Направив едно истражување, чудно ми беше што цените за достава се напишани во марки, потоа видов дека истата страна ја има и во Босна (https://capone.ba/), веројатно дирекно превеле без да проверат. Тие во Босна имаат инстаграм на кој постираат повеќе од година дена (https://www.instagram.com/capone_ba/), ама исто изгледа чудно, без коментари, ништо. Всушност чевливе и ташниве се турски, и ова е оргиналната страна, кај што пишува дека имаат продавница и во Македонија https://www.caponeoutfitters.com/about-us, и навистина имаат, во Струмица, https://www.facebook.com/CapOneMk, имаат и инстаграм. Ама тука воопшто не е наведена таа веб страна што ти ја напиша, нарачки се преку ДМ веројатно. Јас не можам да заклучам дали е леџит, можеби пиши и прашај ги овие од Струмица за страницата или пак... на шопинг во Струмица.
Еј фала ти, јас не побарав толку многу. Ова ми е чудно без коментари и лајкови, така да мислам дека ќе си останам на купување од продавница во живо. Плус, скроз различни модели ми личат овие во Струмица и овие на наведенава страна.
Дали некој ги има користено овие? Дали се залепуваат како шо треба и дали седат така цел ден? И дали се универзален број или да бирам според мојот број на градник?
Имам проблем да се најавам на интернет банка откако сменија и страна и ја пуштија апликацијава со генерирање кодови и слични глупости. Дали некој може да ми објасни како да го решам ова. Кога одам на интернет банка да си проверам сметка ми се појавува следново подоле на сликава. А кога одам на м токен ми бара да ги внесам некои 9 цифри што треба да ги видам на интернет банка за потоа да кликнам генерирај код, која неможам да ја отворам бидејќи ми го бара кодот за да ми отвори.....и така одиме во круг.....
Јас имам од вториот модел, го купив на зелено пазарче, универзален број е. Го имам носено на 3 целодневни свадби и одлично стои, има многу јак силикон што лепи, за да го извадам морам појако да го истегнам за да го тргнам од градите. Јас многу се потам и имам приметено дека не ми се одлепува по рабовите, како ќе го наместам така си стои.