска салата Spoiler Пилешка... Spoiler И мноогу други во кои има работи што ги јадам (малце сум пребирлива де)
Омилена салата...?? Руска салата, ама онаа на мама. Она е најубава. Инаку, секако дека и другите спаѓаат во предвид.
Омилена салата...?? шопска со мноооооогу сиренце, руска и салата со павлака, кисели крставички, лукче и мајонез
Омилена салата...?? Шопска, пилешка, салата од макарони, руска(но без компир и кашкавал, дефинитивно е многу по лесна и освежителна), салата од свежа зелка , ситно сецкана Хахаха орееска го правевме муабетов со маж ми
Омилена салата...?? Оваа салата штотуку ја открив, т.е случајно ја прочитав низ страниците на УН диета, напишана од една членка. Зелка салата, внатре рендаш морковче едно цело и додаваш рендано свежо цвекло или пак цвекло од тегла и го сецкаш. Додаваш сол/зејтин/оцет по желба. Ептен е вкусна, плус најадува и поттикнува заситеност. Покрај тоа, многу е здрава и изобилува со разно-разни витамини потребни за организмот.
Омилена салата...?? Анабела мојата најомилена. Нон-стоп си ја јадам, но кога ќе ја направи баба ми е највкусна
Омилена салата...?? Руска, значи премногу сакам.Исто така и пилешка и шопска со многу сирење одозгора.
Омилена салата...?? Ја обожавам салатата со рендана свежа краставица,павлака,малку урда, сусам, лажичка мајонез, сол, бибер и кари Покрај оваа, втора што најчесто ја јадам и подготвувам е салата со варена пченка и павлака, сол, бибер и секако кари за мирис. Од сезонски салати најмногу ја сакам шопската, и го сакам ренданото свежо цвекло, прелиено со исцеден лимон, шеќер, сол и малку маслиново.