Направив едно истражување, чудно ми беше што цените за достава се напишани во марки, потоа видов дека истата страна ја има и во Босна (https://capone.ba/), веројатно дирекно превеле без да проверат. Тие во Босна имаат инстаграм на кој постираат повеќе од година дена (https://www.instagram.com/capone_ba/), ама исто изгледа чудно, без коментари, ништо. Всушност чевливе и ташниве се турски, и ова е оргиналната страна, кај што пишува дека имаат продавница и во Македонија https://www.caponeoutfitters.com/about-us, и навистина имаат, во Струмица, https://www.facebook.com/CapOneMk, имаат и инстаграм. Ама тука воопшто не е наведена таа веб страна што ти ја напиша, нарачки се преку ДМ веројатно. Јас не можам да заклучам дали е леџит, можеби пиши и прашај ги овие од Струмица за страницата или пак... на шопинг во Струмица.
Еј фала ти, јас не побарав толку многу. Ова ми е чудно без коментари и лајкови, така да мислам дека ќе си останам на купување од продавница во живо. Плус, скроз различни модели ми личат овие во Струмица и овие на наведенава страна.
Дали некој ги има користено овие? Дали се залепуваат како шо треба и дали седат така цел ден? И дали се универзален број или да бирам според мојот број на градник?