Оваа тема ја отворив со цел сите да споделиме по некој интересен форум на кој најчесто седиме, што е интересен и има корисни информации. Јас најчесто сум на Фемина се разбира, но ги посетувам и кајгана, таратур, идивиди и др но сакам да најдам некој сличен на фемина односно форум за девојки. Па да споделиме искустваа.. Ако има ваква тема слободно канта
Фала за предлогот..Баш ке го разгледам форумов..Иии уште само да прашам дали можам да се најавам некако (односно како на фемина што отвараме аватар)
моментално редовно на ФЕМИНА а може да се слуЧи некад да проЧитам по несто и на наекои други форуми али не бас несто Често
Нема подобар, поуреден, поквалитетен и побогат форум од оној на Кајгана. Од членови, до модератори до мислења, правила и теми.. се е како што треба. Овде многу работи би требало да се променат... Многу..
Јас мислам дека фемина е најдобар форум. И засега сум си тука за4ленета. Засекогаш верна и посветена само на Фемина во слободно време
Јас па баш спротивно мислам, ама за некои работи ќе се согласиме сигурно. Фемина е топ форум, целосна демократија владее и тролизмот е искоренет и сведен на минимум. Има многу квалитетни мислења, дозволено е коментирање политика што не е случај со кајгана , не знам што им е филмот таму кои се тие да бранат основно демократско право и ќе ми уведуваат правила политика е забранета. Очигледно има меѓу модераторите и администраторите политички ориентирани, па нејќат да трпат критики за својата партија. Епа нека бидат мажи и нека дозволат да видат какво е реалното политичко расположение, а не одма заклучуваат или бришат политички теми! Фемина е закон од тој аспект. Од технолошки аспект, сепак кајгана предничи според мене, со сета должност кон мојата сакана и почитувана Фемина. Од 2011, од кога членувам на форумов до ден денес апсолутно се е исто, а можеа да се имплементираат нови работи. Знам дека фемина користи веќе готов софтвер и платформа за форум, ама нека не се плашат да експериментираат. Еве јас со задоволство доброволно (и бесплатно) би сакал да се ангажирам и да видам што можам да направам, знам дека фемина е PHP ориентиран форум од аспект на programming language, а баш тоа растурам најмногу. Би имплементирал навидум мали, но многу корисни работи и алатки кои сите ќе ни помогнат. Чекам покана од администраторите.
Не дека правам лице, ама овој е најдобар.Овдека сум 100% посветена,активна и сакам максимално да придонесам за подобрувањето на форумот/сајтот. На многу други, како што се кајгана,црнобело,not for men, сум се зачленила = недела дена месец активност и толку! Сега ни на никовите и пасвордите не се сеќавам. Други форуми каде што сум активна и следам,се за мајчинството: рингераја, родители и деца....но не толку,зошто сега за сега немам такво искуство сеуште,понатаму сигурно многу повеќе ќе бидам активна и таму. Како и да е, Фемина е бр.1 без оглед на се....само продолжете така.