Се сложувам, кога заедницата има правна рамка, полесно е и за државата, но и за луѓето што се во истата. Според мене целта е правната рамка. И вонбрачната заедница е правно заштитена, но во помал обем од брачната. Мислам дека и поголем број од луѓето што се заговорници на неконвенционален брак, сепак склучуваат брак токму од тие причини, се што ќе се стекне во брак се дели на пола, нема потреба од признавање на татковство, во случај на развод следи алиментација доколку еден од нив не работи и она што ги разликува од вонбрачната е дека се наследуваат меѓусебно и имаат право на семејна пензија во случај на смрт. И борбата за хомосексуалните бракови според мене е од истите причини, за што според мене имаат право и треба да им се дозволи. А во врска со темава отворен брак, мислам дека секој треба да си го уредува меѓусебниот однос онака како што за него е најдобро, меѓучовечките односи се комплицирани и не постои универзално правило кое ќе важи за секој однос и за секого. Постојат и фиктивни бракови од различни причини, па за нив никој посебно не се возбудува, веројатно дека во нив нема многу на тема секс. Јас лично за себе не сакам таков брак, ниту пак би прифатила таков однос. Ако во одреден момент би имала потреба да го замислам партнерот со друга поради возбуда, едноставно би го замислила, односно се би останало на фантазија. Мислам, ако ми е потребно да го замислам, стварно не гледам причина зошто он баш да мора фактички да биде со друга, сепак се работи за замислување, не за гледање.
Ова неколку пати го имам прочитано од тебе во повеќе теми. Зошто е тешко да се разбере дека не секој има потреба да зборува за секс? Не е срам, не сме светици, не сме ги зачнале со воздух децата ама ете немам потреба за такви споделувања ни на анонимен форум. Во врска со темата, не би била во отворен брак. Ама бракот на @WildMk според напишаното ми звучи за поуспешен од тие што ги спомнувате што го прават истото зад грбот на сопружниците, а ги има многу. Ако се согласни двајцата значи нема повредени, нема лоши чувства, така што правете како ви одговара во вашиот брак.
На кратко Од ваква дама со отворен брак и екс мм како просјак ме изгуби мене а покрај мене и децата.13 год поминаа од тогас.Керка ми сега е 18 а син ми 15.За нив татко како да не постои.
Иако сум моногамна личност, многу ме интересираат овие теми. На крај краева, љубовта нема дефиниција и е нешто многу лично и субјективно, така да не гледам причина зошто да бидам против овој начин на живот. За жал отворените бракови и полиаморијата уште не се познати како поим тука, сѐ уште имаме правила и шаблони за љубовта, и било што надвор од шаблонот е ужасно и неприфатливо.
Ја разбирам потребата за зачувување на приватноста, но тоа не е исто со изнесување став. Можеш да имаш став за било што, а да не е тоа твоја лична пракса, пример, да застапуваш некое право на ЛГБТ заедницата, а ти да си хетеросексуалец. Македонската жена не знае да се заштити самата себе. Вие не застанувате во одбрана на различности, па дури и на исти на вас, за да не бидете осудени од околината, а околината сте вие. Единствено што можам да заклучам е дека повеќето македонски жени, се спремни ( и го прават тоа секојдневно на своја штета) да се газат себе си и своите мислења, ставови, практики и слободи. Сепак, нема да можам јас, на форум и во некој месец да ве научам за концептот на дебата и човекови права. За тоа треба време и треба многу читање.
Извини ама не ја барај кривицата во жената туку во мажот ти. Него не му било гајле ни за тебе ни за деца. Инаку на темава. Не постои маж кој не би сакал отворен брак. Не за друго да може да си има оправдани излети ( или барем дозвола ако некогаш му се присака ) и да не биде еве он ве изневерува туку така сте се договориле. Само ми е жал што многу мислите дека живеете во затворен брак а мажите ви живеат во отворен ( чест на исклучоци).
Секако. Моето искуство е тоа. Мажите кои сакаат авантури, не се воздржуваат. Жените се ку*ви во Македонија, мажите се 'само мажи', и ова се повторува како валидно оправдување без разлика колку е нелогично и колку штети на еманципацијата на жените во нашето општество... најчесто, од самите жени.
Е да де 2 пати напишав.Смо што женава со мажје цела год се дружеа со нас.Јас го почитував нејзиниот избор за живот а она мојот не.Ме разбра?
Да не била она ќе била друга. Без разлика дали ти била пријателка, ма и родена сестра да ти е, ако него му шетало окото.. она си си нудела, овај ни жена ни деца не го спречило да си легне со неа.
Ама отворен брак е ако и жената и мажот си имаат други надвор од брак и не го кријат тоа. Ако едниот има (пример мажот си има ,,девојка,,) а жената нема никого надвор од брак и иако знае за тоа, тогаш тоа не е отворен брак туку -мажот има швалерка а жената го трпи ради одредени причини.
Не мора да значи. Може едениот само да има вонбрачни врски, а другиот само да се согласи на таква форма на функционирање. Впрочем, не мора и никој да има афери, но договорот да е слобода да се има афера, доколку се роди таква желба, кај едниот, или двајцата партнери. Во суштина е, слободата за имање вонбрачни врски, не нужно, практицирање на истата таа слобода.
Постојат и те како,зошто постојат мажи кои не би сакакле да ја делат сопругата со друг маж. Повеќето не сите им одговара затворен брак со швалерка они да имаат нешто на страна но не и сопругата. Тоа не би можеле да го поднесат.
Всушност секакви постојат... Проблемот е во искреноста меѓу партнерите и взаемно носење информирани одлуки.