Девојче јас ти кажувам дека се јавував на евн исто, ама пред 2 год, и немав ништо плус на сметката. Од а1 на т-мобајл вртев, читај малку. Убав ден
Јас се имам јавувано два пати досега, еднаш 250 ден плус еднаш 500 ден плус на сметката дојде. Се наплаќа на евн 25 ден/мин.
Ауу а јас па не знаев дека се наплаќа овој број толку скапо. Кај нас често нема струја а ние често вртиме, работата ни зависи од струја и со време ни е врзана па затоа и одма реагираме. Ама па поима немав дека е изгор Знам дека некогаш имавме разлики во сметките големи, не ми текнало ич на ова
Дали некој знае каде можам да најдам ваков шал (бојата не е важна, должината и материјалот ми се важни)? https://www.instagram.com/reel/Caba156FaTW/?utm_medium=copy_link
Дали на овие две страни треба да се најавам со исто корисничко име и лозинка или посебно?На ППД се најавувам со акаунт што ми го имаат направено во ујп ама на е-даноци не можам со истото да се најавам.Треба ли пак да се регистрирам или како?
Знае ли некој дали важи уплата за Б категорија уплатена пред 5 години, часеви извозени, положени тестови, сега со доплата пр. да се возат часеви и потоа полигон, градска тоа што следи... ??
Во амсм ? Ако ти е таму уплатено не знам.. Ако чуваш уплатници да одиш кај детоил во седиштето на авто испитен да си прашаш. Часовите и првата помош важат доживотно .
А тестови? Во автошкола, не во амсм. Инаку да, ја чувам уплатницата, една е во готово платена , на нејзе има само потпис од директорот на автошколата.
Тестовите не во автошколата. Искрено не ни памтам во здружение вајда. Криво ми е и за тестовите, ама уплатава од 500€ ако не е изгорена, добро ке биде. Јас одамна мислев дека ништо не важи, а денес случајно ми спомнаа дека можно е да ми важат
Часовите и првата помош 100 % важи. Не сфатив дали и полигонот и градска ти се уплатени ама ако да земи уплатниците и оди во седиште па ќе ти кажат. Ќе ти треба ново лекарско исто. А зошто си баталила се ?
Уплатено ми е се. Извозив часеви. Полагав тестови, ги положив. Паднав на полигон, ама стварно јас незнаев да возам сеуште, не ни сакав да пробам пак. Сега ми треба, и во план сум одново да уплаќам, ама денес случано уз муабед ми кажаа дека уплатата ми важи, само ке треба да си уплаќам за плус колку часа ке сакам да возам, за лекарско, итн.