Абе оди изд@!?се во изнајмена соба, кола, позади грмушка, в канцеларија скришно, другиот ден никому ништо ко што прави нормален свет….. кој верува во вакви срања отворен брак
Ако некои вака може да функционираат, супер. Немам ништо против. Јас лично не би можела. Пример ако сегашниот не ми удоволува на некој начин јас ќе завршам со него. Не би можела да имам секс со друг а да бидам во официјална врска со друг, а не па брак. Од самата помисла на тоа ми е чудно. Не би можела такво нешто.
Последица од расправии во темава? Читав доста од темава, и еден ден (кога нема да ме мрзи ) ќе напишам подолго мислење да сумирам се' што мислам. Ова го напишав онака дека ми текна одеднаш, и ми праи смисла бидејќи во главно то е то.
90% се отворени бракови, ама забораваат да кажат на партнерот. Шала на страна, ко воли нек изволи. Секој си знае што му одговара.
Јас не сум баш сигурна каков став имам на темава. Знам за еден пар кој има отворен брак, и супер функционираат. Јас 1000 прашања поставив на жената од љубопитност и сфатив дека треба партнерите да сакаат, да се отворени да разговараат за тоа, да расчистат емоции со секс и да остане почитта. Јас еднаш зборував со мм ако ни здосади сексот после години дали би сакал отворен брак, беше категоричен дека ќе сака развод а не отворен брак.
„...И ДА ОСТАНЕ ПОЧИТТА“????!!! Како бе почитта, чим имаш отворен брак нема тука многу што да се зборува за почит, или во брак сме ради мама, тато а ваму се ебаваме со кој стигнеме, шо е тук почитта не разбирам, не си кажуваат со кој биле или што???
Покроце со буквите и извичниците. Ако на некого му функционира, не сфаќам што има ние да се чудиме. Кој како сака нека го жиивее животот. Тоа е договор, ако ти не можеш да живееш со таков договор, ете некој можел.
Да не мешаме баби и жаби, мојот став е дека ако си отворен брак нема почит, ако твојот е став е спротивен од мојот, прескокни го моето мислење и не се труди да ме убедуваш во спротивно. Те цитирав тебе рандом, можеше да биде било кој друг.