Камелија,ти збориш за практични причини за моногамен брак. Според истите практични причини,некој може да плати и да се жени ,нели,како албанките што се мажат. Или овие што плаќаат во странство. За некого е тоа во ред ,не знам. За некого бракот е фрлање непотребни пари и луксуз. Јас не зборев за тоа. Јас зборев за плукање на моногамијата,да ја плукаш и да влезеш во моногамен брак за да се криеш зад него е најблаго речено лицемерие. Друг термин нема. @Dentina Што е проблемот со Балканот,не го сфаќам аргументов. На запад бракот е брак каде се подразбира дека се практицираат паралелни излети,а ние прост народ тука не сме дојдени до тој степен сеуште?
А можи да ги разведиш комшиите, оти не ти се бендисва каков им е бракот? Или 'уште поарно', скроз да им забраниш да стапат во брак? То е круцијално прашање во темава....
Ама никаде не пишува дека бракот треба да е моногамен. Не можеш паралелен брак да склопиш со трето лице, ама со кој се ебаш, ниту ја интересира државата, ниту треба да ја интересира.
И во дел од земјите во Европа не се земаат прво живеат заедно си прават деца се најнормално без да стапат во брак зошто знаат од денес за утре да го напуштат домот и да бидат со трета личност
Па и ако не знаеш дека брачниот партнер е глув го познаваш ли воопшто твојот брачен другар Па веројатно има разлика од развод до поништување.
Добро прашање... Во каков случај, не би знаеле дека партнерот е глув? Единствено ако никогаш претходно не си го сретнал. Има уште вакви договорни бракови?
Чекај, сериозно мажот можи да се разведи од жената ако не можи да има деца и не се ни помислува дека проблем можи да има мажот? Леле туѓ срам ме изеде. :о
Каде пишува дека луѓето што се во брак треба да се моногамни? Еве читав, не најдов. Третиот човек не е уживател на придобивките од бракот, не можат и него да го стават во семејното здравствено, не наследува пензија, нема право на издршка итн. Значи не зборуваме за полигамен брак, туку за луѓе во брак кои имаат секс со други луѓе надвор од бракот, и тоа е активност што и на двајцата што се во брак им одговара. Немаат желба трет партнер во бракот да имаат како полноправен член, доброволно имаат секс со него. Сексот НЕ Е законски уреден се' додека е доброволен, кој со кого сака може да се секса, додека се учесниците полнолетни и согласни. Едит: пак не се разбираме. Имање секс со луѓе надвор од бракот, се' додека е договор меѓу двајцава, како е плукање, еве не разбирам. Ако зборуваме за црковен брак пример, вашиве аргументи и би имале сила, но цивилен?
Кога си во брак и кога ви е договорено океј ама утре не дај боже да стигнете до развод и те како ќе го интересира судот кој како и зошто изневерил и закони и подзакони ќе искочат да не можеш да се почудиш само добар адвокат да имаш али да не стигнеме до таму. За сексање можеш и надвор од брак не мора да си во брак секако можеш да си со тој што сакаш. Во ред е вие сте си го одбрале начинот на живеење ви одговара така тоа си е ваше Се може да се измисли и да се докаже и тоа со лекрски прегледи пред брак се зависи кој со каква намера стапува во брак (мислам на тоа еј проба некој месец ако не бива ќе се правам глув дека сум бил) и пак добар адвокат се ќе ти овозможи
Еве јас живеам заедно, 13 години и кусур сме заедно, и може ќе си направам дете, и? Што мака имаш со тоа?
Не ми е јасен еден дел во врска со темава. Зошто е лична и присвоена? Кога некој ќе даде спротивно мислење, во однос на своите гледишта, веднаш се контрира неговото мислење колку е само погрешно. Она што сакам да кажам и прашам е, дали може слободно некој да се изрази што мисли за идејата на отворен брак, без притоа да се однесува тоа на Вајлд? Јас чисто се сомневам дека креаторот на темава (не темата на фемина, општо) е Вајлд, па да се навреди од нечиво мислење. Постоеле и ќе постојат, што не значи дека ЈАС лично морам да застанам зад таа идеологија и да ја прифатам како нормален дел од брачното секојдневие. Секогаш ќе има две лица, за и против, разликата е што некој не се навредува од својот моногамен живот, но некој се навредува мислењата за спротивниот живот. Јас не се идентификувам и не ја градам својата личност само поради едно гледиште и истото треба да се однесува за сите засегнати личности. Ако идејата е ненормална според некои, не значи дека некој треба да се почуствува како таков само поради личен избор. Се говори за тема, не за личности. Кога таа граница ќе има јасно дефинирани црти, ќе има квалитетна дискусија.
Во ред е тоа кој со кого сака си се секса што ако едниот од нив ете во отворен брак посветува внимание на трето лице а не на партнерот а му се сака на партнерот како би функционирало тоа? И што доколку еден од партнерите "несакајќи" забремени што понатака дали се останува во бракот или се рзведуваат луѓето? Чисто ме интересира за да можам да го протолкувам ова.
Се говори за личности, ако им речеш дека се ненормални, аморални, не знаат што е љубов, итн. Многу од нас не сме и не сакаме да бидеме во отворен брак, тоа не не' прави подобри или понормални или поморални од оние кои се во таков.
Договор куќа гради. Можат да се разведат, да абортираат, да родат без брак... што сакаат можат. Договор.
Не ти го разбрав ставот...муабетот е дека тоа е нормално ти ако сакаш и цел фудбалски тим направи ми е гајле