За работа административен службеник наведена е минимална плата но не пишува кои квалификации се потребни и дали и какво високо образование е потребно. Претпоставувам правен факс треба, но нели е мала таа плата за стручна струка?
Колку би ме чинело реновирање дома? Треба да се сменат прозори, да се стави ламинат врз паркетот или некоја опција ако има да се зачува паркетот (мада ептен е крш изгребан и исцрнет е целиот), и кречење ќе треба сигурно барем тие ѕидови кај што се прозорите пошто кречено е пред неполна година, да се направи кујна од корен нова, да се купи мебел за дневна и трпезарија (без гарнитура, постоечката ќе ја претапацирам), и спална сосе кревет и плакари... Знам дека се е поскапено и дека дамла ќе ме удри колку ќе треба да се потроши ама немам претстава отприлика како идат цените...
Луѓе како се справувате со доставувачиве што не се најавуваат порано за пратка? По не знам кој пат, ми се јави доставувач за пратка од пред зграда, а јас сум на работа. Му викам во петок ако може, ааа не можел типот, и ми ја оставил во кафичот до зградата а тие вработени таму не ги познавам, и непријатно ми стана. Треба ли да нагласувам при нарачка да ми се јават ден порано??
Исто и мене ,ми се одмили да порачувам онлине ...ми ѕвони иста секунда ,пред врата сум за пратката ,добро треба од тој период кога доставуваат дома да седиме и штом заѕвонат одма да се нацртаме пред врата
Никој нема да ти се јави ден порано. Имаат премногу работа со ова Тему,и презафатени се. Т.е не им е задача да ти се јават ден порано. Затоа пиши си ја адресата кај што работиш,секако доставуваат од сабајле,освен ако не одиш во смени
Ама не може “не им е задача да се јават порано“ Порано се јавуваа. Ајде не мора ден порано ама бар саат порано знам дека се јавуваа, па ќе се разберевме. Јас работам комбинирано, некои денови во канцеларија а некои дома, и битно ми е да знам дали ќе дојдат за тој ден да останам од дома. Не можам да ја пишам ни адресата од кај што работам затоа што и таму не сум секој ден
Порано немаше тему,сега скоро па сите пратки се од таму. Ти кажав,хаос невиден е. Не им е гајле,ниту планираат да се замараат со мене тебе,трајко или мимоза. Едноставно си прават како нив им одговара. Јбг Инаку заборавив да ти кажам Последната пратка кога требаше да ми ја достават,ми се јавува тој кретенот,и ми вика оди земи си а од таму и таму. Немав време да ти ја доставам до дома.
Јас сега не нарачав од Тему туку од еден наш дуќан од Македонија, али ваљда да, хаос се. Не ни знам од која пошта беа овие.
Мене ми ѕвонел не го слушнав телефонот, му се јавувам за кратко откако ми заѕвонал му викам можиш да ми ја доставиш пратката, ми вика а нема готово те барав заминав по села сега, му прам да се наџемо на пола пута ко ќе се враќаш и само добив одговор утре ќе ти ја доставам и ми го акна телефонот ми исклучи
Мајка ми стави два, само првиот месец имаше подобрување, сега пак по старо, никаков ефект. А има и задоволни.
Најмалку 20 000 еур, ако купуваш по пониска цена. Еве на грубо кај нас само за дневна соба пред 3 години, не ги вклучувам другите соби иако се ни беше реновирано. Прозорци 1500 еу,кујна 3000 еу,комоди 1500еу,гарнитура 1000 еу,завеси 400 еу, фрижидер 500 еу , тоа во моментот ми текна. Глетување, мазнење 1600 само за дневната. Ова само за дневната соба. Плус за другите соби.
Се сетив дека имав слична случка, не паметам што имав нарачано. Ми звони тој и вели симни се,а јас бев во тоалет имав дијареа велам океј за пет минути. Кога почна да се објаснува, немал време, не би платен, ако му дадам 2€ ќе почекал. Генијална идеа добив Велам јас сум на шоља имам дијареа,ако сакаш 2€ качи се до горе ќе ти дадам само не можам да гарантирам дека ќе имам време да измијам раце. На крајот сепак си почека доле,кога се симнав посрамен си замина.
@FreeToGo Доколку не можеш воопшто да се разбереш со доставувачот, јас лично би реагирала кај оние од кои нарачувам. Пример да речеме, нарачуваш од Зара. Ќе реагираш кај нивната служба, ќе објасниш фино и културно каква е ситуацијата. А не вака да испаѓа дека не сакаш да ја подигнеш пратката и тие ќе си реагираат во карго компанијата