Ова многу зависи од тоа колкав ти е буџетот, а секако зависи и од квадратурата на просторот. За околу 60 квадрати стан прозори и ролетни околу 1000 еу, ламинат има од 10 еу нагоре квадрат - но, ако има можност да се зачува паркетот е најубава опција. Врати од 100-120 еу нагоре. Кујна под 2000 еу не верувам да направиш - ако е помала квадратура, ако е поголема повеќе, спална соба 1500-2000 еу со се кревет и душек, освен ако не најдеш некоја комплет од салони за мебел. Гарнитура не ти се исплаќа да претапацираш, од она што знам горе-доле тука некаде фаќа финансиски како нова да си купила. За мебел разгледај си по салониве ќе видиш цени за отприлика она што ти се свиѓа.
Зошто да си го уништите и покриете паркетот со ламинат кој е обична пресирана хартија. На паркетот му треба брусење и лакирање, ќе биде како нов потоа. Со брусење ќе се измазни целосно, се што е црно ќе излезе, празнини што има низ него се пополнува тоа се, и ќе се осветли, буквално како тогаш да е нов нареден. За крај, лак има мат и има стандарден што е со отсјај. Безвременска природна убавина е паркет.
Се согласувам, најдобра опција би било да се задржи паркетот. Само не бев сигурна дали може да се среди. Колку би чинело брусење и лакирање дали знаеш? И контакт од некого случајно да не имаш? Tnx
Искрено не знам како се движат цените по м² моментално, но верувам дека не е енормна сума. Доколку си од Скопје може да видиш на линкот паркетари. https://zk.mk/parketari-individualci/skopje
Не е точно дека ефтина варијанта е брусење и лакирање, моите неколку пати на неколку години го стругаат и реално не е исплатливо. А да не зборувам дека за една соба треба денови. Со мали деца е многу терсене, мириса цел спрат само од една соба. Можеби изгледа поубаво, ама многу тешко за одржување и лесно се оштетува. Ламинат е полесно за одржување, ако се оштети лесно се заменува. Јас пархет заменив со ламинат и воопшто не се каам, и другиот спрат ке го заменам. Има поскап ламинат поубав и далеку е посплатливо заменувањето ако се оштети. Имај на ум дека пархет вода не трпи. Кај нас во едно невреме додека варосувавме дома имаше една соба река вода, прозорците додека затвореме, да беше пархет ќе мораше да се вади а ова помина без никаква оштета. Сепак вие си знаете за што си имате желба.
На одржуван паркет и на кој се ставил квалитетен лак не му треба ново брусење минимум 10 години. Е ако се туркаат столици, кревети или ако земи некој намерно да греби тоа е друго. Поисплатливо е едно стругање на 10 години отколку нов ламинат секоја втора година, и цените на ламинат не се баш ниски како порано. Паркет не се крева туку така од вода, треба поплава да има па да се крени, ова за паркет реден одамна кај што се користеле подобри лепаци од сега.
Јас не мислам дека паркетот е полоша опција од ламинат. Со соодветно одржување трае, кај нас после неколку години од обновување изгледа како нов. Одвреме навреме го поминувам и со парочистач, нема никакви оштетувања од тоа. Голема количина на вода и ламинат не трпи, може да се крене и сл. Дека е полесен за замена и поефтин се согласувам, ама паркетот е чисто дрво, лично за око ми е плус поестетичен. Но, ќе се согласам дека обновувањето е потежок процес, ама мислам дека сега има лакови на база на вода (можеби грешам за ова - така ми е останато во сеќавање) кои не смрдат како некогашните.
Кај нас немаше воопшто стругање, мајка ми баш внимава дома, и пак немаше 10 години поминато. Не беше партал ама моите сакаат ептен како аптека да нема линија па затоа почесто се лакира. На секој тоа не му смета па вели дека е супер. Плус секогаш ставаат најдобар, баш од таа причина да не го менуваат често. Прилично скапо го платија, и сјајот му се губи па и затоа почесто сакаат лакирање.
Пред пола година прашував, цените за брусење и лакирање на паркет се движеа околу 11-14 евра м2 со нивен материјал. Само прво средете го пракетот, па потоа кречете ѕидови.
Паркет е каде каде подобра одлука отколку ламинат. Мене цел стан ми е паркет, освен детска, таму ставивме по квалитетен ламинат. Паркетот е и нај природен и нај убав за газење. Нас ни го стругаа и лакираа, предобар испадна. Ама и многу го чуваме. Дечкиве се супер, моја препорака "Parket Don Skopje".
Таман решив филм да гледам после сто години, и плеерот што го користам vlc не ми го чита филмот. И сега чаре? Пробувам да направам апдејт ама не оди, која можам некој нов филм да изгледам? Фала
Во Солун каде е најдобро да се паркира за да прошеташ и да си блиску низ центарот и која е цената на паркингот? Исто, ме интересира како се плаќа, со ќеш или преку порака праќање? Сме иделе само преку агенции на тие еднодневни тури шетање низ Солун, баш највеќе ради ова со паркингот што е хаос таму. Прв пат се решивме со кола да идеме со дечко ми, па реков да не лутаме низ град за паркирање, да ми каже некој посигурна информација.
Има 2 отворени паркизи близу Aristotle square (едниот е кај Thessaloniki Port Makedonia, другиот кај Holocaust memorial), a може да се паркира и во уличките, билет се купува во трафиките. Разгледај на google maps за да имате подобро претстава. А има и неколку катни гаражи низ центрот.