Каков телефон имаш? Ако имаш андроид автоматски го намалува квалитетот на видеа и нема што многу да се направи. Исто така во settings - media quality треба да означиш upload at highest quality. Мислам дека слична опција постоеше и при самото постирање на рил која исто треба да ја одбереш.
За да се опуштат мускулите во цревата нешто така демек имало ефект , добро влијаел на цревата ама па пишува да не се користат долго време
Избрано е highest quality ама ништо. Очигледно не е до камерата, туку инстаграмот го намалува квалитетот, ги компресира видеата, или до андроид системот.
Најверојатно е до Андроидот. Јас цело врмее сум на Ајфон, но имав момент од неколку години кога користев Самсунг. Постовите од тој период ми се крш.
Ај и овде да прашам, пошто кога и да се пише нешто сите имаат ајфони , а кога ќе Ве праша човек за нешто , никој да пише Дали вреди ајфон 16про Дали трае батеријата и Дали вади добри слики ? И дали може некој кој го има тел да ми прати слики во порака , навечер какви слики вади телефонот . Фала однапред
Јас про никогаш не сум користела, мене лично ми е прескапи за перформансите и мн ми се големи. Освен ако ептен нешто ти брка работа ок, инаку според мене не вреди
Банкоматот на Халк банка ко клавав депозит ми зеде парите а пресметка помалце, и потполнав жалба наредниот ден еве веќе втор ден е и сеуште нема ништо, за колку време се средува ова?
Треба да одам на лекарски преглед во странство, е сега ме буни моментот во однос на боледувањето. Дали се вади некакво посебно боледување зошто ќе треба да излезам од земјава или со обично боледување се покрива? Може звучи глупаво прашањево ама стварно немам поим на темава
Во кој мол во Скопје е најдобро, за прошетка со две годишно дете? Да има игротека а по можност и некоја книжарница
Игротека имаш во Дајмонд и во Капитол, книжара имаш во сите молови, Просветно дело, Офис плус, Литература...
Во Ист Гејт игротеката што беше горе е затворена, ама најдоле, пред тинексот има некои куќички и тобоганчиња, на син ми му е интересно таму. Има и bouncy castle, ама таму не сме биле Srekja Kids - East Gate Mall https://share.google/3vbwX5PJ4p1jQiPIS Ги има сите книжари, Просветно дело, Офис плус, Три и огромна Литература. Во Џевахир има убава, голема игротека, со песок, колички за возење, флипери и свашта, има и Просветно дело, ама многу за шетање нема. Во другите молови не знам каква е состојбата, одамна не сум била. Едит: еднаш поодамна во Дајмонд ми кажаа дека деца помали од 3 години не пуштаат во игротеката, не знам дали е уште така.
Може не е прашањево за овде ама не би знаела во која тема да го пишам. Имам комшија кој во неколку наврати му се дере на син ми (6год) еднаш и го удри. Имам ли право да го пријавам? Не дека нешто ќе направат од полиција ама за инат, да види дека не смее веќе така. Иако многу пати е запрено со него. Џабе е. Некогаш знае да го извреѓа како не е воспитано.
Го удрил???? Зошто уште тогаш не си пријавила? Одма дда го пријавиш, кој е тој да ти удира дете, па уште и да го навредува, утре може тие навреди да имаат последици врз детето.
Некој ти го малтретира детето и прашуваш дали смееш да го пријавиш?Да, се подразбира дека треба да направиш нешто...
не сакав да навлегувам во детали. Уствари блиска фамилија ни е, куќа до куќа и него ни сопствениот син не го сака од толку што е занигде. Зборено е со него ама џабе јер е од тие типови на луѓе дека е свезнаен и дека секогаш е во право. Ама денес ми прекипе и едвај се воздржав па сакав да прашам дали е можна опцијата пријавување во полиција зашто изгледа луѓево не те сваќаат сериозно додека не направиш скандал.