Општи прашања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 10 декември 2011.

  1. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Не сум јас ич по пирс, повеќе сакам тетоважи :D
     
    На sweet dreams **, anggell и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  2. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    3.430
    Ова многу зависи од тоа колкав ти е буџетот, а секако зависи и од квадратурата на просторот.

    За околу 60 квадрати стан прозори и ролетни околу 1000 еу, ламинат има од 10 еу нагоре квадрат - но, ако има можност да се зачува паркетот е најубава опција. Врати од 100-120 еу нагоре.

    Кујна под 2000 еу не верувам да направиш - ако е помала квадратура, ако е поголема повеќе, спална соба 1500-2000 еу со се кревет и душек, освен ако не најдеш некоја комплет од салони за мебел.
    Гарнитура не ти се исплаќа да претапацираш, од она што знам горе-доле тука некаде фаќа финансиски како нова да си купила. За мебел разгледај си по салониве ќе видиш цени за отприлика она што ти се свиѓа.
     
    На SummerGirl и rainbowec им се допаѓа ова.
  3. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.157
    Зошто да си го уништите и покриете паркетот со ламинат кој е обична пресирана хартија. На паркетот му треба брусење и лакирање, ќе биде како нов потоа.
    Со брусење ќе се измазни целосно, се што е црно ќе излезе, празнини што има низ него се пополнува тоа се, и ќе се осветли, буквално како тогаш да е нов нареден.
    За крај, лак има мат и има стандарден што е со отсјај.
    Безвременска природна убавина е паркет.
     
    На bookslover, eliesaab, Bebce1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    11.040
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, најдобра опција би било да се задржи паркетот. Само не бев сигурна дали може да се среди.
    Колку би чинело брусење и лакирање дали знаеш? И контакт од некого случајно да не имаш? :) Tnx
     
    На jungle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.157
    Искрено не знам како се движат цените по м² моментално, но верувам дека не е енормна сума.
    Доколку си од Скопје може да видиш на линкот паркетари.
    https://zk.mk/parketari-individualci/skopje
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.240
    Допаѓања:
    14.890
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека ефтина варијанта е брусење и лакирање, моите неколку пати на неколку години го стругаат и реално не е исплатливо. А да не зборувам дека за една соба треба денови. Со мали деца е многу терсене, мириса цел спрат само од една соба. Можеби изгледа поубаво, ама многу тешко за одржување и лесно се оштетува. Ламинат е полесно за одржување, ако се оштети лесно се заменува. Јас пархет заменив со ламинат и воопшто не се каам, и другиот спрат ке го заменам. Има поскап ламинат поубав и далеку е посплатливо заменувањето ако се оштети. Имај на ум дека пархет вода не трпи. Кај нас во едно невреме додека варосувавме дома имаше една соба река вода, прозорците додека затвореме, да беше пархет ќе мораше да се вади а ова помина без никаква оштета.
    Сепак вие си знаете за што си имате желба.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.157
    На одржуван паркет и на кој се ставил квалитетен лак не му треба ново брусење минимум 10 години.
    Е ако се туркаат столици, кревети или ако земи некој намерно да греби тоа е друго.
    Поисплатливо е едно стругање на 10 години отколку нов ламинат секоја втора година, и цените на ламинат не се баш ниски како порано.
    Паркет не се крева туку така од вода, треба поплава да има па да се крени, ова за паркет реден одамна кај што се користеле подобри лепаци од сега.
     
    На SummerGirl, anaja1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    3.430
    Јас не мислам дека паркетот е полоша опција од ламинат.

    Со соодветно одржување трае, кај нас после неколку години од обновување изгледа како нов. Одвреме навреме го поминувам и со парочистач, нема никакви оштетувања од тоа.

    Голема количина на вода и ламинат не трпи, може да се крене и сл. Дека е полесен за замена и поефтин се согласувам, ама паркетот е чисто дрво, лично за око ми е плус поестетичен.

    Но, ќе се согласам дека обновувањето е потежок процес, ама мислам дека сега има лакови на база на вода (можеби грешам за ова - така ми е останато во сеќавање) кои не смрдат како некогашните.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.240
    Допаѓања:
    14.890
    Пол:
    Женски
    Кај нас немаше воопшто стругање, мајка ми баш внимава дома, и пак немаше 10 години поминато. Не беше партал ама моите сакаат ептен како аптека да нема линија па затоа почесто се лакира. На секој тоа не му смета па вели дека е супер.
    Плус секогаш ставаат најдобар, баш од таа причина да не го менуваат често. Прилично скапо го платија, и сјајот му се губи па и затоа почесто сакаат лакирање.
     
  10. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.851
    Допаѓања:
    14.886
    Пол:
    Женски
    Пред пола година прашував, цените за брусење и лакирање на паркет се движеа околу 11-14 евра м2 со нивен материјал.
    Само прво средете го пракетот, па потоа кречете ѕидови.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    12.458
    Пол:
    Женски
    Паркет е каде каде подобра одлука отколку ламинат. Мене цел стан ми е паркет, освен детска, таму ставивме по квалитетен ламинат. Паркетот е и нај природен и нај убав за газење. Нас ни го стругаа и лакираа, предобар испадна. Ама и многу го чуваме. Дечкиве се супер, моја препорака "Parket Don Skopje".
     
    На bookslover, SummerGirl, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    17.806
    Важечки ли се личните карти без "Северна"? Ќе поминам ли кај нотар со лична карта со старото име?
     
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    19.334
    Пол:
    Женски
    Каде да се пријави производ од Кам што нема рок на траење на него?
     
  14. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    1.090
    би требало во ахв ( агенција за храна и ветеринарство)
     
  15. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.452
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Таман решив филм да гледам после сто години, и плеерот што го користам vlc не ми го чита филмот. И сега чаре? Пробувам да направам апдејт ама не оди, која можам некој нов филм да изгледам? Фала
     
  16. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.250
    Пол:
    Женски
    Кај Нотар да, лк без Северна може, пасош без Северна не
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    2.642
    Пол:
    Женски
    Во Солун каде е најдобро да се паркира за да прошеташ и да си блиску низ центарот и која е цената на паркингот? Исто, ме интересира како се плаќа, со ќеш или преку порака праќање?
    Сме иделе само преку агенции на тие еднодневни тури шетање низ Солун, баш највеќе ради ова со паркингот што е хаос таму. Прв пат се решивме со кола да идеме со дечко ми, па реков да не лутаме низ град за паркирање, да ми каже некој посигурна информација.
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    10.544
    Пол:
    Машки
    АХВ / Државен инспекторат
     
  19. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.851
    Допаѓања:
    14.886
    Пол:
    Женски
    Има 2 отворени паркизи близу Aristotle square (едниот е кај Thessaloniki Port Makedonia, другиот кај Holocaust memorial), a може да се паркира и во уличките, билет се купува во трафиките.
    Разгледај на google maps за да имате подобро претстава.
    А има и неколку катни гаражи низ центрот.
     
    На marsilia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    12.458
    Пол:
    Женски
    Дали имате купувано од некаде чадор за плажа со ув фактор и да сте задоволни? Некоја препорака?
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.