1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи прашања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 10 декември 2011.

  1. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.537
    За работа административен службеник наведена е минимална плата но не пишува кои квалификации се потребни и дали и какво високо образование е потребно. Претпоставувам правен факс треба, но нели е мала таа плата за стручна струка?
     
  2. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    7.569
    Пол:
    Женски
    Колку би ме чинело реновирање дома?
    Треба да се сменат прозори, да се стави ламинат врз паркетот или некоја опција ако има да се зачува паркетот (мада ептен е крш изгребан и исцрнет е целиот), и кречење ќе треба сигурно барем тие ѕидови кај што се прозорите пошто кречено е пред неполна година, да се направи кујна од корен нова, да се купи мебел за дневна и трпезарија (без гарнитура, постоечката ќе ја претапацирам), и спална сосе кревет и плакари...
    Знам дека се е поскапено и дека дамла ќе ме удри колку ќе треба да се потроши ама немам претстава отприлика како идат цените...
     
  3. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Машки
    Луѓе како се справувате со доставувачиве што не се најавуваат порано за пратка?

    По не знам кој пат, ми се јави доставувач за пратка од пред зграда, а јас сум на работа. Му викам во петок ако може, ааа не можел типот, и ми ја оставил во кафичот до зградата а тие вработени таму не ги познавам, и непријатно ми стана. Треба ли да нагласувам при нарачка да ми се јават ден порано??
     
  4. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    2.931
    Исто и мене ,ми се одмили да порачувам онлине ...ми ѕвони иста секунда ,пред врата сум за пратката ,добро треба од тој период кога доставуваат дома да седиме и штом заѕвонат одма да се нацртаме пред врата
     
    На Eunoia, FreeToGo, Ta-mara и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ItsmeH

    ItsmeH Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2025
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    127
    Никој нема да ти се јави ден порано.
    Имаат премногу работа со ова Тему,и презафатени се.
    Т.е не им е задача да ти се јават ден порано.
    Затоа пиши си ја адресата кај што работиш,секако доставуваат од сабајле,освен ако не одиш во смени :)
     
  6. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Машки
    Ама не може “не им е задача да се јават порано“ :) Порано се јавуваа. Ајде не мора ден порано ама бар саат порано знам дека се јавуваа, па ќе се разберевме.
    Јас работам комбинирано, некои денови во канцеларија а некои дома, и битно ми е да знам дали ќе дојдат за тој ден да останам од дома. Не можам да ја пишам ни адресата од кај што работам затоа што и таму не сум секој ден :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ItsmeH

    ItsmeH Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2025
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    127
    Порано немаше тему,сега скоро па сите пратки се од таму.
    Ти кажав,хаос невиден е.
    Не им е гајле,ниту планираат да се замараат со мене тебе,трајко или мимоза. Едноставно си прават како нив им одговара. Јбг

    Инаку заборавив да ти кажам
    Последната пратка кога требаше да ми ја достават,ми се јавува тој кретенот,и ми вика оди земи си а од таму и таму.
    Немав време да ти ја доставам до дома.
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Машки
    Јас сега не нарачав од Тему туку од еден наш дуќан од Македонија, али ваљда да, хаос се. Не ни знам од која пошта беа овие.
     
  9. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Машки
    Мене ми ѕвонел не го слушнав телефонот, му се јавувам за кратко откако ми заѕвонал му викам можиш да ми ја доставиш пратката, ми вика а нема готово те барав заминав по села сега, му прам да се наџемо на пола пута ко ќе се враќаш и само добив одговор утре ќе ти ја доставам и ми го акна телефонот ми исклучи :|
     
    Последна измена: 20 август 2025 во 14:37