@Yowannty јас лично се согласувам со се' тоа, затоа што се чувствувам како тебе. Не, не можам ни да замислам за рака да држи друга, а не полово да општи со друга. Од мене зелена карта за такви излети не би добил, ниту пак јас би побарала. АМА, ако двајца се нашле, сфатиле дека не можат и не сакаат моногамно да живеат, искрени се еден кон друг по тоа прашање, јас не наоѓам простор да им судам. Настрана Вајлд, познавам реални луѓе, свингери, што никогаш не би ни претпоставила дека се. Затоа што во секој друг аспект на живеењето се "нормални" колку и сите останати, работат, деца гледаат, ручеци прават, на одмор одат итн. Само понекогаш имаат "излети". И да не ми кажеле сами, ни јас не би сфатила никогаш. Поентата е, ако тие се среќни со своите избори, јас немам право да им судам. Со кого имаат секс, колку имаат и дали воопшто имаат... нивно е. Само да кажам - 100 пати повеќе ќе почитувам личност, маж или жена, што е искрена. Тејк ит ор лив ит. Побезобразно од тоа кога само едниот е моногамен, и поима нема дека другиот не е баш, не постои.
Бракот би требало да е заедница помеѓу двајца луѓе.Ако почне да се дава меѓусебно право на излети кои вклучуваат други луѓе,тоа веќе нема да биде заедница меѓу двајца, и не гледам никаква поента на склопување и одржување на таков брак. Мислам дека секој кој свесно и по своја желба влегува во брак,не би требало да им дозволи на нагоните да го диригираат.
И тој што не сака може да дојде во ситуација да “те излаже“ што и да подразбираш под лажење. п.с. Не ми давај примери во 2 лице, ти откриваш искуства и одговараш на прашања, јас не сум предмет на дискусија.
Ама нели разјаснивме дека некои склучуваат брак само затоа што имаат поволности од државата? За мене знаеш, сме збореле, моногамна сум па не ни сакам да бидам во брак. Ама за да бидам next of kin на мим, ќе морам. Во случајов овде третиот човек не доаѓа да руча со нив, да спие, да плаќа сметки, да оди на одмор... не е дел од бракот. Дел е од сексуалниот живот, не од целиот живот...
Ти не гледаш поента, ама некој друг гледа. Ако некому му е убаво да живее во отворен брак, кои сме ние да судиме? Бракот е законска заедница, чисто од административни причини. Не е задолжителен, а најчесто е избор на партнерите за да им се олеснат некои законски процедури, ќе ја цитирам @CameliaMiller, да си бидат next of kin. Оти во животот, не дај Боже, се' се случува. Да, точно е дека можеме да ги контролираме нагоните, сепак не сме животни, ама кога читаш ваков пост, се добива впечаток дека тие луѓе секој ден по петпати се плескаат со кого стигнат, а уствари се работи за повремени излети со знаење на партнерот. Ако има целосна искреност меѓу партнерите и ако тие обострано се договорат дека и врската и бракот им се такви, не гледам проблем. Мене не ме засега. Си имаат причини зошто така одбрале, не е мое да судам. Ниту пак да проценувам тука, особено преку форум зошто и како се договориле така, а уште помалку да тврдам дека немало љубов меѓу нив, ако повремено им се дига/се влажнат на некој/а друг/а и си го остваруваат тој нагон. Ако се тие така посреќни, браво за нив. Секогаш повеќе ги ценев оние дечковци (пред мм) што беа искрени од сам старт. Пошто од старт знаеш во што се впушташ. А не сакам кога некој продава ѕвезди дека си единствена, а зад грб жари и пали со рандом девојки.
А што ако има потиснати нагони да го пикне во овца? Океј, да, да, знам, не е исто човек и овца. Ама ко што поназад се правеше муабет, која си ти да го спречуваш? Која си ти да му ја ускратуваш среќата? Да му ги поттиснуваш фантазиите и да му забрануваш да си ги изживее? Ионака за некои друг пенис е исто како и гумено дилдо. И аман веќе, само затоа што велиш дека нешто ти нема поента, не значи дека осудуваш. Осудување е да и' речеш "дали си ти нормална?! ти си луда поради така што живееш! бла, бла бла",
Се осеќам лично нападнато. Ама клупите за лапање се нешто специјално don't you dare touch them!!! ----- Инаку на темава се имам изјаснато, ќе пишам накратко за да не ми е офтопик мислењето. Како некој ќе си организира сопствена врска/ брак е целосно на нив. Дали ќе имаат секс, или не, дали ќе се во отворен брак, или не. Филозофијата на животот ми е дур некој не страда од нашите акции - зошто да се крати слобода на избор на некој друг? Един проблем би било ако има повредена личност во цела ова ситуација ( пр. отворен брак да стани после изневерување, значи еднаш некој е повреден или пак човек со кој се оди да не е во отворен брак и да се повреди туѓ партнер. Секогаш велам дека нормално тој кој изневерва има најголема вина, ама секогаш можиме да напрајме поинаков избор и да сме чисти пред ова „не повредување“ друга личност). Изневерување према мене не е само секс со некој друг туку изневерување на доверба. То можи да вклучи и лажење за ситница. Накратко, лажење, криење, „матење памет“ и слично. Сакам моногамни врски и впрочем сум од оние кои поврзуваат секс со чувства иако то не е случајот кај сите и то е нормално и океј, и ако некој еби некој настрана за мене ќе е изневервање зошто јас вервав дека нема то да се случи. Ама ако некој одличи да е во отворена врска, не е изневервање. Изневервање е нешто друго за кои партнерите нема да се чисти ама за секс надвор од брак/ врска - на чисто се. Изневерувањето не е чинот на ебење надвор од врска/ брак туку лажењето, криењето и мачкањето очи на партнерот шо можи да биди шо било друго. Бодење нож в грб - if you will. Поентата на мојата „филозофија“ е, не се замарам како некој си го живеј животот и дали уз процес можи да му штети само него се дур не штети на некоја друга личност. Зошто не можи да сакам само јас да имам слобода да изберам за себе и секој да мора да е како мене. Просто не е фер.
Да речеме дека он ти рече дека да. Дека чувствува дека овцата се согласува. Или ете, не мора да биде животно, замисли си ти било какви фантазии. Сега малце е офтопик муабетов, ама ме заинтересира дали фантазиите се оправдание за било какво дејствување? За да не му ускратиш некому среќа? Како и да е, битно е двајцата да се среќни. Нивен живот за живеење.
@Gloriana Не сум била на селска чешма во животов, ама ако оваа книга ти обликувала мајнд сет ондак најдругарски, треба да ја запалиш, со речникот заедно. Книгата е една од пошовинистичките што ги имам прочитано и авторот слободно пи ејџ ди то може да си го фрли. Пред некое време ми е читано го имаш сега на нет во пдф, не е книга. Авторите не се сложни со се меѓусебно дискутираат различни перспективи и истите се експериментирани. Through a looking glass darkly? When self doubts turn into relationship insecurities. https://www.academia.edu/14464298/T...lf_doubts_turn_into_relationship_insecurities Генерално се работи за однесувањето на паровите во врската. Поконкретно некои простуваат афера оти се чувствуваат комфорно во врската/бракот од Х причини, а авторите велат можеби и не простиле воопшто. Еве ти нешто за читање што не е површно од типот - ако сакаш да е среќен пушти го, па ако ти се врати твој е засекогаш, оти човекот е цел комплексен спектар од емоции и одлуките што ги носи не можат да бидат црно/бело. Се си има своја позадина. @CameliaMiller јас истото скроз го пишувам. Значи скроз. Такви луѓе постојат и тоа е факт. И дека се сакаат на некој начин верувам. Со тоа што не верувам дека е љубов како твојата и мојата, ако партнерите се плескаат со други. За мене тоа е продавање ветер и магла.
Овцата настрана (како сте само креативни побогу), не реков дека некој осудува, поставив прашање, што се случува со потиснати нагони? Особено кога некој го доживува сексот како чиста физика, без емоции.
Еден куп луѓе што стапиле во брак само заради непланирана трудноќа, или зашто биле х години во врска па тоа е следниот логичен чекор нели, или зашто веќе им дошле годините па сите им вршат притисок, куп бракови кои опстојуваат само поради заеднички кредити и/или фактот што едната страна нема кај да оди, искомбинирано со стравот од стигматизација од страна на околината посебно во мали средини...а тука некои се запнале со светоста на бракот и како Wild го сквернавела истиот...абе ајде.
Отворен брак- постои и некои уживаат во тоа. Затворен брак-се трудат да постои и некои се уверени дека целосно е затворен. Пред се, не ми се допаѓа настапот на некои членки.. одма судат на тоа што е поразлично од нив. Одма тие другите се примитивни, нестабилни, лабилни... а уствари преку тоа ко да го искажуваат стравот маж им да не налета на некоја што не размислува ко нив Типичен пример, или повеќе примери ќе дадам. Затворен брак, мажот на симпозиум се драпа со асистентката како напален тинејџер заглавен у лифт. Два дена подоцна жена му ти кажува колку тој е пример за искрен и верен маж и како не замара за секојдневен секс ко остали напалени мажи пробај да не се изнасмееш. Друг пример. И тоа многу близок ми е. Богат чоек. Жена му свесна дека шврља .Дома му се јавува тинејџерка шо се вели, ќе му расипуе брак .Госпожа ладнокрвно- душичке, мм како тебе има еден куп, не си ништо повеќе од нив. Ај не замарај сеа. Не ви звучи таа првата примитивно!? Мене да. Просто и примитивно.Зошто толку е ќора и сигурно и по форуми вака збори ко одредени персони шо од очај шо од страв маш и со која е сеа.... А вторава е класа бре за неа. Зашо? Зашо не е очај. Зашо знае која е. И точно знае со кој си легнува навечер. Е сеа исходот. Првата има поголеми шанси да остане без маж од втората. Зашто првиот маж е гушен, дотепуен, осакатуен и сигурно и со страв моча дома. А вториот...тој за жива глава не би си ја оставил жената.... А дека бар еднаш у живот ќе отиде со друга ...тоа сигурно. Мислам...да не се лажеме сеа де
Не може он да чувствува. Кога овцата каже "да", тогаш може да пристапи да ја ебе. Додека не каже - нема што да бара со овцата Кому ускратува среќа ако сите се среќни и задоволни?
Ја не би во отворен брак, кај едвај сеа си најдов партнер, тешко мене швалери ако треба да бркам Како е со мене и зошто уште не ми е јасно, ама тоа не е тема на муабет Се шалам, ама навистина индивидуално и засебно си е секој како си се осеќа да си договори заедница со партнерот. Како човек кој беше изневерен, искрено многу ме утепа и повреди тоа. Ми зададе психичка болка од која многу, многу ми беше тешко да се вратам. Имав периоди на rebounds, на емотивно мртвило и на рани кои зараснаа со лузни кои веројатно нема никогаш да ги снема. Затоа со сегашниов партнер сме на договор дека ако почне да осеќа нешто према некој друг човек да ми каже. Како ќе се справиме со тоа, што ќе се случи следно, ама најмалце што би сакала е пак да ми се случуваат работи зад грб за кои јас не знам. Човековата психологија е чудна и извртена и никогаш не би можела да прогнозирам што ќе се случи во иднина. Ама знам дека отворен брак не би сакала, едноставно не сум таков тип на човек и тоа е тоа. Ако во иднина дојде таква ситуација да почне да чувствува потреба да е со друга, би сакала да седнеме и да најдеме решение, без разлика со каков исход. Е сеа како човек кој си има неколку бивши и имал животно искуство со луѓе, дефинитивно е правило дека колку луѓе има толку карактери има исто. За некои ова функционира и јас немам ништо лично против тоа. Се дури се и двајцата партнери среќни и задоволни, тоа е најбитно. Секогаш кога еден или двајцата патат, мора да се менуваат работи од корен.
Шо е муабетот со овцата ...? Не можиш да почувствуваш дека овцата се согласува ако јасно не кажи да или не. Моментот на согласност за секс е многу, многу важен и то можат да го напрат само возрасни индивидуи. И сте пишале шо се случва ако не се удоволи на нагон. Нешто шо ми е омилено - фрустрации. Фрустрации се случват. Ама има кога е подобро да стигни до фрустрација и контрола на нагон, а кога не мора и се удоволва некој да си прај ќеф. Кога не се дозволва да се „дејствува“ на нагон е кога има жртва ( дете, животно, силувана личност или едноставно кога се нема согласност за тој сексуален чин). Кога се дозволува да се „дејствува“ на нагон е кога нема жртва ( секс со кој сакаш, со колку луѓе сакаш, од кој пол сакаш или едноставно кога се има согласност за тој сексуален чин од личност која можи да дај согласност).
Ќе му ускратиш на партнерот ако ти рече дека фантазија му е со Петкана од 2ри да се изебе. Ај нема везе, ја баталувам темава. Во најмала рака испадна дека сите изневеруваат, а ако не знаеш дека изневерува, ти си во заблуда и џабе го фалиш сопругот или сопругата дека е верен и најбољи.