Кога сум со еден, другите не ги гледам ко потенцијални. Значи го гасам тој дел од мозокот, дека сакам со друг да одам или да фантазирам. Инаку ако немаш контрола над тој дел од себе, нормално ќе се мачиш цел живот ако не си во отворен брак пошо милиони ќе сретнеш привлечни.
Ок, и ти си од оние кои не би презеле ништо во случај да им се допадне друг. За отворен брак дебатираме, не за затворен.
Се надоврзав на прашањето дали за 50 години нема да те привлече никој друг. Може ќе ти пројде несвесна секундарна мисла, ама дали ќе ти се развие во фантазија и голема желба веќе е свесна одлука.
Не знам дали воопшто некогаш имам пишано на темава, ама знам дека имав став против. Е сега пример кога би бирала помеѓу изневерување и отворен брак, секако дека ќе одберам отворен брак. Со мм сум одлучила да бидам во брак и бракот не го гледам само како од денес до утре, туку како нешто што треба цел живот да трае. Сме разговарале и сум му кажала милион пати и да посака некогаш во животот да има секс со друга подобро е да ми каже отколку да ме прави будала зад грб, истото важи и за мене доколку дојдам некогаш во животот во ситуација да посакам да бидам со друг подобро ми е да разговарам и да му кажам. Како што не сакам да бидам изневерувана и лажена исто не сакам и мм да го изневерувам и правам будала од него. Или како една стара народна: и волкот сит и офците на број. Подобро отворени карти, отколку правење будала.
Па да затоа го кажав ова, во случај да ме изневери, или ми каже дека посака друга, не го гледам тоа како пресудно нешто да заврши бракот, туку да продолжи ама како отворен.
Според мене во поголем дел од случаите не е дека знаат дека партнерот не би прифатил, туку тие самите не се заинтересирани за отворен брак. Сакаат они да е*ат на страна, а партнерот не.
Се сложувам со Сноуфлејк . Бракот не го гледам како нешто што трае од денес до утре , но кога би бирала помеѓу изневерување и отворен брак , секогаш второто . Подобро да знам , отколку да ми набива рогови - подобро да знае , отколку да му набивам рогови .
Опасен оксиморон, а вие уште зборите за тоа. Нема да се мажам ако сакам со други да бидам. Е после разводи, па разводи. Плус болести, па болести. Ова не е нормално и не ми е јасно од каде излезе. Тој што оди со други е изневерувач, не е во отворен или затворен брак. Многу е смешна темава.
Разводи заради отворен брак? Тешко дека многу би влијаела бројката на разводи кај отворените бракови, врз генералната бројка на разводи, ако се земи во предвид дека бројот на отворени бракови е 1%-10%, од вкупниот број на истите. За сексуално преносливи болести, постојат кондоми. Не е 'смешна' темата, туку е нешто што не го знаеш.
Разводи има и затоа што едниот партнер не е сексуално компатибилен со другиот . Што треба , да се разведувам ако маж ми сака секс еднаш месечно а јас еднаш неделно ? А во вакви ситуации доаѓа до неверство ( неретко ) . Зошто да изневерувам или да се разведувам ако по сите други критериуми си одговараме со маж ми , освен сексуалната потреба ? Не бе , отворен брак е подобро решение . Ти всушност правиш физичко неверство , кое за разлика од класичното , е одобрено од страна на партнерот . Ма да е нож со две острици , подобро да знам дека има однос и со други , отколку да не знам и кога ќе дознаам да ме удри гром од ведро небо .
А што е поентата да си во отворен брак? Зошто мораш да си со некој, само за да се однесуваш како слободен стрелец. Страв од осаменост, немање храброст да си го живееш животот по свои желби и интереси?!? Прво, најпрво, најкруцијално, Полово Венерични Болести. Кондомот не е 100% заштита. Мислам, гадно е, ти идеш со други, тој иде со други, после меѓу себе. Премногу телесни течности на едно место. И после еј гонорејава ти ја донесе или јас?!?! Второ, точно дека чувствата не се исти како на почетокот, но стануваат подлабоки, еволуираат, исполнуваат на друг помоќен начин. Па тој е твојот долгогодишен најверен пријател, твојата сенка, твојот психијатар, твојот советник. Сум гледала по други мажи, љубопитно човечко око, но самата помисла да ме допре некој друг, ме лазат морници. Ги сакам неговите раце, неговата прегратка, неговото тело, неговиот мирис, неговиот карактер, НЕГО. Да дојде до ваков момент, сигурно би се разделиле. Штом во бракот доаѓаат трети личности, не е тоа брак. И што е потребата да бидеш со некој ако не те исполнува. Јас сум барем личност што знае што сака, себична, егоист, за своите интереси. Ако сакам секс со друг, ќе го барам, ама да живееме малтене ,,мормонски", не е мој стил, не е мој предизвик. Големо НЕ!!!
Мормонски? Мислиш радикалната фундаменталисти чека религија/секта која е популарна во Америка и која е строго против секс пред брак, сегрегација на половите и нивните улоги, алкохол, итн? И јас сум против живеење мормонски. Дај пред да користите нови зборови што сте ги слушнале научете што значат. Инаку, ти ако не сакаш, на некои не им смета. Имаме различни луѓе со различни вкусови.
Во однос на полигамија, затоа е во наводници и има збор пред него-малтене. Не смеам да изразам мислење?
Полигамијата не е исто со отворен брак, посебно полигамија каква што практикуваат некои од мормонските деноминации. Полигамијата подразбира да си во брак со повеќе луѓе, што не е релевантно кај отворени бракови во Макеоднија бидејќи тоа е нелегално. Во најголем случај не станува збор ни за полиаморија-туку само без обврски или впуштате во емоции. Исто така најчесто подразбира и полова еднаквост-и мажот и жената можат да имаат различни партнери. Не знам која ти беше тангента со мормонизмот.
ОК! Ми ја сфаќаш поентата, немам што да дискутирам, ако не ја сфаќаш и тоа е ок. Темата не е за мормонство. Не ми треба едукација од тебе. Прочитај за наводници, ќе ти се најде. Ајт
И јас ја сакам неговата прегратка, неговите раце, неговото тело, неговиот мирис, неговиот карактер, НЕГО. Замисли Мојш да замислиш нешто толку 'чудно'?
Не знам што е толку страшно да си со еден партнер ,па не сте животни ако имаш нагони контролирај ги . После многу било распространето спб .