Ти што не кажа порано за бугарскиот? Со потекло па чекаат со години, а камоли без потекло. Ех да беше така лесно. Секој се мажи / не се мажи затоа што така сака.
Лесно е, треба снопче евриња и канали. Пасошот сам ќе си дојде. Ако ти кажам дека има и брза постапка за уште едно снопче евриња, нема да ми веруваш. А дека секој се мажи/жени затоа што така сака, не би рекла. Според ова што го читам, излегува дека биле приморани од X причини.
Тајна отровна е, да биле од јавен карактер и да сакаат да бидат споделени, ќе сте ги знаеле до сега. Ама ако си цврсто решена и целиш кон патот на успехот, ќе ги најдеш сама.
Е добро ти пиши ми во лп и јас нема да им кажам како сум ги нашла, секако не те знам форум е, за нив цела сума, за тебе уште пола, јас ЕУ пасош и сите среќни.
Не коментирам понатаму за таа тема. Пред се сум оф топик, а друго не сум обврзана да споделувам информации на форум. Но, еве ти давам кураж, дека постои и шанса да живееш во странство без еу пасош. Доволно ти е да добиеш покана од работодавец и да постои негова желба да ти среди за документи. А може и сама да трчкаш за истите. Јас имав таква понуда со МК пасош, но сплет на околности, останав тука. Скоро цела моја околина е преселена низ цела Европа, со МК пасош. Повторно, со упорност, желба и истрајност. Не се алергични европјаните на нашиот пасош, кој не сака да прими квалитет во својата фирма.
Ти благодарам за дадената литература за читање, инаку не се согласувам дека е површна книгата. Пишав веќе претходно можеби не е совршена, ама има многу поучни работи од невробиолошка основа напишана од медицински аспект на стручно лице. А дали некој да си го фрла или не степенот на едукација кои многу померодавни од нас му го дале не е наше да се дискутира, тоа ме е ниво на таа чешмата што ја спомна погоре. Јас за тоа ако сакам да е среќен сметам дека треба и тој да размислува ако сакам и јас да сум среќна, ама убаво си пишала се не е црно/бело и секој си има позадина, тоа е факт.
За ако решам да не работам, туку да бидам домаќинка, да можам да го користам неговото осигурување. За ако сум во кома, тој да носи одлуки за мене. За ако умрам, тој да ми биде наследник. Итн. Безброј привилегии, кои вака невенчани не ги добиваме.
Честитки за искреноста. Само не знам што ти менува ако си во кома, многу ќе знаеш што се случува со околината. И не верувам дека ќе мислиш на одлуки, бидејќи и онака ќе немаш некоја мозочна реакција.
Се извинувам за офф топик. Ја имам сретнувано често книгава, ама никогаш не ме натерала да ја прочитам. Сега со мислењава ме заинтересира па почнав да го читам воведот. Шокантно ми е стручно лице да тврди дека има разлики помеѓу мажите и жените во однос на чувствување емоции. Емоциите се исти кај секој човек. Разликата е како ги процесираме и искажуваме. Но тоа е индивидуално, а не базирано на пол. Да ја прочитам книгата, може ќе откријам дека всушност сум маж. Какви генерализации. И така тргнав да читам, ама ова ми беше крај: Значи мажите си тераат ќефот само затоа што се мажи, а жените секако треба да го трпат тоа и разберат за да го зачуваат покрај нив. Не мислиш дека е сексистичка? Он топик: Дали јас би можела да бидам во отворен брак? Не. Дали ми смета некој друг да е во отворен брак? Исто не. Одделување на секс од емоции е. Задоволување на нагонот. Наместо да се борат против него, се препуштаат со дозвола од партнерот.
Прочитај ја докрај, доловија и доживеј ја поголемата слика и тебе исто ќе ти пишам како на членката погоре па ќе дискутираме за се што сакате во врска со книгава. Ама дочитајте ја до крај. Многу сакаме како луѓе да носиме избрзани одлуки и заклучоци на мали одломки од целината, не знам до што е дали до брзиов начин на живот или до нас самите дали сме потемелни или поповршни, навистина ми е чудно.
Тоа точно, но кој потпишува ако не си во брак? Пак не ти треба сопруг за тоа. Сакаш да кажеш дека не можам да се оперирам ако не сум мажена.
Првата книга што ја имам на германски и никогаш не ја прочитав Фала за резимето, да знам да не ми е криво Јас сум сигурно маж според таа дефиницијата, како беше, биле муди и незнам какви Добро, од кој век е книгата? Ме потсеќа малце на тие инструкциите за добра сопруга од 1938
Ми менува ако треба да донесе некој одлука, да ме исклучат од апарати, или да ми прават некоја процедура, тој што ќе носи одлука да биде баш мојот избраник, како next of kin, ако не сме во брак, тоа е мајка ми, татко ми, сестра ми итн. Всушност, во кома има мозочна реакција, не сме brain dead, ама тоа нема врска со темава. Ти објаснив зошто ми треба брак, а тоа нема врска со љубов. Љубовта си ја најдов без воопшто да посакувам брак.
О Господе. Ако нема никој, одлучува доктор. Ама ако се тука дечко ти и мајка ти, мајка ти ќе ја прашаат. Е сега, ти со дечкото си се договорила дека сакаш да даруваш органи, мајка ти е против. И пошто не си во брак, ќе се почитува одлуката на мајка ти, не на дечко ти, што е впрочем твоја желба нели. Исто и наследство, дечко ти не ти е наследник, туку цело крвно сродство освен него, ама маж ти ти е прв наследник. Да сакаш да не работиш, не можеш да користиш здравствено на дечкото, ама на мажот можеш.
Еве го, го најдов, упатство за добра сопруга https://www.crnobelo.com/zabava/hum...prirachnik-od-1955-godina-za-dobra-domakjinka
Но сепак постоела љубов пред се. И било предуслов за да одлучиш со кој ќе стапиш во брак. Не било чисто себична причина. И не било било кој. Не е срамота да споделиш дека го љубиш сопругот, баш напротив, сакам да читам љубовни стории. Некој се восхитува на сексуални односи со трети особи, некој си сака да чита бајки и да верува во принцот на бел коњ и е пресреќен кога има се повеќе такви хепи стории.
Баш таква делува. Мажот стабилен логичар, жената емотивно нестабилна. Не ми се троши време искрено. А и застанав, навистина органски не можев да го сварам тоа. Самиот наслов укажува дека мажите и жените се различни. Што јас никако не можам да се согласам. Прво е чиста генерализација дека секој маж е ист и дека секоја жена е иста. Тој тргнува од тоа, значи му е почетна точка. Врз тоа тврдење објаснува како да се однесува еден пар (маж и жена, строго) за да ги решат проблемите. Нема поента да читам кога во стартната точка не се согласувам.