@СуперДевојка едноставно е. Телеком не може да ми менува договорени цени и не можат да и ја прекинат тарифата ако си плаќа редовно. И според писмото никаде не пишува дека ќе и ја прекинат, вика ако не ви одговара можете да го прекинете. Што ќе се случи ако не го прекине таа? За нов договор мора да се потпише, ја бараат да си избере тарифа која и одговара. Ако никоја не и одговара има опција да го прекине. Ако не го прекине, што? Кај пишува дека тие ќе го прекинат? Значи чекаат на нејзе да иде и да го прекине.
Не се бламирајте за џабе ви се молам Секоја фирма има право да повлече услуга од пазарот. По истекот на договорот што сте го потпишале, не можете да барате продолжување на истата под истите услови доколку се повлекува понудата... Ако јас нудам одржување на веб сајтови за 1500 ден месечно или во пакет - 15000ден годишно а ти потпишеш договор со мене на 2год, обврзана сум да го почитувам. Меѓувремено јас можам да ја повлечам понудата од 15.000 мкд или да ја зголемам на 20.000. За вас цената е 15.000 По истек на 2год ако ја повлечам понудата или ќе изберете нова понуда кај мене или ќе си барате друг провајдер.. Просто како грав. Не знам што не ви е јасно. Телеком еднострано ќе ја прекине услугата ако не избере тарифа. И законот е на нивна страна. Известена е, на неа останува
Па не знам како да го протолкувам последниот дел, дека ако не ми одговара ништо имам опција да го раскинам договорот до 20ти, кога ќе ми биде направена предложената промена. @Dust , за секој случај ќе кренам малку џева, може и ќе упали нешто.
Јас секогаш толкувам како што мене ми одговара @Dust и јас сум на стара тарифа па ми беше кажано дека можам да си користам старата тарифа, ама не добивам попуст на телефон ако сакам да продолжам договор на неа. Значи ги немам привилегиите кои ги имаат корисници што се на нови тарифи ама никој не ме принудува да ја променам. Плус со напредок на технологија обично се оди на намалување на цената на тарифите и создавање подобри понуди, па сите секогаш ги продолжуваа. Тарифите нови им се тотално несоодветни со старите и затоа бараат начини да ги принудат потрошувачите да се префрлат. Ме викам дека не може да менуваат, ама можам и јас да се зафркавам со нив колку сакам. Како што на пример во Германија и Австрија и да ти е исклучен интернетот од мобилниот, да ти е наместено да не ти се коментира на интернет во роаминг, наплаќаат што пробал да се конектира телефонот и не успеал, значи наплаќаат што излегол повик за интернет без разлика што јас не сум се поврзала и во телефонот не сум добила повратен имтернет. И така, во извештај стои дека наплаќаат за 0 kb интернет. И да, поднесов приговор. За смешни 100 и нешто денари ама поднесов. И го добив, иако од нивна гледна точка не бев во право. Значи ако не бараш - ништо не добиваш.
Кога сме веќе кај договори, да ме упатите. Од кабелскиот оператор сами си го имаат продолжено договорот автоматски, и тоа мислам 20тина дена пред истекот на договорот. Претходно прашував кога истекува истиот,, 1ви октомври рекоа, викам добро некој ден пред тоа ќе отидам, не ми рекоа за унапред најавување. Сакав да вратам опрема и да преминам на друг оператор заради катастрофалната услуга, и ми викаат договорот е продолжен автоматски, пошто унапред не сте најавиле раскинување. Без мој потпис, без ништо. Лом се направивме и ништо.Го листав договорот никаде нема таква клаузула. Ќе направам се само да расчистам со нив, али не ми се плаќаат пенали. Што можам понатаму ?
Тарифата МОЖЕШ да ја користиш додека постои. Оваа на членката ја укинуваат и крај на приказната. Ако и твојата ја укинат ќе мора да бираш нова. Џабе галама кренавте Јас сум пост пејд на вип и последниве 30 дена два пати бев во Германија, само што слетав во МК, ај назад.. што значи 3 недели престој таму, па никогаш (ни сега ни порано) не ми наплатиле
И мене никогаш до претпоследниот пат кога одев. И последниот, само во Австрија додека брзав на аеродром да го фатам следниот лет. Потоа во холандија ништо. Измеѓу тоа пак бев во холандија и ништо. Значи само во Германија и Австрија. Очигледно си играат нешто Наплатите стојат во детална сметка, ваљда знам што сум гледала. Најмалку битно. Нема да ми ја укинат пошто секако ќе прекинам договор сега. Ама работата е што промо тарифи се нудат за да привлечат претплатници. И кога веќе има тарифа дизајнирана за неа, значи има флексибилност и да преговара за условите. Не реков дека не можат да ја сменат туку апсолутно може да ги изнамачи за промената.
Kako што кажа и ти демек привилегираната тарифа што ми ја понудија, во старт е полоша од многу други тарифи, еве ја мојата понуда: А еве им две од редовните понуди: да не ни спомнувам за ВИП и Lycamobile. A ако земам само VIP сим картица без телефон, таа понуда е 449 месечно. или ќе ја земам следнава и чао Телеком Spoiler: плус и бонусов
@LollySky точно тома ми беше поентата. Ем пробуваат да ти наметнат тарифа која е многу полоша од оние што им се редовни - ем се преправаат како да ти прават услуга "имаш избор да ја прекинешш без надоместок" - што ти и онака го можеш, штом се поминати првите 2 години од договорот на доверба. Едноставно играа прљаво, пробаат со финти да се направат добри, демек се грижат за корисниците, а не за профитот. Еве ти нудиме за 100 денари поевтина тарифа, ако е далеку полоша од онаа што е 100 денари поскапа. Зошто го спонав мојот приговор? Затоа што во одговорот на приговорот ми беа напишале: "Иако не сте во право решивме да ви го прифатиме затоа што сме кориснички орентирана компанија." Е, и на тоа реагирав.
Јас од тогаш раскрстив со Телеком. Сега ќе го откажам мојот број и ќе земам од фамилија бројот на сестра ми што ќе остане. Додека тој истече се надевам и јас дека ќе заминам од државата
Може малку доцнам со одговоров Оди во експозитура, треба да потполниш ново барање со уплата од 200 денари и пинот би требало да стигне за 10 дена
Некои убави хотели во Скопје, па и не многу скапи барем до 30€ од човек да е, без јадење, ми треба да резервирам за 4 дена. Па некој што е од Скопје да ми препорача секако може и други кои не се од таму битен ми е хотелот ?